Ландо Норис на Пол позицијата и Макс Ферстапен на втората позиција. Двајца возачи кои се борат за шампионската титула во Формула 1 ќе го заземат првиот стартен ред на трката за Големата Награда на Холандија.
Нив на победничкиот подиум ги придружуваше Оскар Пјастри, кој денеска не успеа во вториот обид во Q3 и мораше да се задоволи со третатата позиција, а покрај него ќе стартува Џорџ Расел со болидот на Мерцедес АМГ.
Од сребрените стрели се очекуваше многу повеќе, со оглед на добрите настапи на тренинг сесиите. Но, за разлика од другите викенди, тренинзите беа апсолутно бурни и во голема мера ја условуваа подготвителната работа на тимовите.
Првиот и третиот тренинг минаа на влажна патека, а само вториот тренинг беше на сув асфалт, но условите беа поладни отколку во квалификациите.
Денешниот тренинг помина со малку акција, бидејќи Логан Сарџент го уништи својот Вилијамс и предизвика црвено знаме кое траеше повеќе од 40 минути. На крајот, Американецот не можеше да учествува во квалификациите бидејќи неговите механичари не можеа да ги завршат сите потребни поправки навреме.
Тешко е да се престигне на тесната и кривулеста патека Зандворт, па квалификациите се од посебна важност, на кои честопати врне дожд и речиси секогаш е ветровито на брегот на Северното Море.
До почетокот на Q1 сесијата, на задоволство на публиката, излезе сонце, асфалтот конечно се исуши и возачите ја започнаа битката на црвените гуми. Ферстапен го пропушти првото излегување на патеката поради недостиг на нов сет на црвени гуми.
Дождот го изми слојот од искористена гума, немаше доволно грип, но постепено патеката станаше се побрза побрза.
Во првите обиди Хамилтон го имаше најбрзото време, но и незгодно попречување на Серџо Перез во брз круг. Стјуардите го разгледуваат овој инцидент по квалификациите.
При вторите обиди токму Мексиканецот во Ред Бул го имаше најбрзото време, но на сметка но искористен нов сет од црвените гуми. Од понатамошната борба отпаднаа Рикиардо, Окон, Ботас, Џоу и Сарџент, чии механичари не успеаа да го поправат неговиот болид.
Во Q2 сесија небото стана облачно и температурата на патеката почна да опаѓа, но беше суво. Во првиот обид Ландо Норис го забележа најбрзото време, во вториот немаше потреба да излегува.
Карлос Саинц Јр., Луис Хамилтон, Јуки Цунода, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен не се пласираа во финалето. Шпанецот и Британецот на П11, т.е. П12 не се снајдоа најдобро на ветровитата патека и ветерот кој ги "туркаше" возачите надвор од прв свиок.
Во Q3 сесијата, Макс Ферстапен беше првиот возач што излезе на патеката, под сè уште облачно небо, но без присуство на дожд што ја загрозуваше областа околу местото на одржување од Q2.
Холанѓанецот постави време кое беше три стотинки побавно од тоа на Оскар Пјастри и една десетинка од најбрзото време на Ландо Норис. Џорџ Расел, кој беше конкурентен во претходните сегменти беше на П4, но со огромни четири десетинки заостанување.
Ленс Строл, Фернандо Алонсо, Серџо Перез и Алекс Албон не излегоа на патеката додека не преостанаа шест минути до крајот, за да го искористат максимумот од единствениот сет на црвени гуми што ги имаа на располагање.
Меѓу кандидатите за пол позицијата, Ферстапен прв ја отвори втората серија на брзи кругови, следуваше Норис, додека Пјастри требаше да мине последен низ целната линија.
Ферстапен имаше извонреден втор сектор што му овозможи да го забележи најбрзото време, половина стотинка побрзо од тоа на Норис.
Но, додека публиката во Зандворт сè уште реагираше на времето на Ферстапен, Норис забележа три десетинки побрзо време за обезбедување на неговата 4-та Пол позиција во кариерата.
Оскар Пјастри не успеа во последниот брз круг и ја освои третата позиција со заостанување од 0.499 делови од секундата.
До него од вториот ред ќе стартува Џорџ Расел, на третиот се квалификуваа Серџо Перез и Чарлс Леклер.
Расел беше помалку од една десетинка од Австралиецот со четвртото, додека Перез ја заврши сесијата со петтото најбрзо време.
Чарлс Леклер беше шести со болидот на Ферари, додека Алонсо, Албон, Строл и Гасли го комплетираа Топ 10 поредокот.
По квалификациите за Големата награда на Холандија, беше извршен технички преглед на болидот на Алекс Албон. Инспекцијата утврди дека долниот дел од каросеријата на FW46 не ги исполнува барањата наведени во член 3.5.1. (а) од Техничките прописи.
Информациите за ова им се пренесени на стјуардите. Алекс Албон се квалификуваше осми, но стјуардите го дисквалификуваа од денешните резултати забележани на квалификациската сесија.
Тимот ќе може да го замени подот на болидот на Албон со оној што е во согласност со прописите, прекршувајќи го режимот на затворен паркинг. Тајланѓанецот ќе може да учествува на трката, но ќе стартува од боксот.
Вториот возач на Вилијамс, Логан Сарџент, имаше сериозен инцидент на саботниот тренинг. Оштетувањето на FW46 беше толку сериозно што механичарите на тимот немаа време да го поправат до почетокот на квалификациите, па американецот ги пропушти квалификаците.
Тимот побара дозвола од стјуардите и тие му дозволија на Логан да ја започне неделната трка во Зандворт врз основа на неговите перформанси од тренинг сесиите.
По разгледување на инцидентот меѓу Хамилтон и Перез за време на квалификациите, стјуардите на Холандското ГП го казнија британецот со губење на три старни места на гридот за утрешната трка.
Перез мораше да забави во брз круг кога бавниот болид на Хамилтон се најде на неговата тркачка линија. По сесијата, Серџо изјави дека инцидентот го принудил да користи дополнителен комплет гуми.
НОРИС ГО ПОБЕДИ МАКС НА НЕГОВ ДОМАШЕН ТЕРЕН
8/24/2024 02:39:00 PM
0
Share to other apps