Големата Награда на Холандија пред три години се врати во Ф1 календарот и се одвива на историската патека Зандворт. Долгата пауза, која започна во 1985 година, траеше до 2021 година, а кам-бекот е по заслуга на големата армија на фанови на Макс Ферстапен.
Зандворт е патека богата со историја, традиционално место за европската турнеја на трки, место каде што беа напишани престижни страници во историјата на нашиот омилен мотоспорт.
Оригиналната патека можеби ја нема, но наследството живее во новата конфигурација, кој вклучува многу од оригиналните свиоци, вклучувајќи го и фантастично именуваниот Тарзан свиок, кој што обезбедува една од најспектакуларните места за претекнување.
Минатата година немаше интриги по летната пауза. Речиси сите ја завршија сезоната на истите позиции што ги имаа пред Зандворт, со неколку исклучоци, вклучително и кам-бекот на Мекларен, но тоа не се однесуваше на борбата за шампионските титули.
Ред Бул го освои шампионатот за конструктори пред предвиденото на четвртата трка по паузата во Јапонија, а Макс ја освои титулата во Катар на петтата.
Во 2024 година прописите останаа речиси непроменети, како и составот на тимовите, но ситуацијата се покажа сосема поинаква.
Некој направи чекор назад, други прават чекор напред. Кога тоа се случува без очигледна причина, се појавуваат "теории на заговор", понекогаш изградени на внатрешни информации што не можат да се искажат освен во форма на гласини, а понекогаш без никаков кредибилитет.
Секој треба сам да одлучи дали ќе им верува на овие гласини или не. Дискутирајќи за време на летната пауза за неочекуваниот пад на Ред Бул, се појавија шпекулации за дизајнот на сопирачките на РБ20, кој вклучувал систем кој овозможува создавање асиметрични сили на сопирање на различни тркала.
Но, и тимот и ФИА го негираа ова, а губењето на предноста се случи пред оваа забрана. Очигледно, тоа не е случај и гласините беа тотално неосновани.
Одлично е што крајот на сезоната ќе биде интересен, особено во борбата за шампионатот во конструктори. Последен пат Мекларен беше победник во овој шампионат во далечната 1998 година, со помош на Мика Хакинен и Дејвид Култхард.
Следните две недели би можеле многу да сменат. Трките во Зандворт и Монца ќе се одржуваат на сосема различни патеки, во различни услови, кои би можеле да ја свртат вагата во една или друга насока. Ќе биде интересно!
Патеката Зандворт се издвојува како една од најнеобичните во Ф1 календарот, со брз, течен распоред и чувство на "старата школа". Имаме вистинска мешавина на брзи свиоци, што ќе ги стави на тест многу аспекти на перформансите на болидот и обезбедува вистински предизвик за возачите.
Зандворт нуди вистинко ролеркостер искуство за возачите, со нагорнините и удолнините помеѓу песочните дини. Еден од највпечатливите елементи на патеката се супер-брзите свиоци 13 и 14, а нагибот од 18 степени ќе додаде значително оптоварување на гумите преку овој дел, што ќе влијае на издржливоста и траењето на гумите.
Климатски, времето во Зандворт може да биде доста променливо, што може да предизвика некои потенцијални проблеми со гумите, како што се грејнинг или блистеринг. Па, со оглед на завршниот свиок, и останатите брзи свиоци, не е изненадувачки што Пирели ги избра најтврдите смеши во нивниот опсег.
Како најбрза опција за поминување на 72 круга од Големата Награда на Холандија, барем на хартија, е со едно застанувања во бокс за промена на пневматиците, но тоа не ја исклучува опцијата со две застанувања.
Ако некој од тимовите се реши за два пит-стопа, најдобро е трката да се започне на црвените гуми. Потоа може да следуваат два стинта на жолтите, доколку се достапни во рамките на распределбата на секој возачот, или еден стинт на жолти, па повторно на црвените што треба да биде избор на сите останати возачи кои имаат само еден нов сет на жолти гуми.
Стратегијата со едно застанување во бокс како најдобра опција е старт на црвените гуми, па бели или жолти за тимовите кои се сигурни дека менаџирањето на пневматиците ќе биде задоволително.
Старт на белите гуми дава други можности, за возачите кои стартуваат подолу на гридот, кои ќе сакаат да останат што подолго на патеката, како би ја искористиле секоја укажана можност како што на пример е излегување на безбедносното возило.
Ова е патека од т.н. стара школа со мали безбедносни зони за излетување, а досегашната акција сугерира дека е голема веројатноста за излегување на безбедносниот автомобил, а тоа ќе значи гратис пит-стоп.
Ограничувањето на брзината во боксот, 60 км/ч, е пониско отколку на повеќето други патеки, што значи дека е потребно малку подолго за да се помине пит-линијата.
Марио Изола, Пирели: "Се изгледаше многу блиско за време на две тренинг сесии и првите два дела од квалификациите, но потоа во Q3, Норис направи чекор напред што ја стави пол позицијата надвор од дофатот на неговите конкуренти, со фантастичен круг: 356 илјадитинки е многу значајна предност на патека долга само нешто повеќе од четири километри!"
"Јасно е дека поради лошите временски услови и различните прекини, подготовката за тимовите и возачите беше далеку од оптимална за сесијата што одлучуваше за стартниот редослед."
"Во тие 60 минути, беше јасно дека црвените гуми нудат врвни перформанси во првиот брз круг и така, употребата на нов сет од нив значеше значително подобрување на времињата, веројатно дури и повеќе од она што го нуди еволуцијата на патеката."
"Што се однесува до можните сценарија за денешната трка, релативно малкуте податоци собрани во текот на трите тренинг сесии, сепак ги потврдија резултатите од симулациите пред настанот."
"На хартија, стратегијата со едно застанување во бокс е најбрза, при што комбинацијата C3/C1 се претпочита во однос на C2/C3. Во првиот случај пит-стоп прозорецот може да биде помеѓу 24 и 30 круга, додека за вториот треба да се отвори четири круга подоцна и затвори во 34-от круг."
Возачите ќе го започнат загревачкиот круг во 15:00 часот, за кога се очекуваат температури околу 18 степени, силен југо-западен ветер и 10% можност за дожд.
По квалификациите за Големата награда на Холандија, беше извршен технички преглед на болидот на Алекс Албон. Инспекцијата утврди дека долниот дел од каросеријата на FW46 не ги исполнува барањата наведени во член 3.5.1. (а) од Техничките прописи.
Информациите за ова им се пренесени на стјуардите. Алекс Албон се квалификуваше осми, но стјуардите го дисквалификуваа од денешните резултати забележани на квалификациската сесија.
Тимот ќе може да го замени подот на болидот на Албон со оној што е во согласност со прописите, прекршувајќи го режимот на затворен паркинг. Тајланѓанецот ќе може да учествува на трката, но ќе стартува од боксот.
Вториот возач на Вилијамс, Логан Сарџент, имаше сериозен инцидент на саботниот тренинг. Оштетувањето на FW46 беше толку сериозно што механичарите на тимот немаа време да го поправат до почетокот на квалификациите, па американецот ги пропушти квалификаците.
Тимот побара дозвола од стјуардите и тие му дозволија на Логан да ја започне неделната трка во Зандворт врз основа на неговите перформанси од тренинг сесиите.
По разгледување на инцидентот меѓу Хамилтон и Перез за време на квалификациите, стјуардите на Холандското ГП го казнија британецот со губење на три старни места на гридот за утрешната трка.
Перез мораше да забави во брз круг кога бавниот болид на Хамилтон се најде на неговата тркачка линија. По сесијата, Серџо изјави дека инцидентот го принудил да користи дополнителен комплет гуми.
По квалификациите за Големата Награда на Холандија, тимот на Хас замени елементи на Ферари ПЕ на болидот на Кевин Магнусен.
Данецот доби нов акумулатор за складирање енергија (трет од два дозволени) и контролна електроника (трета од две дозволени).
За да го направат тоа, механичарите на тимот мораа да го прекршат режимот на затворен паркинг, па Магнусен како казна ќе стартува од пит-линијата.
Во квалификациите, Кевин го забележа 15-тото време, а откако Алекс Албон беше дисквалификуван и по казната на Луис Хамилтон, тој ќе стартуваше од П13.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА ХОЛАНДСКОТО ГРАН ПРИ
8/25/2024 10:20:00 AM
0
Share to other apps