Сериозниот инцидент на Логан Сарџент на саботниот тренинг можеби беше последната капка што ја прели чашата за американецот, со тоа што тимот на Вилијамс размислува да го замени веќе од следната трка во Монца и до крајот на сезоната.
Овие гласини се појавија од страна на германските медиуми, кои го ставаат Мик Шумахер во прв план, но колку може да им се верува? Џејмс Воулс потврди дека било побарано мислење од Ред Бул за Лиам Лосон.
Но, поради блиските врски во Мерцедес АМГ не е ли подобро да се "испроба" Кими Антонели, кој е 99% сигурен како тимски колега на Џорџ Расел. Сепак, одлуката нема да биде донесена со "жешка глава" како што коментираат од Вилијамс.
Логан Сарџент удри во заштитните бариери покрај 4-от свиок со 200 км/ч, откако со десните тркала помина низ тревата на излезот од Hugenholtz шиканата и се уште ја држеше ногата на гасот. Вилијамс FW45 беше целосно уништен од ударот. Велат дека само шасијата остана недопрена.
Разочарувањето поради третото тешко излетување на Американецот во оваа сезона беше испишано на сите лица на механичарите на Вилијамс, што го потврди и тимскиот шеф, Џејмс Воулс.
"Сто луѓе работеа на нашите најголеми надградби досега со недели за да имаме два болиди со нови делови. И тогаш сè беше уништено во секунда. Тоа беше непотребна несреќа. На третиот тренинг врнеше дожд и немаше потреба да се ризикува."
Болидот на Вилијамс беше толку многу оштетен што не можеше да се подготви за квалификациите. Денес, Логан Сарџент најверојатно ќе треба да стартува од задниот дел на гридот со болид со старата спецификација. Ова може да биде последна трка за Американецот.
По несреќата, се зголемија гласините дека тој ќе биде заменет во Монца за Големата Награда на Италија.
"Не сакам да донесам емотивна одлука во моментов", изјави Воулс. Но, поранешниот шеф на стратегија на Мерцедес АМГ призна дека границата на доверба е достигната.
Ако Вилијамс ги смени возачите, тоа мора да се случи пред Монца, патека која е добра за деби на резервен возач. Следните две трки во Баку и Сингапур ќе се одржат на градски патеки, каде што можете брзо да се најдете во заштитните бариери, па прво треба да го запознаете болидот.
Кога Воулс тропна на вратата од канцеларијата на Тото Волф веднаш по третиот тренинг, почнаа да се шират првите гласини. Многумина веќе зборуваат и го поврзуваат Мик Шумахер во вториот болид на Вилијамс.
Но, Воулс не сака да избрзува и уверува дека има неколку опции за секој случај. Не само Мик Шумахер. И ако тој моментално има договор со тим кој не користи мотори на Мерцедес, тој ќе мора да бара дозвола од Волф.
Друга опција би можел да биде Лиам Лосон. Новозеланѓанецот ќе мора да биде позајмен од Ред Бул. Во секој случај, ова ќе биде привремена замена. Вилијамс веќе го направи својот избор на возачи за 2025 година, избирајќи ги Алекс Албон и Карлос Саинц Јр..
Тука е и Андреа Кими Антонели, за кого се очекува да се приклучи на Мерцедес АМГ и ако тоа навистина е така, тогаш ќе биде корисно за Италијанецот да има неколку трки пред неговото деби за сребрените стрели.
МИК ШУМАХЕР СЕ ВРАЌА ВО Ф1 ШАМПИОНАТОТ?!?
8/25/2024 12:20:00 PM
0
Share to other apps