Мекларен продолжува со цврст чекор кон шампионските титули. Британскиот тим со импресивен настап на денешните квалификации го обезбеди првиот стартен ред за утрешната трка, на која Ландо Норис ќе стартува од Пол позицијата.
Најбрзите шест возачи распределени во помалку од две десетинки, додека Макс Ферстапен беше седми со речиси седум десетинки заостанување!
Се очекуваше тесна битка за првата позиција и така беше, битка во која учествуваа три тима, меѓу кои го немаше Ред Бул.
Она што можеби не го очекувавме е релативно лесното обезбедување на првиот стартен ред од возачите на Мекларен, кои ставиле неколку вреќи песок на тренинг сесиите да не залажат.
Јасно е дека MCL38 е далеку најбрзиот болид во овој момент и без никаква конкуренција на гридот, кој добро функционира на сите видови патеки.
Ова е петта Пол позиција за Ландо Норис во Формула 1 и, се разбира, многу вредна, бидејќи Макс ќе стартува седми. Меѓу нив се Оскар Пјастри, Џорџ Расел, Чарлс Леклер, Карлос Саинц Јр. и Луис Хамилтон.
Поените се доделуваат утре, но Ландо Норис е во добитна ситуација.
Алекс Албон беше најдобриот од останатите, пред Нико Хулкенберг и Фернандо Алонсо кој го пропушти Q3 пласманот за една стотинка!
Франко Колапинто, од своја страна, не можеше да го помине Q1 во своите први квалификации, но сигурно ќе научи многу за во иднина.
По три тренинг сесии кои предвидуваа многу рамноправност, време беше да ги проследиме квалификациите во Монца. Асфалтот се загреа до температура од 50 степени.
Џоу Гуанју беше задолжен за отворање на Q1 сесијата, по што следеа шест возачи. Кинезот започнаа со 1:21.968, но Чарлс Леклер намали на 1:20.074. Карлос Саинц Јр. мораше да го прекине својот прв брз круг откако имаше несигурност на почетокот на Лезмо 2 свиокот.
На останатите возачи не им требаше многу да се појават на патеката, а Ландо Норис беше најбрз во првиот обид со 1:19.911, додека Макс Ферстапен остана на 1:20.226.
Возачите на Мерцедес АМГ започнаа со неконкуретни времиња. Карлос Саинц Јр., по откажувањето на својот прв круг, направи втор обид со истиот сет на црвени гуми и забележа 1:20.149 што му помогна да се пласира на третото место.
Во тоа време, Франко Колапинто беше шеснаесетти, а Серџо Перез претпоследен.
Имаше уште време за подобрување, но никој не можеше да го победи времето на Ландо Норис и Британецот беше тој што ја заврши сесијата на врвот, следен од Леклер, Пјастри и Саинц Јр..
Серџо Перез успеа да се подобри со време за П9. Елиминирани беа Јуки Цунода, Ленс Строл, Франко Колапинто, Валтери Ботас и Џоу Гуанју.
Q1 ни остави некои изненадувања и исто така многу нечистотија на патеката, особено поради "патувањето" низ чакалот што го имаше Франко Колапинто на излезот од Лезмо 2 свиокот, па Q2 сесијата беше одложена на неколку минути.
Карлос Саинц Јр. беше првиот што излезе на патеката, а по него беше Чарлс Леклер и долгата листа на возачи. Без заветрина и со користени гуми, шпанецот забележа добро време од 1:20.328, но Моначанецот беше побрз за 32 илјадитинки.
Многумина од фаворитите претпочитаа директно да користат нови црвени гуми и во првиот обид беше јасно дека се е многу тесно. Хамилтон беше најбрз, но најбрзите пет возачи беа во разлика од две десетинки.
Возачите на Ферари брзо излегоа на нов сет на најмеките пневматици на Пирели, и Карлос Саинц Јр. забележа време од 1:19.799, додека Чарлс Леклер малку заостануваше во овој случај.
Нико Хулкенберг беше најдобар од останатите на деветтата позиција, пред Алекс Албон и Фернандо Алонсо кои беа во борба за влез во Q3.
Луис Хамилтон ја заврши сесијата како најбрз, а по него беа Ферстапен, Норис и Саинц Јр..
На крајот, Албон и Хулкенберг ги зазедоа последните места во Q3, додека Алонсо беше единаесетти, губејќи само за стотинка! Рикиардо, Магнусен, Гасли и Окон беа останатите елиминирани.
Следуваше Q3 сесијата на која се дефинира стартниот редослед на десетте најбрзи возачи за утрешната трка. Асфалтот на стартот се спушти на температура од 47 степени.
Сесијата започна со тројца возачи, Перез, Албон и Хулкенберг на користени црвени гуми, останатите со нови.
Во првиот обид, возачите на Мекларен беа многу силни. Без никаква заветрина, Ландо Норис забележа време 1:19.401, а Оскар Пјастри заостана 35 илјадитинки. Возачите на Мерцедес АМГ беа веднаш зад, на третото и четвртото место, додека Ферари беше во можност да ги победи двата Ред Була. Макс Ферстапен беше осми!
Во последните брзи кругови, во тимот на Мекларен повторно не сакаа да играат на заветрина, па дури и Ландо Норис преку радио рече дека неговиот круг не е добар, но се подобри на 1:19.327 за негова петта Пол позиција во Ф1.
Оскар Пјастри заостана 109 илјадитинки зад својот тимски колега и беше побрз за четири илјадитинки од Џорџ Расел, по што следуваа возачите на Ферари и Луис Хамилтон. Топ 6 пласман во разлика од само 186 илјадитинки.
Најлоши квалификации за Макс Ферстапен. Тој не комплетираше добар брз круг во последниот сегмент на квалификациите и не можеше повеќе од П7, па утре ќе мора да напредува низ поредокот доколку сака да остане во игра за шампионската титула.
Топ 10 пласманот го комплетираа Серџо Перез, Алекс Албон и Нико Хулкенберг.
МЕКЛАРЕН НЕДОСТИЖЕН, ЛАНДО И ОСКАР НА ПРВИОТ СТАРТЕН РЕД
8/31/2024 03:41:00 PM
0
Share to other apps