Ландо Норис со доминантен настап стигна до втората победа во неговата кариера и со своето темпо на Големата Награда на Холандија.
Со тоа најави борба за шампионската титула кај возачите, додека кај конструкторите Мекларен речиси е сигурно дека ќе го замени Ред Бул на врвот.
Кога имаш такво огромно темпо се е полесно, па британецот зеде здив по новиот лош старт и покажа брзина за да го врато првото место од Макс Ферстапен и покаже дека Мекларен е тимот со најбрзиот болид во моментов.
Макс Ферстапен поведе на почетокот, но неговото темпо падна кон крајот на првиот стинт и оттогаш се откажа од победата и гледаше како неговиот ривал бега во даличините пред него.
Во Мекларен останува да поработат на стартот, бидејќи Норис кој стартуваше од Пол позицијата во Шпанија, Унгарија, две патеки каде што е тешко да се престигне и каде загуби шанси за победа поради лошиот старт.
Во Зандворт, приказната започна на ист начин, неговите први метри беа ужасни и Ферстапен стигна до првиот свиок со повеќе од еден болид должина пред него.
Во оваа прилика, неговото возење и тркачкото темпо на Мекларен ја направија разликата и му дозволија да ја поправи грешката за на крајот да стигне до победа.
Летната пауза на Формула 1 заврши во Зандворт, за време на која Карлос Саинц Јр. конечно ја реши својата иднина и најави дека ќе се приклучи на тимот на Вилијамс, додека Алпин го потврди Џек Дуан. Мерцедес АМГ се уште го немаше решено името на тимскиот колега на Џорџ Расел, иако се чини дека тоа е прашање на денови кога конечно ќе биде потврден Андреа Кими Антонели.
Четвртото современо издание на Големата Награда на Холандија започна со Ландо Норис на Пол позицијата. На првиот ред на гридот му се придружи лидерот шампионатот, Макс Ферстапен, кого го победи за повеќе од три десетинки од секундата.
Формата на Мекларен сугерираше дека тие можат да ја надминат предноста на Ред Бул од 42 поени во шампионатот за конструктори, но 78-те што Ферстапен ги имаше пред Ландо во шампионатот за возачи беа нешто друго.
На стратешки план, тимовите беа растргнати да одат на еден пит-стоп или два. Сите фаворити се одлучија за жолтите гуми на стартот.
Ландо Норис беше на Пол позицијата, но Макс Ферстапен реагираше многу побрзо на гаснењето на црвените светла и му го презеде првото место во пресметката до првиот свиок.
Холанѓанецот со болидот на Ред Бул многу полесно од очекуваното го презеде водството уште пред првиот свиок. Поназад, Џорџ Расел со неговиот Мерцедес АМГ го претекнаа и Мекларенот на Оскар Пјастри. Чарлс Леклер му го украде петтото место на Серџо Перез.
Во средината на поредокот, Пјер Гасли се најде на седмото место откако го мина Фернандо Алонсо, а Карлос Саинц Јр. го остави зад себе Ленс Строл, искачувајќи се на деветтото место.
Влегувајќи во 5-тиот круг, Ферстапен имаше водство од 1.5 секунди пред Норис и 3.1 пред Расел. Пјастри се бореше да влезе во ДРС опсегот на Англичанецот. Пјер Гасли го загуби 6-то место од Перез, кое го доби на стартот.
Во 8-от круг, Карлос Саинц Јр. го престигна Фернандо Алонсо. На овој начин, Ферари се искачи на осмата позиција и почна да го напаѓа Пјер Гасли, кој беше на само неколку десетинки од секундатат пред него.
Разликата помеѓу Ферстапен и Норис се движеше во распон од 1.1-1.4 секунди кога полека се комплетираше 10-от круг. Третото место сè уште беше во рацете на Џорџ Расел, кој можеше да ги задржи нападите на Пјастри со ДРС. Расел веќе имаше нешто повеќе од една секунда предност во однос на Мекларен, но падна на 4.4 од лидерот.
Во 11-от круг Саинц го претекна Гасли за седмото место. Следна цел беше Ред Булот на Серџо Перез, на 4.2 секунди.
Луис Хамилтон, по лошите квалификации и казната од три позиции, во 14-от круг го претекна Ленс Строл и влезе во пласманот на освојувачи на поени со својот Мерцедес АМГ.
Во 15-от круг, Норис започна да притиска кон првото место на Ферстапен, чии гуми веќе беа потрошени. Два круга подоцна, Ландо го имаше првиот обид за претекнување во првиот свиок. Холанѓанецот можеше да се одбрани без никакви дополнителни проблеми, иако на радио се пожали на состојбата со гумите.
Норис повторно се обиде во 18-от круг, и овој пат навистина помина добро. Англичанецот стигна до последниот свиок со само три десетинки зад Ред Бул, и со чиста надмоќност успеа да прелета покрај РБ20 на стартниот правец со помош на ДРС-системот.
Макс Ферстапен остана неколку круга зад Британецот, кој од кога го излади Мекларенот, започна да билда предност со околу седум десетинки по круг.
Во 24-от круг веќе имаше 3.4 секунди предност во однос на Макс. Со ова Норис теоретски беше заштитен од напад на Ред Бул. Се ближеше време за првите влегувања во бокс по нови гуми.
Први кон боксевите се упатија Луис Хамилтон и Чарлс Леклер. Ферари се обидуваше да стигне до четвртото место на Пјастри, кој имаше само 0.7 секунди во негова корист. Оскар остана на патеката, но Расел, од третото место, влезе во бокс за да се заштити од Ферарито на Чарлс.
Во меѓувреме, Норис продолжи да ја зголемува својата предност, која беше 6 секунди во 27-от круг, а Ферстапен започна да бележи ужасно бавни времиња, побавни дури и од оние на Серџо Перез и Карлос Саинц Јр.. РБ20 едноставно беше гладен за пневматици на оваа трка.
Ферстапен влезе во бокс во 28-от круг, кога заостануваше 6.3 секунди од Норис. Лидерот застана во следниот круг за да се заштити од "undercut" на Ред Бул, и стави бели гуми што требаше да го однесат до конечната победа. Тој се врати на патеката со околу пет секунди предност пред Ферстапен.
Последниот фаворит од борбата за подиумот, Пјастри, се упати во бокс шест круга подоцна од својот тимски колега и се врати петти, зад Леклер и Расел кои го претекнаа со порано влегување во бокс.
Австралиецот избра да го продолжи првиот стинт за да создаде разлика во перформансите на гумите во негова корист, девет круга против Чарлс, осум против Џорџ, за да може да нападне на крајот од трката.
По првата серија на влегувања во бокс, Ландо Норис водеше со 7.8 секунди пред Макс Ферстапен. Пјастри мораше да надмине четири секунди против Расел и осум против Леклер за да се врати на подиумот.
Поназад, Серџо Перез беше шести со 2.2 секунди предност пред Карлос Саинц Јр..
Во 40-от круг, Оскар Пјастри се залепи зад Џорџ Расел и го прелета во првиот свиок. Мекларенот уште еднаш го демострираше своето тркачко темпо, потпомогнато од поновите гуми и се чинеше дека го има подиумот на дофат.
Тогаш само 3.6 секунди го делеа од Чарлс Леклер на третото место. Од друга страна, токму во тој момент Норис за прв пат ја проби бариерата од 10 секунди и веќе имаше водство од 10.3 секунди пред Ферстапен.
Во 47-от круг, Карлос Саинц Јр. го престигна Серџо Перез за пласман на шестото место. Негова следна цел беше Расел со 2.8 секунди заостанување.
Луис Хамилтон го направи својот втор и последен пит-стоп во 50-от круг за да се врати на црвените гуми, истите на кои што ја стартуваше трката. Бидејќи имаше доволно разлика пред Нико Хулкенберг, го задржа осмото место.
Напред, Чарлс Леклер со сите сили го пранеше пласманот на подиумот. Пјастри стигна во неговиот ДРС-опсег во 46-от круг, потпомогнат од фактот што неговите гуми беа девет круга понови.
Моначанецот од Ферари се спротивстави на нападите и се покажа како не така лесен плен како Мерцедес АМГ и покрај постарите гуми. Пјастри доколку можеше да го престигне Ферарито можеше слободно да атакува и на второто место од Ферстапен, со оглед на тоа што Холанѓанецот заостануваше само пет секунди.
Во 55-от круг, Карлос Саинц Јр. се искачи на петтото место, кога на изненадување на сите Џорџ Расел се упати кон бокс по нови гуми, па кога се врати на патеката беше на седмото место, 17 секунди зад Чеко, кој пак се искачи на шестото место.
Во завршницата на трката Ландо Норис немаше конкуренција за победата, бегајќи му 19-тина секунди на Ферстапен, кој беше безбеден на второто место, откако Леклер одолеваше на нападите на вториот болид на Мекларен.
Во 64-от круг, Алонсо влезе во Топ 10 со претекнување од надворешната страна на Хулкенберг на влез за првиот свиок. Хас ја заштити внатрешноста, но не можеше да направи ништо поради разликата во гумите, 17 круга во корист на Астон Мартин.
Ништо не се смени во последните неколку круга. Ландо Норис ја заврши работата и ја забележа неговата втора победа, а Макс Ферстапен ја минимизираше штетата со второто место и холанѓанецот не го криеше фактот дека Мекларен е новата референца во врвниот мотоспорт.
Чарлс Леклер се искачи на подиумот откако го држеше Оскар Пјастри залепен зад неговото Ферари речиси 30 круга. Австралиецот и покрај помошта од ДРС-системот не можеше да најде начин да го претекне Моначанецот за третото место.
Карлос Саинц беше петти, пред Серџо Перез, Џорџ Расел и Луис Хамилтон на црвените гуми. Пјер Гасли освои два поени за Алпин, додека Фернандо Алонсо го заокружи пласманот кој носеше поени со својот Астон Мартин.
МЕКЛАРЕН МОЌНО ДО ПОБЕДАТА, ЛАНДО ЌЕ АТАКУВА НА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА
8/25/2024 02:23:00 PM
0
Share to other apps