Ферари, и покрај тоа што не воведе никаква надградби за овој викенд, заврши на врвот на табелата, но со оглед дека ова е спринт викенд за многу брзо време ќе дознаеме дали е ова вистинската форма на тимовите.
Макс Ферстапен беше за малку подобар од возачите на Мекларен на третото место. Првиот тренинг за ГН на Соединетите Држави ќе биде еден од најважните во целата сезона, бидејќи тимовите имаа само една сесија за тестирање на сите надградби.
Осум тимови пријавија надградби, само Ферари и Вилијамс се без нови елементи на болидите.
Апсолутен приоритет беше да се провери дали сите нови делови функционираат успешно и да се почне да се наоѓа најоптималниот сет-ап за вечерашните квалификации.
Сесијата имаше неколку жолти знамиња, а Пјер Гасли и двата возачи на Мерцедес АМГ беа тие што ги предизвикаа. Најголемо излетување имаше Луис Хамилтон, уништувајќи еден сет на белите гуми.
Ферари го започна викендот во допбра форма, но тоа треба да се потврди и на квалификациските сесии. Следно на програмата е СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИ во 23:30 часот по Македонско време.
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА ТРКАТА ВО ОСТИН
Share to other apps