Макс Ферстапен беше најбрз на спринт квалификациите за Големата Награда на Америка, додека Ландо Норис можеше да биде само четврти.
Брилијантен настап на актуелниот шампион, победувајќи го Џорџ Расел за само 0.012 делови од секундата.
Четвртите од шест спринт квалификации во оваа сезона, донесоа две изненадувања во првиот SQ1 сегмент. Оскар Пјастри го загуби кругот поради излегување надвор од границите на патеката, и Алекс Албон, кој направи грешка и се изврте во претпоследниот свиок, по што и за двајцата сесијата беше рано завршена.
Естебан Окон исто така немаше сили за напредок, како и двајцата возачи на Заубер, кои и покрај воведените подобрувања, сè уште се најбавниот тим на гридот. Валтери Ботас повторно се квалификуваше пред Џоу Гуанју.
Сесијата, која мораше да се вози на жолтите гуми, ја предводеше Чарлс Леклер, но единствената цел за сите беше да се избегнат последните пет позиции.
Изненадувањата продолжија во SQ2 сесијата, со осмото место на Колапинто, по што го обезбеди својот пласман во најбрзите 10 возачи на неговите први спринт квалификации.
Аргентинецот го стави Вилијамс во Топ 10 пласман, заедно со возачите на Хас и Јуки Цунода. Серџо Перез беше елиминиран, единаесетти, како и Пјер Гасли на П12.
Двата возачи на Астон Мартин, како и Лиам Лосон не беа во можност да забележат време, откако нивните брзи кругови беа избришани поради надминување на границите на патекат.
Во оваа сесија најбрз беше Карлос Саинц Јр., а билет за финалната пресметка обезбедија и неговиот тимски колега, двата возачи на Мерцедес АМГ и двата фаворити за титулата, Ферстапен и Норис.
Во SQ3 сесијата, први на патеката излегоа двајцата возачи на Мерцедес АМГ и Колапинто со болидот на Вилијамс, но само Расел успеа да забележи добар и прилично брз круг.
Луис Хамилтон имаше импресивен прв сектор, но вториот и третиот беа полни со грешки, по што британецот се пожали по тимското радио за прерано излегување на патеката.
Двајцата возачи на Ферари, Хас, Ферстапен, Норис и Цунода излегоа за својот брз круг, темпирајќи ја неговата завршница во последен можен момент.
Холанѓанецот успеа да го победи времето на Расел за 12 илјадитинки, кој иако го забележа многу порано во сесијата, му го донесе првиот стартен ред.
Леклер беше трет, пред Норис четврти и утре на спринтот ќе стартува три позиции зад својот најголем ривал. Карлос Саинц Јр. мораше да се задоволи со петтото место, пред Нико Хулкенберг во ажурираниот болид на Хас.
Луис Хамилтон не беше задоволен со седмата позиција по разочарувачкиот настап во SQ3. Кевин Магнусен беше осми, со Цунода деветти и Колапинто десетти, кој не можеше многу да направи откако се изврте и ги оштети гумите во својот прв брз круг.
МАКС ФЕРСТАПЕН И РЕД БУЛ СЕ ВРАТИЈА НА ВРВОТ
10/18/2024 11:12:00 PM
0
Share to other apps