Двајцата кандидати за шампионската титула кај возачите ќе ја започнат трката од првиот стартен ред.
Ландо Норис се најде на врвот на табелата од квалификациите за Големата Награда на Америка, пред Макс Ферстапен, кој беше спречен да го заврши вториот брз круг, поради развеаните двојни жолти знамиња по излетувањето на Џорџ Расел во финалната сесија.
Ферстапен лесно доминираше во Q1 и Q2, но во Q3 работите беа поинакви. Ландо Норис ја имаше провизорната Пол позиција по првите брзи круга, во кои Холанѓанецот задоцни за 0.031 делови од секундата.
Ферстапен мораше да ја бара шансата во вториот и последен брз круг, и тоа прилично добро му успеваше по најбрзиот прв сектор, но потоа се случи излетувањето на Расел, што го спречи да ја освои полпозицијата.
Карлос Саинц Јр. го повтори својот резултат од Спринтот и беше трет пред Чарлс Леклер. Ферари тежнее кон врвот, но му фалат ситници да го реализира победничкиот потег. Дали е до возачите или до SF-24?
Дефинитивно, изненадувањето на денот е П19 пласманот на Луис Хамилтон со болидот на Мерцедес АМГ.
Тимовите беа нестрпливи да излезат на патеката, па уште пред почетокот на Q1 сесијата имаше десет болиди кои чекаа ред во Пит-линијата.
Повеќето возачи избраа да користат користен сет на црвените гуми за ова прво излегување во акција на патеката, а при излегувањето за малку ќе имаше судир помеѓу Фернандо Алонсо и Лиам Лосон.
Шпанецот, многу критичен кон агресивната одбрана на Новозеланѓанецот во спринтот, веднаш го престигна штом излезе од боксот. Лосон го отфрли тоа во радио комуникација со неговиот инженер, во која тој рече дека Алонсо едноставно го направил она што не можеше во спринтот.
Ландо Норис поведе, а Карлос Саинц Јр. беше на второто место со 75 илјадитинки заостанување. Меѓутоа, неколку моменти подоцна, Макс Ферстапен го надмина најбрзото време за три десетинки од секундата.
Холанѓанецот имаше корист од тоа што беше еден од последните што ја напушти својата гаража, четири минути подоцна од директните ривали. Сепак, времињата не беа воопшто репрезентативни со оглед на тоа што речиси сите возеа на половни гуми.
Еволуцијата на патеката беше толку голема што Пјер Гасли, кој стартуваше по Ферстапен со нови гуми, се искачи на врвот на табелата. Новите гуми се појавија на нешто повеќе од осум минути до крај на сесијата.
Ферари и Мекларен први излегоа на патеката, но Макс Ферстапен беше трпелив и чекаше уште четири минути. Чарлс Леклер го победи најбрзото време на Пјер Гасли за три десетинки.
Ландо Норис можеше да биде само четврти, со речиси четири десетинки заостанување зад најбрзото време. Понеразбирлива беше ситуацијата на Оскар Пјастри, кој беше далеку борбата за висок пласман.
Возачи во елиминациската зона беа Ботас, Расел, Хамилтон, Гуанју и Цунода.
Џорџ Расел без проблеми избега од таа зона, но на големо изненадување на сите Хамилтон не можеше да ја избегне. Неговото време беше за неверојатни шест десетинки побавно од она на неговиот тимски колега.
На крајот сесијата ја заврши на деветнаесеттото место. Останатите возачи кои испаднаа во Q1 беа Алекс Албон, Франко Колапинто, Валтери Ботас и Џоу Гуанју.
Макс Ферстапен прв ја започна Q2 сесијата, и овој пат со користен сет на црвените пневматици на Пирели. Двата болиди на Ферари го следеа примерот, но сите други, вклучително и возачите на Мекларен, веднаш употребија нов сет цревени гуми.
Ферстапен беше првиот лидер на сесијата, со четири десетинки подобро време од својот тимски колега, Серџо Перез, исто така на користен сет на пневматици.
Додека Ферстапен и возачите на Ферари се враќаа во боксот за да се подготват за нивниот прв вистински обид, болидите со нови гуми започнаа да бележат времиња.
Ландо Норис кој победи времето на Холанѓанецот за 0.250 делови од секундата. Но, конкурентноста на РБ20 беше очигледна по тоа што Оскар Пјастри, и покрај тоа што беше опремен со нови гуми, беше пет илјадитинки зад него.
Возачи во елиминациската зона беа Естебан Окон, Фернандо Алонсо, Ленс Строл, Чарлс Леклер и Лиам Лосон.
На уште пет и пол минути д крајот, Ферстапен излезе на патеката со нови гуми, а повеќето возачи чекаа уште неколку минути.
Холанѓанецот го симна Норис од врвот со побрзо време за 267 илјадити делови од секундата, па лидерот во шампионатот на возачи се наметнуваше како сериозен претендент за пол позиција.
Ландо Норис не излезе на патеката, па спаси комплет гуми за Q3. Елиминираните возачи беа Јуки Цунода, Нико Хулкенберг, Естебан Окон, Ленс Строл и Лиам Лосон.
Фаворитите за пол позицијата, Ферстапен, возачите на Ферари, Мекларен, излегоа на патеката со нови гуми за првиот обид во Q3 сесијата. Џорџ Расел го направи тоа со користени, но во основа тоа беа гуми користени во прекинат обид неколку минути претходно.
Возачите од средината на табелата, Магнусен, Гасли, тргнаа на патеката со искористен сет, додека Фернандо Алонсо се дистанцира од останатите останувајќи подолго во својата гаража, ставајќи се на еден брз круг директно со нови гуми.
Ландо Норис ја имаше провизорната пол позиција со 1:32.330, во круг во кој неговиот тркачки инженер побара целосно да му верува на болидот. Сепак, сите чекаа што може да направи Ред Бул.
Ферстапен имаше виолетов прв сектор, но преостанатите два не беа толку сјајни и тој заостана 0,031 делови од секундата зад Мекларенот. Норис и Ферстапен беа разделени со стотинки, но остатокот од гридот беше многу далеку. Трет во таа конкуренција беше Карлос Саинц Јр., а Леклер беше четврти.
При второто излегување на патеката, прв беше Ферстапен, а неколку моменти подоцна и Норис. Секој од возачите сакаше да излезе што е можно подоцна да се искористи еволуцијата на патеката.
Ред Бул го постави рекордот во првиот сектор, но Макс не можеше да го заврши својот круг бидејќи Џорџ Расел имаше излетување во претпоследниот свиок додека се подготвуваше да го започне својот круг.
Оваа околност предизвика развејување на двојни жолти знамиња што ги уништи брзите круга на останатите возачи. Така, Ландо Норис ја освои пол позицијата за Големата Награда на Америка.
Пред квалификациите се одржа саботниот спринт, кој беше четврти во сезоната и прв по Шпилберг во јуни месец.
Крајот на сезоната е близу, борбата за титулата е во полн ек, влогот е голем, а секој тркачки викенд може да игра важна улога.
Тимовите подготвија многу нови елементи наменети за преостанатите трки и за следната година, но немаа можност доволно да ги испробаат на единствената тренинг сесија.
Ферстапен и Расел го започнаа спринтот од првиот ред, Леклер и Норис од вториот, Саинц Јр. и Хулкенберг од третиот.
На стартот, Ферстапен го задржа водството, а Ландо Норис успеа да излезе пред Леклер и Расел на второто место.
Топ десет по првиот круг беше: Ферстапен, Норис, Расел, Леклер, Саинц Јр., Хамилтон, Магнусен, Цунода, Хулкенберг, Перез.
Во 3-от круг, Хулкенберг го претекна Цунода, а Саинц Јр. започна да го напаѓа Леклер, но Моначанецот остана напред. Пјастри се искачи на 14-то место.
Во 5-от круг Цунода го помина Магнусен за седмото место, но Кевин ја врати позицијата во следниот круг. Карлос продолжи да го напаѓа Леклер и конечно во 6-от круг го престигна за четвртото место.
Џорџ Расел изврши притисок врз Норис во борбата за второто место, но Ландо ги одби нападите. Во 8-от круг, Пјастри го престигна Строл за 12-то место. Во 9-от круг, Саинц Јр. го престигна Расел за третото место.
Топ десет по 10 круга беше: Ферстапен, Норис, Саинц Јр., Расел, Леклер, Хамилтон, Магнусен, Хулкенберг, Цунода, Перез.
Џорџ Расел го изгуби четвртото место од Чарлс Леклер, кој успеа подобро да ги менаџира своите пневматици.
Пјастри доби казна од 5 секунди, поради неправилно претекнување на Пјер Гасли. Во 13-от круг, Перез го претекна Цунода за деветтото место.
Во 16-тиот круг, од Јуки беше побарано да ја врати позицијата на Пјастри што ја освои надвор од патеката, и тој го попушти болидот на Мекларен.
Карлос Саинц Јр. го зеде второто место од Ландо Норис во претпоследниот круг, откако британецот ги блокираше тркалата при сопирање во 14-от свиок. Леклер исто така се обиде да нападне, но Ландо закочи доцна, принудувајќи го Чарлс да излезе надвор од патеката.
СПРИНТОТ ЗА МАКС ФЕРСТАПЕН, ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА ЗА ЛАНДО НОРИС
10/19/2024 07:41:00 PM
0
Tags
Share to other apps