Вилијамс го презентираше новиот изглед на болидите, кој ќе се користи во следните две трки, во Мексико Сити и Сао Пауло.
Традиционалните сини бои ќе бидат надополнети со жолта површина на капакот на погонската единица и тркачките комбинезони како знак на победничката традиција на тимот и соработката со аргентинската компанија Mercado Libre.
Жолтата за прв пат се појави на Вилијамс FW08C во 1983 година и беше постојано присутна до крајот на 1993 година, за кое време тимот забележа 55 победи, освојувајќи три од деветте шампионски титули кај конструктори и три од седум титули кај возачите.
Mercado Libre игра истакната улога на пазарот за е-трговија и дигитални плаќања во Латинска Америка. Компанијата стана официјален партнер на Вилијамс откако Франко Колапинто дебитираше во Формула 1.
ЕФЕКТ КОЛАПИНТО - НОВ ИЗГЛЕД НА БОЛИДОТ НА ВИЛИЈАМС
10/24/2024 08:52:00 PM
0
Share to other apps