Петмината први возачи кои не настапија на првиот тренинг имаа шанса да се запознаат со условите на патеката, но исто така треба да се напомене дека во овој случај сесијата беше 90 минутна поради тестирање на C4, C5 и C6 смешите на Пирели за следната година.
Шпанецот во Ферари забележа време од 1:17.809 во неговиот втор обид, што значеше дека го има најбрзото време на викендот досега.
Во меѓувреме, Макс Ферстапен продолжи да има проблеми со Хонда ПЕ во својот болид и по неколку инсталациски круга мораше да се врати во својата гаража, по што сесијата беше завршена за него.
Тимовите мораа да следат некои упатства на Пирели. За квалификациските симулации сите мораа да возат по пет круга со 20 килограми гориво. Саинц Јр. беше во водство, следен од Лосон, Пјастри и Магнусен.
По нешто повеќе од 19 минути од сесијата, Џорџ Расел имаше излетување на излезот од осмиот свиок по што заврши во заштитните бариери покрај патеката. Сесијата беше стопирана. За среќа, Британецот беше добро по ударот.
Откако беше отстранет болидот на Мерцедес АМГ и беа поправени бариерите, сесијата продолжи со преостанати 54 минути и многу возачи брзо излегоа на патеката. Немаше време за губење.
Карлос Саинц Јр. повторно го намали своето време на 1:17.699 и остана во водство, но неколку возачи веќе беа во негова близина. Алекс Албон не можеше да стартува по инциденот со Берман.
По првите квалификациски симулации, следуваа тркачки стинтови, а Пирели имаше свои барања до тимовите. Тоа беа 12 круга со 100 килограми гориво. Овие стинтови завршија многу доцна поради губењето време поради црвеното знаме, а тоа значеше дека гумите за оваа трка ги видовме во последните шест минути од сесијата.
Никој не успеа да го победи времето на Саинц Јр. кој ја заврши сесијата на врвот, пред Пјастри, Цунода и Леклер. Ландо Норис успеа да се искачи на петтото место со последниот брз круг на жолти гуми.
Утре, на програмата е саботниот тренинг, за кој се надеваме дека ќе донесе порелеватни времиња и ќе расчисти некои сомнежи за формата на тимовите. Џорџ Расел беше најбрзиот возач на првиот тренинг за Големата Награда на Мексико Сити. Британецот беше на врвот во сесија со пет јуниор возачи и две црвени знамиња.
Карлос Саинц Јр. беше втор, а Јуки Цунода трет. Самиот редослед кажува дека сесијата беше релативно бескорисна за утврдување на перфомансите и редоследот на тимовите.
Оливер Берман се врати во болидот на Ферари, заменувајќи го Чарлс Леклер. Фелипе Другович го возеше болидот на Фернандо Алонсо во Астон Мартин, додека Андреа Кими Антонели седна во болидот на Луис Хамилтон во Мерцедес АМГ. Роберт Шварцман го возеше болидот на Џоу Гуанју, а Патрисио О'Вард го замени Ландо Норис во тимот на Мекларен.
Сесијата набрзо по почетокот беше прекината поради остаток од карбон на патеката, што маршалите го отстранија во најкраток можен рок.
Мексико е патека која обично еволуира многу како што поминува викендот, со оглед на тоа што секогаш е прилично валкана првата тренинг сесја, па грипот не е идеален. Поради оваа причина, тимовите не се колебаа и им ставија бели гуми на сите возачи.
Саинц Јр. го имаше најбрзиот круг со таа смеша на Пирели, пред да се премине на црвените. Претходно се случи голем инцидент, Алекс Албон ја загуби конролата врз својот Вилијамс и удри во Ферарито на Чарлс Леклер, возено од Оливер Берман.
Младиот возач, кој од идната сезона ќе вози за Хас, се обидуваше да се тргне од тркачката линија, но двајцата возачи не се разбираа добро. Тајланѓанецот беше тој што го извлече подебелиот крај и неговата сесија заврши тука.
Црвените знамиња беа на сила доста долго, повеќе од десет минути, што не беше добра работа за оние возачи кои не возеа многу на патеката. После тоа, дојде време да се стави најмеката смеша, па секторите многу често беа обоени во виолетово. Џорџ Расел беше единствениот со време под 1:18, три десетинки пред Саинц Јр..
Прилично чудна сесија за Ред Бул, без извонредни кругови од нивните возачи и со проблеми со моќноста од Хонда ПЕ во болидот на Макс Ферстапен. Актуелниот шампион не можеше да вози колку што би сакал со црвената гума.
Втората тренинг сесија ќе биде предодредена за тестирање на Пирели пневматиците за следната сезона. Нејзиниот почеток беше закажан за полноќ по македонско време и траеше час и половина.
Во последниот дел од сесијата немаше многу подобрување во времињата, па тренингот заврши со Расел на врвот. Саинц Јр. беше втор со три десетинки заостанување, а Цунода трет со седум.
Ферстапен го имаше четвртото најбрзо време, а Нико Хулкенберг беше петти во сесијата во која не беа присутни имиња како Алонсо, Леклер, Хамилтон и Норис.
Оскар Пјастри беше шести, пред Естебан Окон и Валтери Ботас, седми, односно осми, необични позиции за нив. Лиам Лосон, деветти и Серџо Перез, десетти, го комплетираа Топ 10 поредокот на првата тренинг сесија, во која Антонели беше најбрз од дебитантите, 90 илјадитинки пред О'Ворд.
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА МЕКСИКО СИТИ