Нови бранувања во ФИА. Формула 1, од Големата Награда на Лас Вегас, ќе има нов тркачки директор, откако Нилс Витич ја загуби својата позиција со моментален ефект.
Руи Маркес ќе биде негова замена на следната трка за Големата Награда на Лас Вегас.
Португалецот претходно работел како инспектор, национален и меѓународен маршал, заменик тркачки директор и тркачки директор во неколку шампионати. На новата позиција доаѓа како тркачки директор во Формула 2 и Формула 3 шампионатите.
ФИА објави дека Нилс Витич се повлекува од функцијата тркачки директор во Формула 1 шампионатот за да "бара нови можности".
"Нилс ги исполни своите бројни обврски како тркачки директор со професионализам и посветеност. Му благодариме за неговата посветеност и му посакуваме се најдобро во иднина", се наведува во соопштението.
Иако ФИА вели дека Витич е тој што ја напуштил функцијата, веб-порталот, Motorsport Magazin тврди дека Германецот е разрешен од Федерацијата.
Како што информираше Витич за медиумите, ФИА денеска го известила за неговиот отказ без претходна најава, но тој не поднел оставка.
Нилс Витич пристигна во Формула 1 пред две сезони за да го замени Мајкл Маси кој реши замине по контраверзната Голема Награда на Абу Даби во 2021 година.
На почетокот, Витич ја сподели улогата со Едуардо Фрајтас, но по контроверзната трка за Големата Награда на Јапонија во 2022 година, Витич остана сам на таа позиција.
Неговата судбина остана запечатена по контраверзните одлуки за време на Големета Награда на Сао Пауло во оваа 2024 година и намерното или ненамерното фаворизирање на одредени возачи.
ОБНОВЕНО: По само неколку дена од заминувањето на Нилс Витич, нов отказ во ФИА.
Паоло Басари ја напушти функцијата шеф на одделот за жалби.
Неколку извори блиски до федерацијата изјавија дека италијанскиот функционер бил отпуштен бидејќи ја изгубил довербата на претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем.
ФИА одби да коментира, а Басари кратко одговори на барањето на BBC Sport: "Не можам да коментирам за ова."
Паоло Басари е функционерот кој ја водел внатрешната истрага за Бин Сулејем.
Претседателот на ФИА беше осомничен дека се обидел да влијае на резултатите од Големата Награда на Саудиска Арабија во 2023 година.
Врз основа на резултатите од истрагата, не беа идентификувани прекршувања во дејствијата на Бин Сулејем.
Така да кога ќе нападнеш, биди спремен да ги поднесеш последиците!
ФОРМУЛА 1 ЌЕ ИМА НОВ ТРКАЧКИ ДИРЕКТОР, НИЛС ВИТИЧ ДОБИ ОТКАЗ
11/13/2024 02:13:00 AM
0
Share to other apps