Во 2025 година, за прв пат во историјата на Формула 1, ќе се одржи заедничка презентација на сите десет тимови, а нејзините организатори велат дека тоа ќе биде голем спектакл посветен на 75-годишнината од Ф1 шампионатот.
Презентацијата ќе се одржи на 18 февруари во Лондон во познатиот забавен комплекс The O2 Arena, едно од најдобрите концертни места во Велика Британија.
Сите тимови, нивните возачи и тимски шефови ќе се соберат на едно место и ќе го претстават изгледот на своите болиди на фановите.
Формула 1, во соопштението за медиумите, најавува дека публиката која ќе се собере на трибините на О2 и фановите кои ќе ја следат презентацијата онлајн ќе ги видат само нови верзии на боите на болидите.
Презентацијата ќе трае два часа, со почеток во 21:00 часот по македонско време, а ќе ја продуцира Брајан Бурк, познат по неговите спектакуларни шоуа, од кои многу се одржаа во Лас Вегас, вклучително и режијата на минатогодишната церемонија на отворање за дебито на Големата Награда на Лас Вегас.
Продажбата на билетите за февруарската презентација ќе започне на 15 ноември, а нивната цена ќе се движи од 58 до 113 фунти.
Стефано Доменикали, Претседател и извршен директор на Формула 1: "За прв пат, на едно место ќе ги собереме нашите фанови, 20 суперѕвезди на нашиот спорт и голем број специјални гости официјално да ја отворат новата сезона и да ја одбележиме 75-годишнината од нашиот шампионат."
"По драматичните настани од сезоната 2024, следниот шампионат исто така ветува дека ќе испише историја, а фановите од сите возрасти ќе можат да го доживеат одблиску неверојатниот забавен спектакл каков што е Формула 1."
Мохамед бин Сулејем, Претседател на ФИА: "Федерацијата е задоволна што им се придружува на нашите колеги од ФОМ и на сите тимови во заедничкото отворањето на сезоната, за прв пат во овој формат. Овој настан, исто така, ќе биде соодветна увертира за сите прослави на 75-годишнината на Формула 1 што ќе се одржуваат во текот на 2025 година."
НОВАТА 2025 СЕЗОНА ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ЗАЕДНИЧКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СИТЕ ТИМОВИ
11/13/2024 01:25:00 AM
0
Share to other apps