Мекларен успешно го исполни, засега, статусот на фаворит за Големата Награда на Катар, а Ландо Норис ја освои првата позицијата за утрешниот Спринт, со Оскар Пјастри трет. Џорџ Расел ги подели двата болиди на Мекларен.
Возачите на Ферари ќе стартуваат на четвртото и петтото место, со Карлос Саинц Јр. на вториот ред нешто зад Австралиецот од Мекларен, додека Чарл Леклер ќе статува од третиот, на кој друштво ќе му прави Макс Ферстапен.
Ова беа последните Спринт квалификации од 2024 сезоната, формат кој бара задолжително користење на жолтите гуми во првите две сесии, SQ1 и SQ2.
Речиси сите возачи имаа јасен план за настап, возење наизменично брзи кругови и подготвителни се додека има гориво во болидот и да се искористи брзата еволуција на патеката за бележење на што подобри времињата.
На единствената тренинг сесија Мекларен и Ферари беа навистина брзи, иако од Мерцедес АМГ јасно ставија до знаење дека имаат одреден потенцијал да се замешаат во битката.
Сите фаворити ја поминаа SQ1 сесијата, иако во случајот на Луис Хамилтон тоа беше со мала доза на неизвесност. Најголемото изненадување, или пак не, повторно беше елиминацијата на Серџо Перез веднаш на почетокот.
Овој пат тоа беше за само 13 илјадитинки, но тоа е уште еден минус во клучен момент за неговата иднина. Франко Колапинто овој пат беше најбавен од 20-те возачи, а останатите елиминирани возачи беа Џоу Гуанју, Естебан Окон и Јуки Цунода. Пет возачи од пет различни тимотви.
SQ2 сесијата имаше слична приказна како и SQ1, со мала доза на неизвеснот за Пјастри и Хамилтон, кои мораа да извозат дополнителен брз круг за да поминат во финалниот сегмент.
Возачите на најбрзите три тима и Макс Ферстапен, Нико Хулкенберг, Лиам Лосон и Пјер Гасли влегоа во најбрзите десет возачи. Фернандо Алонсо беше изоставен за 40 илјадитинки, а заедно со него отпаднаа и Алекс Албон, Валтери Ботас и Кевин Магнусен.
Во финалната SQ3 пресметка возачите мораа да настапат на црвените гуми. Стратегијата на најмеката смеша на Пирели беше јасна, два брзи обиди со кругови за подготовка и ладење помеѓу нив.
Возачите на Мекларен беа јасни фаворити, а Ландо Норис беше најбрз веќе во првиот свој обид, што беше доволно за старт од првата позиција на утрешниот Спринт, кој е закажан за 15:00 часот по македонско време.
Оскар Пјастри не беше на ниво на својот тимски колега и не обезбеди старт од првиот ред за Мекларен. Џорџ Расел му ја украде втората позиција и утре ќе стартува покрај Ландо Норис.
Карлос Саинц Јр. беше четврти, а Леклер петти и повторно беше несигурен кога е најважно и тимот е во битка за шампионската титула кај конструктори.
Макс Ферстапен мораше да се задоволи со шестото место, а Луис Хамилтон не можеше да го скроти проблематичниот W15 и беше седми најбрз возач.
Пјер Гасли ја доби важната битка на средината на поредокот, каде ќе биде интензивно во битката за шестото место во конструктори помеѓу Алпин, РБ и Хас.
Утре, најверојатно битката ќе биде за поенот кој го носи осмото место во конечниот поредок на спринтот. Најважното следува во недела.
ФЕРАРИ НЕМОЌЕН, НОРИС И РАСЕЛ НА ПРВИОТ СТАРТЕН РЕД
11/29/2024 06:19:00 PM
0
Share to other apps