Мекларен достојно го спроведува планот кој им ја носи шампионската титула уште на оваа трка за Големата Награда на Катар.
Ландо Норис, цело време му помагаше на својот тимски колега, Оскар Пјастри, чувајќи го во својот ДРС-опсег и на крајот го пропушти да финишира на првото место.
Џорџ Расел финишираше на трето место и беше немоќен да се справи со Мекларенот и неговиот ДРС-систем. Карлос Саинц Јр. заврши четврти, пред Чарлс Леклер, Луис Хамилтон, Нико Хулкенберг и Макс Ферстапен кои изборија пласман во бодови.
Чарлс Леклер го имаше најдоброто престигнување на спринтот, поминувајќи го неговиот следен тимски колега Луис Хамилтон.
Следно на програмата се Квалификациите, кои се закажани за 19:00 часот по македонско време.
Викендот за Големата Награда на Катар започна вчера, со доминација на Чарлс Леклер на единствената тренинг сесија, но Ландо Норис ги исполни предвидувањата и лесно ја освои првата позиција за денешниот спринт, пред Џорџ Расел, Оскар Пјастри и возачите на Ферари.
Спринтот кој започна во 15:00 часот по македонско време се состоеше од 19 круга и почетна температура на асфалтот од 26 степени, невообичаено ниска за пустинска земја како Катар.
Почетокот мина без инциденти. Ландо Норис имаше добар старт и го задржа првото место, додека Оскар Пјастри го помина Џорџ Расел за пласман на второто место.
Карлос Саинц Јр. го задржа четвртото место, но Луис Хамилтон од П7 имаше супер старт и надомести две позиции со претекнување на Макс Ферстапен и Чарлс Леклер. Холанѓанецот е можеше да го контролира РБ20 и загуби дополнителни две места од Нико Хулкенберг и Пјер Гасли за пласман на П9 по првиот круг.
На Ландо Норис не му требаше многу време да дојде до предност од повеќе од секунда пред својот тимски колега, т.е. да излезе од ДРС-опсегот.
Ова му даде поттик на Џорџ Расел кој пак беше под една секунда со Оскар Пјастри и во четвртиот круг се обиде да го претекне во првиот свиок, и за малку не успеа да го претекне.
Австралиецот има нерви да почека да види од која страна ќе биде нападнат и со брзи рефлекси го блокира потегот.
Битката продолжи, и откако во Мекларен видоа дека тоа може да загрози нивниот 1-2 пласман, му кажаа да Норис да намали и да обезбеди користење на ДРС-системот за Австралиецот.
Ова доведе до формирање на т.н. ДРС воз со Норис, Пјастри, Расел, Саинц Јр., Хамилтон и Леклер. Нико Хулкенберг и Пјер Гасли се задржаа пред Ферстапен, а Алонсо беше претекнат од Магнусен.
Оттаму, Спринтот влезе во режим "досада". Возот што го формираше Норис беше тешко да се пробие. Расел се обиде уште еднаш со доцно сопирање во првиот свиок, но нервите на Пјастри беа челични.
Макс Ферстапен, надвор од тој воз, успеа да го претекне Пјер Гасли и да се пласира на осмото место.
Чарлс Леклер, во 13-от круг имаше прекрасна битка со Луис Хамилтон и успеа да го претекне британецот од надворешната страна на вториот свиок за да се врати на петтото место.
Кога веќе се доби впечаток дека тоа беше крај на престигнувањата, сите бевме изненадени кога Ландо Норис ја "отпушти" гаста пред целната линија и му дозволи на Оскар Пјастри да победи.
Сè помина добро за Мекларен, бидејќи Расел заостануваше само две десетинки зад победникот, а Саинц Јр. помалку од секунда.
Малку поназад, Чарлс Леклер заврши како петти, а Луис Хамилтон шести. Нико Хулкенберг и Макс Ферстапен ги комплетираа бодовните позиции.
МЕКЛАРЕН СО ДВОЈНА ПОБЕДА НА СПРИНТОТ ВО КАТАР
11/30/2024 02:27:00 PM
0
Share to other apps