Макс Ферстапен беше најбрзиот возач на трката за Големата Награда на Катар, забележувајќи ја неговата 63-та Победа во Формула 1.
Ландо Норис беше неговиот единствен ривал, но заборави да ги примени прописите кога беа развеани двојни жолти знамиња и заврши десетти поради жестоката казна.
Оваа трка беше битка меѓу Ферстапен и Норис, и, како што беше речиси обичај оваа година, таа беше добиена од страна на неодамна прогласениот четирикратен шампион.
Макс стартуваше добро и го имаше првото место во првиот свиок, а потоа го наметна своето темпо, контролирајќи го Ландо Норис во секое време и не погреши нити еднаш во текот на трката.
Оној кој направи грешки е Ландо Норис. Додека Макс ја славеше победата, британецот мораше да се задоволи со десеттото место, откако доби казна од десет секунди "STOP/GP" затоа што не забави на развеани двојни жолти знамиња.
Оттаму, неговата трка беше уништена, па да се искачат на подиумот добија шанса Чарлс Леклер и Оскар Пјастри. Со ова битката за титулата кај конструкторите ќе добие разрешница во Абу Даби со Мекларен и Ферари одвоени со 21 поен.
Џорџ Расел заврши четврти, пред Пјер Гасли кој повторно изненади и можеше да се одбрани од нападите на Карлос Саинц Јр. за да биде петти. Фернандо Алонсо, од своја страна, со добра стратегија и без да навлезе во преголеми неволји го однесе својот Астон Мартин на седмото место.
Понатаму, Џоу Гуанју беше осми и со тоа ги забележа првите поени за тимот на Заубер и тоа четири. Бодовниот пласман го комплетираа Кевин Магнусен и Ландо Норис.
Дваесет и третата и претпоследна трка од 2024 сезоната во Формула 1 шампионатот беше Големата Награда на Катар, која започна со контроверзии во квалификациите, бидејќи Џорџ Расел ја наследи Пол позицијата по казната за Макс Ферстапен.
За денешната трка, асфалтот на меѓународната патека Лусаил беше на температура од 23 степени, а Пирели веруваше дека стратегијата со едно застанување во бокс е најдобрата опција за победа.
Стартот на трката беше спектакуларен. Макс Ферстапен започна одлично и се нафрли на Џорџ Расел во првиот свиок, а веднаш покрај него беше Ландо Норис кој се искачи на второто место.
Чарлс Леклер го помина Оскар Пјастри за да биде четврти, а Карлос Саинц Јр. се пласираше на шестото место, пред Серџо Перез кој освои две позиции и Фернандо Алонсо, кој остана осми. Луис Хамилтон падна на деветтото место.
Назад во поредокот се случи инцидент во првиот свиок. Нико Хулкенберг влезе во свиокот со повеќе брзина од потребната, а имаше и судир помеѓу Естебан Окон и Франко Колапинто, што ги натера и двајцата да ја напуштат трката и да се повика безбедносно возило.
Неколку свиоци подоцна, Ленс Строл и Алекс Албон исто така се судрија, иако и двајцата можеа да ја продолжат трката, но на крајот од поредокот.
По отстранување на болидите на Окон и Колапинто, трката беше рестартирана во петтиот круг и Макс Ферстапен "повлече" во вистинскиот момент да да остане во водство.
Поназад, Оскар Пјастри беше многу интелигентен и го престигна Чарлс Леклер за четвртото место. Фернандо Алонсо загуби две позиции, од Луис Хамилтон и Јуки Цунода.
Понатаму, инцидентот меѓу Лосон и Ботас го остави Новозеланѓанецот извртен и последен во поредокот.
Ферстапен можеше брзо да направи разлика од повеќе од една секунда во однос на Норис, па затоа британецот не беше во можност да го користи ДРС-системот, моќна латака во денешната ера на Формула 1.
Трката западна во мод - Досаден. Фернандо Алонсо повторно губеше позиции, од Кевин Магнусен и Пјер Гасли, и на радио уверуваше дека брзината на правците е загрижувачка.
Во меѓувреме, Ленс Строл беше замолен да влезе во својата гаража и да ја напушти трката, но подоцна излезе повторно на патеката за да направи уште еден круг и да одработи казна од десет секунди за контактот со Албон.
По десет круга, Макс Ферстапен изгледаше дека има темпо да победи на трката. Вистина е и дека Ландо Норис направи мала грешка во 4-от свиок и загуби неколку десетинки при поминувањето низ чакалот, но разликата меѓу нив во тој момент беше близу две секунди.
Џорџ Расел веќе заостануваше 1.5 секунди зад британецот од Мекларен, а Пјастри почна да го напаѓа возачот на Мерцедес АМГ.
Разликата помеѓу Ферстапен и Норис брзо ја надмина бариерата од две секунди, иако британецот направи промена на темпото, вклучувајќи го и најбрзиот круг, во тринаесеттиот круг.
Тркачкото темпо беше речиси на исто ниво на двата болиди. Во тие моменти, Фернандо Алонсо се врати на единаесеттото место по претекнувањето на Јуки Цунода во четиринаесеттиот круг, со убав маневар од надворешната страна на првиот свиок.
Со промената на темпото што ја имаа Ферстапен и Норис, јасно беше дека тие се чекор понапред од останатите. Брзите кругови беа разменувани и разликата остануваше околу две секунди во секое време, но Џорџ Расел, во 20-от круг, веќе беше 4.5 секунди зад Ландо Норис и повеќе од шест секунди зад Макс Ферстапен.
Се ближеа планираните застанувања во бокс за промена на гумите. Луис Хамилтон, кој мораше да одработи казна од пет секунди за лош старт, се прашуваше на радио како може да биде толку далеку од лидерите.
Влезот во боксевите го започна Џорџ Расел во 24-от круг, но неговиот пит-стоп беше лош, седум секунди, и тој се најде зад Фернандо Алонсо, целосно уништувајќи ја неговата стратегија.
Останатите претпочитаа да продолжат на патеката и борбата меѓу Ферстапен и Норис стануваше се поблиска, Ландо беше нешто повеќе од една секунда зад својот ривал, но во тие моменти имаше развејување на двојни жолти знамиња, а потоа Макс повторно нападна и се чинеше дека има сè под контрола.
Жолтите знамиња беа развејани на стартно/целниот правец бидејќи веќе 4 круга на патеката се наоѓаше ретровизор кој отпадна од болидот на Алекс Албон.
Во 34-от круг, Валтери Ботас го прегази по што од него останаа само парчиња расфрлани низ целата патека. Случајно или не, веднаш потоа Луис Хамилтон и Карлос Саинц Јр. заработија дупнати гуми и мораше да одат во бокс по нови.
А, само малку подоцна, тркачкиот директор реши да го извади безбедносното возило, по што, речиси сите возачи ја искористија можноста да сменат гуми.
Со речиси сите возачи на бели гуми, Макс Ферстапен ја предводеше трката, Ландо Норис беше втор, додека Чарлс Леклер го помина Оскар Пјастри со безбедносното возило и Серџо Перез кој се искачи на петтото место, пред Пјер Гасли, Џорџ Расел, Карлос Саинц Јр., Џоу Гуању и Фернандо Алонсо. Луис Хамилтон падна во задниот дел од поредокот.
Трката продолжи во 40-от круг и овојпат Макс немаше добар рестарт, РБ20 многу пролизга на влезот во целниот правец и со тоа му даде шанса на Ландо Норис да се обиде да го претекне, но го задржа првото место по првиот свиок.
Поназад, Серџо Перез се изврте на патеката, но не по негова грешка, туку пукнала задната осовина на неговиот болид. Нико Хулкенберг неколку моменти подоцна исто така се изврте и заврши во чакал, што предизвика излегување на уште еден период на безбедносно возило.
Алонсо го претекна Џоу за осмото место. Финалното рестартирање на трката дојде во 43-от круг, со останати 14 круга до крај на трката.
Макс Ферстапен сега добро реагираше и успеа да го одбрани водството по првиот свиок, додека Ландо Норис се најде под притисок на Чарлс Лекел, но тој кратко траеше.
Британецот беше во близина на Ферстапен, и кога сите очекувавме битка помеѓу двајцата за Победата, Ландо доби казна од десет секунди "STOP/GO" затоа што не ја намали брзината при развеани двојни жолти знамиња, поради ретровизорот на стартно/целниот правец.
Ландо ја одработи казната во 46-от круг, а тоа очигледно го остави Макс Ферстапен без противник за победата, бидејќи Чарлс Леклер веќе заостануваше три, а Оскар Пјастри речиси пет секунди.
Карлос Саинц Јр. се искачи на шестото место, а Фернандо Алонсо на седмото, веднаш зад Пјер Гасли, но не можеа да се справат со болид на Алпин. Норис, по отслужувањето на казната, падна на последното место, П15.
На крајот, Макс Ферстапен комотно ја мина целната линија, забележувајќи ја својата 63-та победа во Формула 1, пред Леклер и Пјастри кои го придружуваа на победничкиот подиум.
Џорџ Расел, и покрај казната од пет секунди, го обезбеди четвртото место.
Пјер Гасли повторно изненади со тоа што успеа да го задржи петтото место, пред се против Карлос Саинц Јр. и му донесе добри поени на Алпин за шестото место кај конструкторите.
Фернандо Алонсо го однесе својот Астон Мартин до седмото место. Но, веста на денот беше Џоу Гуанју и осмото место! Први бодови во оваа сезона за тимот на Заубер! Бодовниот пласман го комплетираа Кевин Магнусен и Ландо Норис.
МАКС ПОБЕДНИК, ЛАНДО ГИ ЗАБОРАВИ ПРАВИЛАТА
12/01/2024 04:39:00 PM
0
Share to other apps