По објавувањето на изборот на тимските шефови, официјалната веб-страница на Формула 1 ги објави најдобрите десет возачи за 2024 година според самите возачи.
Во истражувањето учествувале 17 од нив: Алекс Албон, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас, Франко Колапинто, Пјер Гасли, Нико Хулкенберг, Лиам Лосон, Чарлс Леклер, Кевин Магнусен, Ландо Норис, Естебан Окон, Оскар Пјастри, Џорџ Расел, Карлос Саинц Јр., Ленс Строл, Јуки Цунода и Џоу Гуанју.
Секој учесник во анкетата мораше да направи свој топ десет избор. За првото место се добиваше 25 поени, за второто 18 и така натаму во согласност со бодовниот систем во Формула 1.
Возачите можеа да гласаат за себе, но многумина не го направија тоа, а од оние кои се пласираа во топ десет, повеќето не се ставија на прво место.
Новинарите од официјалната веб-страница ветија дека гласањето ќе биде тајно. Првите тројца во рангирањето се совпаѓаат со резултатите кај тимските шефеви, а со тоа и генералниот пласман кај возачите за 2024 година.
Интересно е што, за разлика од табелата кај тимските шефови, табелата на возачите не покажува колку поени добил секој учесник.
МАКС ФЕРСТАПЕН НАЈДОБАР И СПОРЕД НЕГОВИТЕ КОЛЕГИ
12/22/2024 04:14:00 PM
0
Share to other apps