Првиот тренинг беше одбележан со присуството на неколку млади возачи и многу експериментални поставки на болидите, бидејќи сесијата не е репрезентативна со оглед на стартното време на квалификациите и трката.
Видовме присуство на шест нови лица во Ф1, заедно со Џек Дуан, кој исто така ќе биде официјален возач на Алпин за овој викенд. Рио Хиракава го имаше своето деби на официјална сесија за Мекларен, Фелипе Другович се врати во болидот на Астон Мартин, Ајуму Иваса во РБ и Исак Хаџар во Ред Бул.
Лук Браунинг беше уште еден дебитант, со болидот на Вилијамс, кој ќе го вози и на тест сесијата во вторник.
Врвот беше дебито на Артур Леклер на официјална сесија, со Ферари и со неговиот брат, Чарлс Леклер, од другата страна на гаражата. За прв пат во историјата двајца браќа беа тимски колеги во Ф1 шампионатот.
Моментот да се видат двајцата браќа заедно на патеката мораше да почека малку подолго отколку што многумина би сакале. Чарлс имаше проблеми со акумулаторите на електрична енергија и мораше да пропушти половина од сесијата.
ФИА потврди дека во неговиот болид е ставен нов акумулатор, надвор од дозволените за оваа сезона, а со тоа Моначанецот ќе загуби десет места на стартот на трката за Големата Награда на Абу Даби, што значително ќе ја искомплицира нивната битка со Мекларен за титулата во шампионатот на конструктори.
Во прилично нерепрезентативна сесија, Чарлс Леклер го имаше најбрзото време, со Ландо Норис на второто место, а Луис Хамилтон на третото.
Џорџ Расел беше четврти, со Пјер Гасли петти и Нико Хулкенберг шести, искористувајќи го отсуството на некои од фаворитите за да биде неколку позиции повисоко од вообичаеното.
Франко Колапинто заврши седми, со Кевин Магнусен осми и Фелипе Другович, најдобриот од дебитантите втора година по ред, деветти. Серџо Перез го комплетираше Топ 10 поредокот.
Покрај Чарлс Леклер, казни за неделната трка, плус 5 позиции, заработија и Алекс Албон и Франко Колапинто за промена на менувачот на дварта болиди на Вилијамс
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА ТРКАТА ВО АБУ ДАБИ