Вилијамс Рејсинг денес го објави најголемиот спонзорски договор во својата 48-годишна историја.
Atlassian е компанијата која долгорочно се обврза да биде главен спонзор на вториот најуспешен тим во историјата на Ф1 со 114 победи, 9 шампионати за конструктори и 7 шампионати за возачи.
Atlassian е водечки снабдувач на софтвер за тимска соработка и продуктивност, чија платформа од светска класа опслужува над 300.000 клиенти низ целиот свет.
Според партнерството, Atlassian станува главен партнер на тимот, официјален технолошки партнер и официјален партнер за софтвер за соработка. Со тоа тимот ќе се преименува во Atlassian Williams Racing, a логоата ќе се појават на болидите со ознака FW47 што во 2025 сезоната на Формула 1 ги возат Алекс Албон и Карлос Саинц Јр..
Новиот болид ќе биде презентиран во Силверстоун во петок со специјално еднократно обојување за да се прослави новото партнерството, а официјалното обојување на FW47 ќе биде прикажано на 18 февруари на заедничката Ф1 презентација во лондонската О2 арена.
Џејмс Воулс, тимски шеф на Вилијамс: "Среќен сум што го пречекувам Atlassian во Формула 1 и нашата еволуција во Atlassian Williams Racing. Привлекувањето на главен партнер од оваа големина е значаен ден во славната историја на нашиот тим и голема пресвртница во нашата трансформација на враќање кон врвот."
"Ги поставуваме сите соодветни состојки за да го вратиме овој тим во предниот дел од гридот, а во Atlassian имаме партнер кој преку својата технологија и алатки ќе помогне да се ослободи нашиот целосен потенцијал преку подобрување на тимската работа и соработката низ целата организација."
Мајк Кенон-Брукс, извршен директор, Atlassian: "Формула 1 е врвниот тимски спорт. Тоа е местото каде што инженерите, програмерите, комерцијалните тимови, екипажот во боксот и безброј други работат заедно во реално време со неверојатни брзини."
"Atlassian го дели длабокото верување на Вилијамс во моќта на тимската работа. Знаеме дека кога големите тимови ги имаат соодветните алатки и практики, тие можат да постигнат работи што би биле невозможни сами."
"Како една од првите глобални технолошки компании надвор од Австралија, разбираме како е да се има страст, желба и верба дека градите нешто одлично. Овој тим помина низ извонредна трансформација и верувам дека Atlassian Williams Racing ги има сите основи за обновена ера на величина."
ВИЛИЈАМС СИ ОБЕЗБЕДИ БОГАТ СПОНЗОРСКИ ДОГОВОР
2/11/2025 08:32:00 PM
0
Share to other apps