Мекларен денес, 13-ти Февруари, ги изненади сите Ф1 фанови, само неколку дена пред заедничката презентација во Лондон. Папаја тимот го изнесе во акција MCL39, болидот за 2025 година, по прв пат на патеката Силверстоун.
Настан кој едвај имаше промоција, освен неколку видеа на социјалните мрежи кои навестуваа дека денес ќе има одредени вести од тимот. Некои мислеа дека ќе бидат презентирани тркачките комбинезони и тимската облека за новата сезона.
Но, денес беше денот Д за Мекларен, кога Ландо Норис и Оскар Пјастри имаа можност да го испробаат новиот 2025 натпреварувач со кој ќе атакуваат на титулите во двата шампионати.
И тоа го направија со впечатлив камуфлажен дизајн во папаја и црни тонови, нешто што мораше да се случи со оглед на тоа што официјалните обојувања не смеат да се прикажат до 18 февруари.
Истиот начин на презентација следува утре со тимот на Вилијамс и FW47.
"Денес имаме огромна пресвртница во нашата потрага по титулите во 2025 година. Фантастично е што можеме, по прв пат, да го изнесеме нашиот конкурент за шампионатот, MCL39, во вистинска акција и да ја означиме кулминацијата на напорната работа на тимот", рече Зак Браун во официјалната изјава.
"Мораме да бидеме реални, сите тимови ќе напредуваат во текот на зимската пауза. Минатата година покажа колку е блиска конкуренцијата, што е брилијантно за спортот."
"Веруваме дека направивме понатамошни чекори напред од шампионскиот MCL38, но нема да знаеме каде сме во поредокот додека не ги започнеме квалификациите во Австралија."
Во Мекларен се надеваат дека ќе се натпреваруваат не само во Конструктори, туку сакаат да го освојат и шампионатот за возачи, каде се надеваат дека ќе имаат повеќе среќа отколку во 2024 година, кога Ландо Норис ја загуби борбата за титулата од Макс Ферстапен.
"Ние сме тим кој никогаш не престанува да се натпреварува и ќе дадеме се од себе за да ги вратиме двата шампионати во Вокинг."
Андреа Стела, тимски шеф на Мекларен: "Возбудени сме што гледаме го гледаме MCL39 на патеката Силверстоун. Минатата сезона ја завршивме како Шампиони, но 2024 година истакна колку е блиска конкуренијата, нешто што ќе се пренесе на овогодинешниот шампионат."
"Затоа мора да останеме фокусирани за да се натпреваруваме за врвот на табелите. Ќе биде возбудлива, но неверојатно предизвикувачка година пред нас. Тимот работеше исклучително напорно за да се подготви што е можно подобро за почетокот на сезоната."
"Минатата година научивме многу од нашите битки, па го земаме ова искуство и го користиме за да ја поттикнеме нашата цел за оваа година. Мојата благодарност оди до целиот тим за нивната напорна работа да го подготви болидот за денес, како и до нашите колеги од Мерцедес за нивната континуирана соработка."
"Сега се фокусираме на работата што претстои за да се осигураме дека ќе го максимизираме нашето време на предсезонската тест сесија пред првата трка во Австралија."
Ландо Норис, #4: "Секогаш е возбудливо по прв пат да се седне во новиот болид. Го испробавме MCL39 да видиме што може да направи на патеката, пред претсезонската тест сесија во Бахреин."
"Камуфлажното обојување е забавно и одлично е што може да се прикаже нешто поразлично пред целосното откривање на боите на официјалната презентација во Лондо."
"Благодарам на целиот тим за нивната работа што не доведе до оваа точка. Оваа година ќе биде поконкурентна од кога и да е, така што мораме да направиме се како треба за да можеме да ја задржиме титулата во конструктори и да нападнеме и кај возачите."
"Атмосферата е позитивна, но фокусирана. Сите ние со нетрпение ја очекуваме претсезонската тест сесија во Бахреин пред нашето натпреварувачко деби во Австралија и да видиме каде сме во однос на другите тимови. Се навестува дека ќе имаме возбудлива сезона."
Оскар Пјастри, #81: "Одлично е по прв пат да се седне зад воланот на MCL39. Камуфлажното обојувањето изгледа кул и возбуден сум што ќе покажам што ќе се тркаме оваа сезона на заедничката презентација следната недела."
"Работев напорно во зимската пауза за да се осигурам дека сум подготвен за сезоната што следи. Најверојатно, разликите на врвот ќе бидат неверојатно тесни, но јас сум возбуден од просторот за раст по две сезони во спортот."
"Победувањето на трки на почетокот на мојата кариера ми даде вкус за успех и сакам многу повеќе. Како тим, можеме да земеме голем моментум во 2025 година по толку брилијантна 2024 година."
На 18 февруари, Лондон ќе ги пречека десетте Формула 1 тимови. Претстојниот вторник, тимовите ќе го откријат својот официјален изглед за 2025 година.
Но, повеќе тимови се одлучија да одржат посебни настани за презентација на новите 2025 болиди. Вилијамс FW47 ќе биде претставен на 14 февруари, Ферари SF-25 на 19 февруари, а AMR25 и W16 ќе бидат претставени на 23 и 24 февруари соодветно.
МЕКЛАРЕН ГО ПРИКАЖА MCL39, НАЈНОВИОТ БОЛИД ЗА Ф1 ШАМПИОНАТОТ
2/13/2025 09:27:00 PM
0
Share to other apps