Официјално е! Формула 1 ќе има единаесетти тим на гридот почнувајќи од следната сезона.
Ова денеска го потврди Кадилак по повеќемесечно чекање и интензивна работа. Формула 1 тимот на Кадилак доби конечно одобрение да се приклучи на Формула 1 гридот од 2026 година.
Поддржан од TWG Motorsports и General Motors, американскиот тим ги исполнува сите барања што ги бара ФИА и самиот шампионат, со што го официјализираше својот влез во врвната категорија на мотоспортот.
Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем, го поздрави додавањето на Кадилак како трансформациски момент за шампионатот. Како што истакнува, присуството на Џенерал Моторс е одраз на новата Ф1 ера што ќе започне во 2026 година со промената на техничките прописи.
"Присуството на Формула 1 тимот на Кадилак во падокот ќе ги инспирира идните натпреварувачи и навивачи. Нивниот влез ја зајакнува нашата мисија да ги поместиме границите на мотоспортот на највисоко ниво."
Интеграцијата помеѓу TWG Motorsports и GM создава изразито американски тим со уникатни атрибути. Ресурсите и посветеноста на Групацијата TWG за извонредност, врвна технологија и длабока соработка низ дисциплини во мотоспортот, инженерската извонредност и докажаниот успех во мотоспортот обезбедува силна основа за тимот.
"Во изминатата година, работевме рака под рака со GM за да поставиме цврста основа за извонреден влез во Формула 1", рече Ден Товрис, извршен директор на TWG Motorsports.
"Сега, по денешното конечно одобрување од ФИА и Формула 1 менаџментот, ги зголемуваме нашите капацитети и продолжуваме со собирање на врвни таленти."
"Возбудени сме што Формула 1 тимот на Кадилак е официјализиран", рече претседателот на ГМ, Марк Ројс. "Ние сме неверојатно благодарни за поддршката од раководството на ФИА и Формула 1. Инженерската експертиза на GM ќе игра главна улога во овој проект и со нетрпение очекуваме да го покажеме нашиот потенцијал на глобалната сцена."
Грем Лоудон, ќе биде тимски шеф на Формула 1 тимот на Кадилак. Рас О’Бленес е именуван за извршен директор на TWG GM Performance Power Units LLC, нова компанија која ќе го стави Кадилак на идниот пат да биде целосно фабрички тим, со целосна изградба на шасија и погонски единици.
Греам Лоудон: "Не би можел да бидам погорд на напорот што го вложи целиот Формула 1 тим на Кадилак. Оваа објава е следниот чекор во влегување на Ф1 гридот и ги продолжува нашите напори кон градење целосно фабрички тим."
"Низ долгиот и темелен процес на аплицирање, никогаш не го изгубивме темпото во нашето планирање или верувањето во мисијата. Едвај чекаме да се тркаме и да им дадеме на Ф1 фановите нов тим за навивање."
Откако беше објавена понудата за приклучување во Формула 1 во јануари 2023 година, TWG Motorsports собра искусен тим од над 300 луѓе кои работат на аеродинамика, развој на шасија и компоненти, софтвер и симулација на динамика на возила.
Развојниот процес продолжува со создавање на оперативни модели за воздушните тунели, производство на делови и тестирање на перформанси. Тимот има тековни операции во Индијанаполис - Индијана, Шарлот - Северна Каролина, Ворен - Мичиген, и Силверстон - Англија.
ОФИЦИЈАЛНО: ФОРМУЛА 1 ЌЕ ИМА ЕДИНАЕСЕТ ТИМА ОД 2026 ГОДИНА
3/07/2025 10:55:00 PM
0
Share to other apps