На неколку дена пред почетокот на новата сезона, тимот на Рејсинг Булс објавија заминување од тимот на техничкиот директор Џоди Егинтон. Новата должност ќе ја преземе од 1 Април 2025 година.
Кариерата ќе ја продолжи во Red Bull Advanced Technologies како шеф на инженерство.
Во Рејсинг Булс, одговорностите на Егинтон ќе бидат поделени меѓу главниот технички директор Тим Гос и неговите двајца заменици, Гијом Кателани и Андреа Ленди.
Џоди Егинтон: "Десет години бев дел од тимот и имав фантастично искуство кое ми остави прекрасни спомени. Сепак, по 20 години во Формула 1, сфатив дека е време за промена."
"Имам огромна одговорност пред мене како шеф на инженерство во Red Bull Advanced Technologies. Компанијата моментално работи на неколку возбудливи проекти и едвај чекам да го преземам овој нов предизвик."
Лоран Мекиес, тимски шеф: "Како наш технички директор долги години, Џоди одигра витална улога во поттикнувањето на иновациите и помагањето на тимот да расте. Би сакал да му се заблагодарам на Џоди за неговиот придонес. Му посакуваме се најдобро во неговите нови проекти во семејството на Ред Бул."
Со заминувањето на Егинтон, Рејсинг Булс продолжува со реконструкција на раководството во сите оддели.
Минатата година започна нова ера со заминувањето на Франц Тост и доаѓањето на Лоран Мекиес и Питер Баер како главни луѓе на овој проект.
Во Фаенца дојдоа и познати личности во Ф1 падокот како Алан Перман и Марко Пероне, со цел да направат скок во квалитетот на среден рок по неколку тешки сезони.
РЕЈСИНГ БУЛС ОСТАНАА БЕЗ ТЕХНИЧКИ ДИРЕКТОР
3/10/2025 08:07:00 PM
0
Share to other apps