Прогнозите се јасни: Мекларен е главниот фаворит на Големата награда на Австралија.
Дури и Макс Ферстапен смета дека е веројатна двојна папаја победа. И не е само тој, многумина мислат дека двојна победа за Мекларен е возможна и дека следни треба да се возачите на Ферари, но меѓу Луис Хамилтон и Чарлс Леклер во моментов се наклонети кон Моначанецот, бидејќи тој е навикнат на тимот.
Несомнено ќе имаме повеќе индиции ова утро, иако дури во сабота, за време на Квалификациите, ќе имаме појасна слика за тоа каков ќе биде почетокот на сезоната.
Ландо Норис имаше интересна изјава на прес конференцијата: "Ние знаеме колку гориво имаше Ферари на тест сесијата, ќе се изненадите колку брзи ќе бидат нивните возачи."
Стримот ќе биде достапен на блогот пред почетокот на првата тренинг сесија.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.