Формула 1 тимот на Мекларен објави повеќегодишно продолжување на договорот со Оскар Пјастри.
Австралиецот ќе продолжи во папаја боите на долг рок. Оскар му се приклучи на тимот во 2023 година со повеќегодишен договор, кој брзо беше продолжен подоцна истата година за да трае до 2026 година.
Оскар постојано импресионираше во мотоспортот, брзо издигнувајќи се низ јуниорските рангови како шампион во Формула 2 и Формула 3, пред да го почувствува победничкото чувство во Ф1 со победа на Спринтот во неговата дебитантска сезона со Мекларен, плус забележувајќи пласмани на победничкиот подиум во Јапонија и Катар.
Во 2024 година, 23-годишниот Австралиец за забележа дебитантската Ф1 Победа на трката за ГН на Унгарија, а подоцна следеше победа и во Азербејџан. Пласман на победничкиот подиум имаше во Монако, Австрија, Белгија, Монца, Сингапур и Катар, каде беше победник на Спринтот.
Тој беше единствениот возач кој го комплетираше секој круг од 2024 сезоната, завршувајќи четврти во шампионатот за возачи, во само неговата втора година во Формула 1.
Овие резултати беа витален фактор за освојувањето на шампионската титула на Мекларен во шампионатот на конструктори.
Денешното повеќегодишно продолжување на договорот, како и претходно на извршниот директор Зак Браун, тимскиот шеф Андреа Стела, тимскиот колега Ландо Норис и другите високи членови на тимот, ја потврдува долгорочната стабилност на Ф1 тимот на Мекларен во неговиот стремеж за понатамошни светски шампионати.
Оскар Пјастри, рече: "Одлично е чувството да се знае дека сум дел од долгорочната визија на Мекларен. Тимот веруваше во мене кога потпишавме во 2022 година, а патувањето што го поминавме во изминатите две сезони за да помогнеме да се врати Мекларен на самиот врв на спортот беше неверојатно."
"Има толку многу талентирани и посебни луѓе кои работат во MTC кои ми помогнаа многу рано во мојата кариера да станам победник во Формула 1. Затоа, многу сум горд што ќе продолжам да го претставувам овој легендарен тим уште многу години."
"Возбуден сум што ќе се борам за победи како возач на Мекларен и по минатогодишните фантастични достигнувања, ме направи уште погладен да останам на врвот."
Зак Браун, извршен директор на Мекларен: "Фантастично е да се потврди продолжувањето на Оскар со Мекларен. Не само што тој е неверојатно талентиран возач, туку и неговата работна етика и културна усогласеност во тимот ја направија многу лесна оваа одлука за негово продолжување во папаја боите."
"Имаме најдобра постава на возачи на гридот, а во изминатите две сезони видовме колкава предност за тимот е Оскар и на и надвор од патеката. Тој беше апсолутно фундаментален во освојувањето на шампионатот на конструктори во 2024 година, така што сите сме возбудени да видиме што можеме да направиме во годините што доаѓаат."
Андреа Стела, тимски шеф: "Понатамошното продолжување на нашето партнерство со Оскар е симбол на нашето верување и доверба во него како возач, како и одраз на нашата заедничка амбиција да продолжиме заедно во нашата борба за шампионските титули."
"Задоволство беше да се работи со Оскар во последните две сезони и тој продолжи да докажува колку е импресивен во однос на неговиот талент, решителност и работна етика како возач и неговиот придонес за нашиот тим и културата како личност."
"Заедно со Ландо, го имаме она што ни треба за долгорочно да продолжиме да притискаме напред. Со нетрпение очекувам да продолжам да го гледам Оскар како расте и се развива како возач и знам дека му претстојат многу успеси."
МЕКЛАРЕН ГО "ВРБУВАШЕ" ОСКАР ПЈАСТРИ СО ПОВЕЌЕГОДИШНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
3/11/2025 10:21:00 PM
0
Share to other apps