Ферари, очигледно, беше најголемото разочарување на квалификациите за Големата Награда на Австралија. Чарлс Леклер заврши седми, а Луис Хамилтон осми, беа претекнати од пет различни болиди.
Првата година на Хамилтон во Маранело не започна добро. Од Ферари годинава се очекуваа поголеми работи. Болидот беше практично нов и во претсезонските тестирања изгледаше како да е во борба за втор најдобар на гридот.
Нивната гаража и пред се тифозите беа многу насмеани и веруваа дека ова е таа година. Насмевките исчезнаа по денешните квалификации на Алберт Парк.
Всушност, Чарлс Леклер го имаше најбрзото време на втората тренинг сесија, најважната за време на викендот во Австралија. Тоа продолжи да гради возбуда околу тимот од Маранело, но денес приказната се распадна.
Квалификациите во ниту еден сегмент не поминаа добро за нив. Во Q1, Леклер беше четврти, а Хамилтон, шести. Во Q2, Леклер беше петти, а Хамилтон, шести. Во Q3, Ферари воопшто не се снајде најдобро. Уште повеќе, Q3 можеби беше нивниот најлош момент во текот на целиот викенд.
Чарлс и Луис се победени од двата болиди на Мекларен, по еден на Ред Бул, Мерцедес АМГ, Рејсинг Булс и Вилијамс. Дополнително, Леклер беше шест десетинки побавен од времето на Ландо Норис, Луис Хамилтон, имаше речиси девет десетинки заостанување.
Останува да се види дали италијанскиот тим се определил да ризикува со поставките за дожд за утрешната трка, кога се најавува влажна патека, или болидот едноставно не одговори на предизвикот од Мекларен, Ред Бул или Мерцедес АМГ.
Во секој случај, не е нормално да се гледаат болидите на Ферари на четвртиот стартен ред, кога пред неколку месеци, на ГН на Абу Даби, се бореа за победа, па дури и за титулата во конструктори против Мекларен.
Чекорот наназад е евидентен, дури и од петочните тренинг сесии, барем во Австралија. Останува да се види, дали се работи за карактеристиките на патеката, но за тоа ќе треба да почекаме неколку трки.
Како и да е, ако заврне дожд, утре може да гледаме друга приказна. Дали ќе се искачат на победничкиот подиум, или барем ќе бидат пред Цунода и Албон.