Мекларен доминираше на Големата Награда на Кина. Оскар Пјастри ја имаше контролата во текот на целата трка и лесно стигна по победата, додека Ландо Норис не можеше да нападне поради проблеми со сопирачките, но и со "дефектен" MCL39 ja обезбеди двојната победа за тимот од Вокинг.
Џорџ Расел го комплетираше подиумот, а Макс Ферстапен го освои четвртото место откако мајсторски го престигна Чарлс Леклер.
Добар старт, уште подобро темпо и оптимална стратегија. Мекларен направи се како што треба на стартот на сезоната, а тоа се одрази со победите на двете трки од новата сезона.
Пјастри одлично ја водеше трката, а Норис го направи она што требаше да го направи, да го престигне Расел кога е потребно, но за нешто повеќе не можеше, плус во последните кругови имаше проблем со педалата на сопирачката на неговиот болид.
Трета победа на Пјастри во Формула 1 и многу посебна, за враќање на самодовербата по она што се случи во Австралија. Џорџ Расел повторно беше трет со одлична трка, а Ферстапен успеа да ги совлада возачите на Ферари. Неговиот РБ21 оживеа кон крајот на трката.
Дуото на Ферари, инаку, се судри во првиот свиок, а Чарлс Леклер заврши пред Луис Хамилтон откако британецот му ја даде позицијата.
Естебан Окон заврши седми со стратегија од едно застанување во бокс, а Алекс Албон деветти, зад Кими Антонели и пред Оливер Берман. Хас беше најпаметниот тим во средината на поредокот.
Единствено откажување на денешната трка беше тоа на Фернандо Алонсо, кој мораше да го паркира болдиот во својата гаража, по само неколку круга од трката, поради проблеми со сопирачките.
Вториот тркачки викенд од 2025 сеоната донесе неколку изненадувања, вклучувајќи ја победата на Луис Хамилтон во Спринтот и настапот на Рејсинг Булс. Вчера Оскар Пјастри ги победи Џорџ Расел и Ландо Норис за пол позиција.
Со асфалтот на 37 степени за стартот на трката, Пирели предвиде стратегии со две застанувања. Но, во пракса тоа се покажа непрактично решение.
Стартот беше многу чист и задоволителен за Мекларен. Џорџ Расел имаше добар почеток, но Оскар Пјастри го заглави во внатрешната страна на првиот свиок, а Ландо Норис можеше да му го одземе второто место од надворешната страна.
Луис Хамилтон и Чарлс Леклер, имаа меѓусебен контакт. Британецот успеа да го претекне Ферстапен, а во обидот истото да го направи и Моначанецот, малку се префорсира и заврши со оштетено предно крило. Сепак успешно го мина болидот на Ред Бул кој падна на шестото место.
Темпото во првите кругови беше многу мирно. Немаше многу битки меѓу возачите, а во фокусот беше на менаџирање со пневматиците. Фернандо Алонсо во четвртиот круг остана без сопирачки и тој мораше да се врати во својата гаража и да се повлече од трката.
Оскар Пјастри успеа да создаде разлика од 1.7 секунди пред Ландо Норис до 10-тиот круг, додека Британецот веќе имаше предност од 2.3 секунди пред Расел.
Луис Хамилтон веќе почнуваше да пријавува минимален грејнинг на левата предна гума, а Чарлс Леклер, и покрај тоа што имаше оштетено предно крило по судирот со неговиот тимски колега, остана во негова близина.
За разлика од нив Макс Ферстапен не можеше да го следи нивното темпо и заостана речиси пет секунди.
Првите влегувања за промена на гуми започнаа веќе во 11-от круг со Пјер Гасли, а еден круг подоцна тоа го направија и Јуки Цунода, Естебан Окон и Џек Дуан. Хамилтон и Ферстапен менуваа гуми во 14-от, Оскар Пјастри и Џорџ Расел во 15-ти, Ландо Норис и Чарлс Леклер, без менување на предно крило, во 16-ти круг.
Џорџ Расел успеа да го претекне Ландо Норис по враќањето на патеката, но Мекларен има чудовиште од болид кое брзо го покажа своето темпо и веќе во 18-от си ја врати изгубената позиција, претекнувајќи го својот сонародник во првиот свиок.
Во меѓувреме, Чарлс Леклер излезе целосно залепен зад Луис Хамилтон без да го смени предното крило и имаа битка на патеката.
Кога трката се смири, околу 20-от круг, Пјастри имаше водство од повеќе од три секунди пред Норис, а Расел, Хамилтон, Леклер и Ферстапен прилично заостануваа зад нив.
Јуки Цунода исто така го престигна Кими Антонели за осмото место, а Естебан Окон исто така го престигна Италијанецот на спектакуларен начин.
Во тие моменти, од Луис Хамилтон беше побарано да му дозволи на Чарлс Леклер да помине, нешто што беше предложено и од самиот британец, но набрзо се покаја за тоа, откако увиде дека Леклер нема многу поголемо темпо од неговото.
Смената на позиции се комплетираше во следниот круг. Сепак се чинеше дека одлуката на Ферари беше правилна, бидејќи Чарлс Леклер заостануваше помалку од една секунда зад Џорџ Расел во 25-от круг, а Луис Хамилтон заостана две секунди зад својот тимски колега.
Британецот и неговиот тркачки инженер, пополека се запознаваат, па откако Луис повеќе пати му кажа да не го замараат со многу инфомации, сега побара од Адами повеќе информации за да открие каде губи време во споредба со Чарлс.
Поназад, Макс Ферстапен имаше подобро темпо на белите гуми и остана помалку од четири секунди зад Луис. Чарлс Леклер во неколку наврати го имаше ДРС-ит, но Џорџ Расел успеа да се справи со ситуацијата со многу тракција на излезот од 12-от свиок и не му даде шанса за напад на Моначанецот.
По неколку слични кругови, Расел го зголеми темпото и го истисна Леклер од ДРС зоната, дури и отвори разлика од речиси две секунди.
Во меѓувреме, Норис исто така силно притискаше и беше на три секунди од Пјастри во 31-от круг.
Во 34-от круг, Исак Хаџар го започна она што требаше да биде втора серија на влегувања во бокс, но на врвот од поредокот се појавија многу разговори по тимските радија дека трката може да се заврши без ново влегување за замена на пневматиците.
На Ландо Норис му беше кажано дека Џорџ Расел има можност да донесе одлука да ја заврши трката со еден пит-стоп, па возачот на Мекларен малку го намали темпото, веројатно да ги зачува своите гуми.
А, за да се искомплицира донесувањето на вистинската одлука, се зголеми и веројатноста за слаб дожд до крајот на трката.
Во 38-от круг, Луис Хамилтон реши да го направи својот втор пит-стоп, додека Чарлс Леклер претпочиташе да остане на патеката.
По излегувањето на патеката Хамилтон, со нов сет на бели гуми, започна да бележи последователни најбрзи кругови и да се доближува до Ферстапен, кој доаѓаше со подобро темпо.
Како што одминуваа круговите, стратегијата со едно застанување изгледаше многу поефикасна.
Оскар Пјастри, Ландо Норис, Џорџ Расел и Чарлс Леклер се чинеше дека ги имаа првите четири места, практично обезбедени на десет круга до крајот, но и Макс Ферстапен имаше добра разлика пред Луис Хамилтон, кој не ја намалуваше со посакуваното темпо.
На крајот, Оскар Пјастри го комплетираше своето ремек дело со третата победа во Формула 1, а Ландо Норис успеа да запечати двојна победа за Мекларен, иако не без проблеми во последните кругови, со педалата на сопирачката на својот болид.
Џорџ Расел беше релативно блиску, но остана на третото место со само 1.3 секунди зад Норис во болид кој не е дораснат да се бори со Мекларените.
Макс Ферстапен имаше импресивна завршница. По неколку круга менаџирање на белите гуми, неговото темпо беше многу високо и не само што го држеше Хамилтон подалеку, туку и ја намали разликата со Леклер и го престигна со прекрасен потег, од надворешната страна на вториот свиок, во 53-от круг.
Што се однесува до среднината на поредокот, ова беше трка во која можеше да се забележат добри поени. Естебан Окон заврши седми со болидот на Хас и стратегија од едно застанување во бокс.
Истото го направи и Алекс Албон, но заврши на 9-то место, зад осмопласираниот Кими Антонели, но пред Оливер Берман кој го обезбеди последниот достапен поен за себе и тимот на Хас.
НАЈНОВО: По завршувањето на трката за Големата Награда на Кина, ФИА изврши технички преглед и утврди дека болидите на Чарлс Леклер и Пјер Гасли тежат помалку од минималните дозволени 800 килограми.
На мерењето, Ферарито на Леклер тежеше 800 килограми, но бидејќи неговото предно крило беше оштетено, на тимот му беше дозволено да постави резервно. Повторното мерење покажало 800.5 кг.
Потоа, во согласност со прописите, од болидот се испумпани два литри контролна мостра гориво и извршено е повторно мерење кое покажало тежината на болидот од 799 килограми, што не е во согласност со техничките прописи.
Сличен прекршок е откриен и со болдиот на Пјер Гасли. Откако контролниот примерок од гориво беше испумпан и повторно измерен, беше откриено дека A525 тежи 799 кг.
Информациите за прекршување на прописите им се пренесени на стјуардите, кои ќе одлучуваат за казни. Вообичаено, ако болидот е со недоволна тежина по финишот, возачите се дисквалификуваат од резултатите на трката.
Но тука не завршуваат проблемите за Ферари, бидејќи на болидот од Хамилтон било утврдено дека мерните точки на задниот дел на подот на SF-25 не се во согласност со правилата. Тие покажале дебелина од 8.6, 8.5 и 8.6 мм., а не смеат да бидат под 9 мм. Исто така, овие инфомации се пренесени на стјуардите, а вообичаената казна е дисквалификација.
КАЗНА: ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА ЗА ТРИТЕ БОЛИДИ
МЕКЛАРЕН ДОМИНАТЕН, ДВОЈНА ПОБЕДА ВО КИНА
3/23/2025 06:49:00 AM
7 minute read
0
Share to other apps