Веќе одамна светот стана наслов популација. Понекогаш самата вест не е толку важна како кликнувањето на нејзиниот наслов. Се случува вестите да се составуваат заради наслов и веќе да има наслови без вести.
По само една трка и еден спринт зад нас, италијанскиот печат од деновите на еуфорија ги замени со жалост, и денес повторно се вратија на еуфорија.
Претходно сите знаеме дека односот на силите се проценуваше според првите неколку трки, а заклучоците се носеа на почетокот на европскиот дел од сезоната.
Но, како поминуваат годините, сега европскиот дел од сезоната е минорен во споредба со останатиот календар на шампионатот. И условите се сменија.
Потребата за строга економичност ги принудува тимовите ретко, но прецизно да ги надградуваат своите болиди, што во услови на висока густина на календарот може неколку пати да го промени односот на силите во текот на сезоната.
Тоа беше случај во минатата година, кога Ферстапен победи на седум од првите десет трки. Седмата победа дојде на првата трка од европскиот дел од сезоната, по која Макс победи дури во ноември.
Дали тоа може да се случи и оваа сезона, да имаме толку голем ролокостер на перфоманси?
Викенд со само една тренинг сесија не е она што им е омилено на тимовите, но кога се зголемува можноста за грешки, секогаш е интересен за гледачите. Некои ќе имаат шанса да го консолидираат успехот, други ќе се обидат да се рехабилитираат за неуспесите, но сите разбираат дека оваа сезона повторно е рекордна, а конечната победа е уште далеку.
Промената на правилата во текот на сезоната претходно се сметаше за невозможна и беше дозволена само во два случаи, да се обезбеди безбедност или со едногласна согласност на тимовите.
Подготовката на нови решенија, тестирањето на нивната ефикасност и доверливост бара време и пари што тимовите ги немаат. Дури и најконтроверзните одлуки, како што се воздушниот канал покриен со рака/колено и двојниот дифузер, не беа забранети до крајот на сезоната.
Со доаѓањето на Либерти Медиа, улогата на ФИА е ослабена. Сега правилата ги пишуваат сите заедно, Формула 1, тимовите и ФИА. Од тимовите се бара да конструираат болиди во согласност со прописите, а ФИА ги проверува по случаен избор.
Доколку некој тим намерно или случајно ги прекрши прописите, за него се применуваат строги санкции.
Во 2025 година, ФИА одлучи да ги прилагоди прописите по првата трка, користејќи го член 3.15.1 од техничките прописи, кој овозможува, доколку е потребно, да се промени методот на мерење на флексибилноста на аеродинамичките елементи.
ФИА нема начин да ги тестира крилата во движење, така што статичкото оптоварување е единствено возможна опција. Ако крилата се деформираат повеќе отколку што треба, тие не се легални.
За време на викендот во Мелбурн, ФИА ги провери болидите и потврди дека апсолутно сите се е во согласност со правилата. Зошто беше воведена нова ТД - Техничка Директива? Тимовите, ако има засегнати, итно мора да ги модифицираат крилата, кои досега можеше да се деформираат не повеќе од 2 мм. под оптоварување, сега не повеќе од 0.75 во Кина, а потоа 0.5 мм.
Помина времето кога организаторите на Кинеското Гран При закачуваа транспаренти на празни трибини и ги полнеа седиштата со случајни гледачи. Сега трибините се преполни со фанови. Сите билети за овогодинешната трка за Големата Награда на Кина се распродадени.
Првите пет години, Големата награда на Кина се одржуваше во средината на есента, потоа трката беше преместена во средината на пролетта, а годинава, за прв пат во историјата, ќе се одржи толку рано, на 23 март.
Трката во Кина е секогаш интересна и непредвидлива. Во претходните 17 изданија, победија 10 возачи од пет различни тимови. Најмногу победи има Луис Хамилтон, а од сегашните возачи, само Фернандо Алонсо победил во Шангај.
Кој ќе биде годинешниот Победник?
Меѓународната патека Шангај е како динамичен пејзаж, со својата огромна главна трибина и елиптичен Падок клуб, кој е преплетен со многу мостови, и со сигурност може да се каже дека е една од најубавите патеки во Ф1 Шампионатот.
Куќарките во кои се сместени тимовите во падокот се поставени за да личат на "Шанг" кинеска буква, што значи "високо/над".
Првиот комплекс на свиоци на оваа патека е еден од најтешките во календарот и потребен е прецизен пристап и излез од нив. Започнува со вртење од 270 степени кон десно кое бара агресивен влез, сопирање низ целиот свиок, за да на крај следи ненадејна промена на насоката.
По овој свиок следуваат серија на брзи свиоци, повторно правец и уште еден сет на свиоци слични на тие од број 1 до 3, но во обратна насока.
Следува уште еден долг правец кој завршува со свиок од 180 степени, принудувајќи ги возачите да намалат од 315 на 65км/ч. Тоа воедно е едно од најдобрите места за претекнување.
Околу 80% од кругот се свиоци, што значи дека дејството на страничните сили е клучен фактор. Возачите ќе треба да го избегнуваат пролизгувањето на задните тркала, со цел да се минимизира нивната деградација и спречи појавата на грејнинг на предните гуми.
Широката патека им овозможува на возачите да експериментираат со траекторијата движење и што подобра можност за претекнување при сопирање на крајот на правците. Големи безбедносни зони дозволуваат возачите целосно да се концентрираат на тркањето и пред се преземање и поголеми ризици при обидите за претекнување.
Шефот на тркачкиот оддел на Пирели, Марио Изола, смета дека стратегијата со два пит-стопа е оптимална за неделната трка.
"Сабота, ден за рекордни времиња. Во квалификациите беа победените времиња ос вчерашните спринт квалификации, а во Спринтот, земајќи го предвид стинтот од денешниот победник во споредба со истиот настан минатата година, видовме времиња на кругови побрзи за повеќе од четири секунди, иако температурите беа значително повисоки."
"Од една година во друга, гледаме огромно зголемување на перформансите, многу поголемо од она што се заснова на симулациите за оваа трка, добиени од сите тимови. Затоа беше апсолутно логично да се подигнат минималните притисоци за почеток, за еден psi на секоја оска."
"Што се однесува до стратегијата, нивото на деградација нè наведува да сугерираме дека задолжителна опција е две застанувања во бокс, при што ќе се користат жолти и бели пневматици."
"Иако новата C4 смеша од која се произведени црвените гуми е прилично блиска по својства со C3 смешата, жолти гуми за оваа трка, ние не мислиме дека е валиден избор, дури и ако може да понуди повеќе грип во почетниот стинт."
"Всушност, оние што ќе стартуваат подолу во поредокот би можеле да ја бараат својата шанса за напредување со продолжен прв стинт на белите гуми и донесат вистинска одлука кога да ги променат."
"Она во што можеме да бидеме сигурни е дека, се чини, дека сè е наместено за да гледаме неизвесна и возбудлива трка."
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начин да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот, секако и стримови со директен пренос од сесиите...
Оскар Пјастри: "Мислам дека ни претстои многу интересна трка. Ваква деградација на гумите одамна не сме виделе. Се прашувам што се ќе случи утре."
Зак Браун: "На патеката во Шангај, пол позицијата е критична. Кога Оскар го престигна Макс за време на спринтот, очекувавме да го стигне и Луис, но тој не успеа да го стори тоа."
"Генерално, овде е особено важно патеката пред вас да биде чиста и се надеваме дека Оскар ќе успее да има добар старт и ќе може да го задржи водството."
Тото Волф: "Сите се обидуваме да ја разбереме финтата за работа со гумите, бидејќи гледаме колку е тоа важен фактор. Ферари доминираше на спринтот, а во квалификациите нивните возачи стигнаа само до 5-то и 6-то место."