Лиам Лосон издржа две трки во Ред Бул. Лошите резултати во Австралија и Кина не поминаа добро кај раководството на тимот, кое уште еднаш не се двоумеше да отпушти свој возач.
Почнувајќи од следната трка, Јуки Цунода ќе биде новиот тимски колега на Макс Ферстапен во Ред Бул. Она што беше на големо шпекулирано од крајот на Кинеското ГП, сега е реалност.
Јуки Цунода е новиот возач на Ред Бул на штета на Лиам Лосон, кој не можеше да го покаже својот потенцијал на првите две трки од сезоната.
Ред Бул денес ја официјализираше размената на возачи пред Големата Награда на Јапонија, што значи дека Цунода ќе има можност да дебитира во Ред Бул на неговата домашна трка и на Хонда, како неговиот главен поддржувач. Има гласини дека овој потег го поткрепиле финансиски со 20 милиони долари.
Лосон го имаше најлошото деби во историјата на возачи на Ред Бул тимот. Во Австралија се квалификуваше на осумнаесеттото место и не успеа да ја заврши трката, откако удри во заштитните бариери.
Во Кина, Новозеланѓанецот беше уверен дека ќе се искупи за грешкие и ќе му покаже на својот тим дека е на висина на задачата, но тој го имаше најлошото време во квалификациите и стартуваше од задниот дел на гридот, додека во неделата успеа да заврши само петнаесетти, иако успеа да се искачи на дванаесетото место благодарение на трите дисквалификации.
Овие резултати го разочараа Ред Бул, бидејќи разликата со Макс Ферстапен беше повеќе од забележлива и доведоа до негово отпуштање во рекордно време.
Јуки Цунода, од друга страна, имаше подобар почеток на годината. Јапонецот импресионираше со своите настапи во Австралија и Кина, особено во квалификациите, а неговите перформанси доведоа до тоа Хелмут Марко, Кристијан Хорнер и компанија да го изберат за тимски колега на Ферстапен во Ред Бул.
Кристијан Хорнер, тимски шеф на Ред Бул: "Тешко беше да се гледа како Лиам се бори со RB21 во првите две трки и, како резултат, колективно донесовме одлука да направиме рана промена. Влеговме во новата сезона со две амбиции: да ја задржиме титулата кај возачите и да го вратиме шампионатот за конструктори, и ова е чисто спортска одлука."
"Признаваме дека мора да се работи напорно на развојот на сегашниот болид, а Јуки со неговото искуство ќе допринесе многу на тоа поле. Му посакуваме добредојде во тимот и со нетрпение очекуваме да го видиме зад воланот на RB21."
"Имаме должност да го заштитиме Лиам, и да се дејствува брзо за тој да може да стекне искуство додека ја продолжува својата кариера во Ф1 со Рејсинг Булс, средина и тим кој многу добро го познава."
Отсекогаш член на Б тимот, целта на Цунода беше да се искачи во првиот тим, но кога Ред Бул реши да ја прекине врската со Перез, Лосон доби предност, принудувајќи го да вози за Рејсинг Булс уште една година, за која се навестуваше дека може да биде и последна за него во Формула 1 шампионатот.
Сепак, новата можност се појави порано од очекуваното и Цунода сега се чини подготвена да ја преземе. Така, новата страница во неговата Ф1 кариера ќе започне на трката за Големата Награда на Јапонија, негова домашна трка.
Јапонецот ќе треба да докаже дека Ред Бул не згрешил со него, дека го заслужува седиштето и дека може да биде блиску до Ферстапен.
Новозеланѓанецот, од своја страна, исто така има тешка задача пред него и ќе треба да ја врати самодовербата и да докаже дека може да биде конкурентен за да може да го врати своето место во Ред Бул во иднина.
За Цунода, промената е со висок ризик. Тој го замени болидот во кој се чувствуваше пријатно и со кој постигнуваше резултати, за болид кој треба да биде побрз во теоријата, но потежок за возење и поставување.
Останува да видиме како ќе се снајде во пракса. Секако неговата конституција игра голема помош. Ако не друго, ситниот Јапонец има значителни килогорами предност во однос на Макс Ферстапен, а знаеме дека и еден килограм значи многу во оваа ера на Ф1 болиди.
Како и да е, теоретски Јапонецот ја возеше неговата последна сезона во врниот мотоспорт, па нема што да изгуби! Само напред, Јуки Цунода!
Лиам Лосон го поздрави неговото враќање во Рејсинг Булс, и постои чувство на олеснување во неговото опкружување, откако Ред Бул ја донесе оваа одлука.
Младиот Новозеланѓанец ќе има уште една можност со вториот тим да се обнови како возач и повторно да ја открие брзината што го привлече вниманието на раководството на Ред Бул. Тој ќе се врати во тимот со кој дебитираше во Формула 1, со цел да ја врати својата најдобра форма и да се изгради повторно како возач.
Советникот на австрискиот тим, Хелмут Марко, призна дека неговото рано промовирање во првиот тим било грешка, но тие се уште веруваат во него и тој ќе има уште една шанса со поранешниот Торо Росо.
Лосон се враќа во тимот од Фаенца, со кој учествуваше на 11 од неговите 13 Формула 1 трки до денес. Неговото време во Ред Бул беше многу кратко, многу пократко отколку што сите очекуваа, но сега, тој се врати на истата позиција на која беше на последните шест трки од 2024 година.
На 22 години има уште многу пред себе, а ако се претстави добро, ќе му се најдат повеќе можности. Лосон стана третиот возач кој се вратил во вториот тим по неуспех во Ред Бул.
Тоа е нешто што веќе им се случи на Даниел Квјат во 2016 година и на Пјер Гасли во 2019 година. Ниту еден од нив не возеше за Ред Бул повторно, но во случајот на Французинот, неговиот втор ангажман во тимот од Фаенца беше од голема помош за неговата иднина во Формула 1 шампионатот.
Ред Бул не го избра Лиам Лосон пред Јуки Цунода заради каприц. Тие имаа многу податоци за Новозеланѓанецот, споредбени податоци меѓу двајцата од минатата и 2023 година.
Шест трки како тимски колеги минатата година, пет претходната година. Во 2023 година, резултатите на Лиам беа малку подобри од Јапонецот.
Во 2024 година беше обратно и Јуки беше за малку подобар, пред се поради неговите подобри настапи во квалификациите и обезбедување подобра стартна позиција на трките.
Но, не се важни само резултатите. Постои длабинска анализа на причините за изведбата, типот на возење, способноста за еволуција итн.
Имаше само едно нешто што не можеше да се измери: притисокот да се биде тимски колега на Макс, да се постигнат резултатите што му се потребни на Ред Бул за шампионатот во конструктори и да се има на ум дека мораше да се справиш подобро од Серџо Перез од втората половина на минатата сезона.
Лосон сигурно ќе има многу порелаксирано возење во Рејсинг Булс. Прво, затоа што тоа е болид со кој тој е запознаен и добро се приспособи, иако овогодинешниот болид изгледа значително подобар од минатогодишниот. И второ, Макс повеќе не е тука да го поставува реперот што треба да се достигне.
Проблемот на Ред Бул во моментов не е конкурентноста на RB21, туку соочувањето со значајниот предизвик за следната сезона и развојот на RB22.
Тие нема да можат да сметаат на човекот кој го насочуваше развојот и дизајнот на претходните болиди, а новите правила се многу поразлични, но исто така се соочуваат и со предизвикот на сопствената погонска единица, со поддршка на Форд, се разбира, но сепак своја.
Опција на која Макс Ферстапен гледа со загриженост и немојте да бидете изненадени ако фабриката за гласини во падокот наскоро почне да се фокусира на иднината на актуелниот шампион во Формула 1.
Тоа е ајде доста е пишување за оваа статија, претеравме... Поздрав до сите и добра ноќ за сите кои ја дочитаа до самиот крај...
ЛИАМ ЛОСОН ИЗДРЖА ДВЕ ТРКИ ВО РЕД БУЛ
3/27/2025 09:00:00 PM
6 minute read
0
Share to other apps