Цела недела главен фокус е новиот достапен начин за гледање на Формула 1 преносите во Македонија. Новото место се каналите на Арена. Корисниците на А1 може конечно да изгледаат трка на раат, особено во овие рани саати, кога повеќето се во кревет.
Се е каша попара на ова поле, засега на повеќето кабловски оператори се уште ги имате и каналите на СК Хрватска. Ќе видиме до кога ќе функционираат и ќе емитуваат преноси за кои немаат право на територијата на Македонија.
Наверојатно треба време да се стави ред кај нас, бидејќи само што го официјализираа преземањето во Србија, па потоа на ред треба да се Босна, Црна гора, Македонија.
Прашавме неколку наши оператори за официјална изјава, ама сите се однесуваат како да се паднати од Марс! Ажурни се само кога треба да се наплати сметката.
Но, она што е најважно за нас со почеток на првиот тренинг нема повеќе дебати СК, Арена и останато, тие зборови се ЗАБРАНЕТИ и ставени на црната листа за блокирање!
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
Целосен фокус само на Големата Награда на Јапонија.
СТРИМОТ ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН И ЛИНКОТ ЌЕ БИДЕ ДОСТАПЕН ВО ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИТЕ.
ПЕТОК
ТРЕНИНГ 1 04:30-05:30 MK (АРЕНА 2 ПРЕМИУМ)
ТРЕНИНГ 2 08:00-09:00 MK (АРЕНА 1 ПРЕМИУМ)
САБОТА
ТРЕНИНГ 3 04:30-05:30 MK (АРЕНА 1 ПРЕМИУМ)
КВАЛИФИКАЦИИ 08:00 MK (АРЕНА 1 ПРЕМИУМ)
НЕДЕЛА
ТРКА - 07:00 MK (АРЕНА 2 ПРЕМИУМ)
За тркачкиот викенд во Јапонија каде доминираат брзи свиоци може да очекуваме многу конкурентен викенд за Мекларен, а потоа на хартија следуваат Ред Бул и Мерцедес АМГ.
Мекларен во однос на двата ривали ќе има предност и во бавните свиоци и во деградацијата на Пирели гумите, но може минимално да заостанува во последниот сектор на Сузука.
Ферари не би требало да биде толку конкурентен врз основа на она што го покажа досега на претходните две трки, а предноста која што ја добива главно во бавните свиоци нема да биде целосно искористена.
Во средината на поредокот, се очекува Хас да биде репер, благодарение на одличното менаџирање со гумите, и тие најверојатно ќе можат да ги надминат Рејсинг Булс и Вилијамс.
Астон Мартин би можел да се мачи во бавните зони, додека Алпин е добар во побрзите зони, па тие би можеле да бидат чекор поназад.
За првиот сектор е потребен болид кој влегува моќно во свиоците и негово приспособување да реагира без подуправување или губење дури и милиметар од тркачката линија.
Затоа, ќе биде многу важно да се генерира аеродинамично оптоварување на предната оска, а задната оска да го поддржи без да се создаде пролизгување.
Штом ќе заврши рингишпилот од последователни свиоци од првиот сектор, пристигнуваат четири делови каде на дело треба да се покаже тракција и брзина на болидот, многу повеќе ориентирани кон задниот дел, но без да се заборави предниот дел во Spoon и во 130R. Работата на ЕРС-системот за излез од овие свиоци прави разлика.
Многу е важно да се осигура дека возачот ќе има целосна доверба во однесувањето на својот болид, да се движи како по шини низ свиоците, затоа што во спротивно гумите ќе бидат подложени на зголемена деградација и прегревање. Да се биде едно, помеѓу возачот и болидот е многу важно на оваа патека.