Оскар Пјастри го имаше најбрзото време на петочните тренинг сесии, 50 илјадитинки пред тимскиот колега од Мекларен, Ландо Норис. Исак Хаџар изненадување на хаотичниот втор тренинг на патеката Сузука.
Џек Дуан со страшно излетување и Фернандо Алонсо беа главните протагонисти на втората тренинг сесијата. Двајцата возачи предизвикаа развејување на црвените знамиња, иако Шпанецот, за среќа, само остана заглавен во чакалот покрај патеката.
Возачите не научија многу во само околу 20-тина минути ефективно возење на најважната сесија за конфигурација за болидот. Првичните импресии се дека возачите на Мекларен продолжуваат да доминираат. Останатите во Топ 8 пласманот се во разлика од само една десетинка.
Сесијата започна со излетувањето на Џек Дуан. Австралиецот, кој имаше комплетирано само три круга, заврши директно во заштититните бариери покрај првиот свиок, со голема брзина.
Неговиот Алпин беше значително оштетен, а тој дури имаше потешкотии да излезе. Иако на радио брзо кажа дека е добро, мораше да оди на преветивен преглед во медицинскиот центар.
Излетување што имплицира повеќе компликации за австралиецот. Во случај да не може да го продолжи викендот, Рио Хиракава кој го возеше истиот болид на Т1 е подготвен да го замени, бидејќи Франко Колапинто не отпатува во Јапонија. Но, по напуштањето на медицинскиот центар се чинеше дека Дуан е добро.
Второ, и ако добие дозвола за настап, ќе има проблеми, бидејќи едвај има искуство на оваа предизвикувачка патека од старата школа. На првиот тренинг, тој беше заменет со јапонскиот резервен возач на тимот, па имаше многу работи да научи, со оглед на неговиот статус на дебитант.
Акцијата на вториот тренинг беше закажана да продолжи кога останаа 30 минути до завршување на денот во Сузука. 20-те возачи се наредија на пит-линијата, нестрпливо чекајќи часовникот да отчука 15:30 по локално време, 08:30 по македонско време.
Но, акцијата не траеше долго, туку само неколку минути. Фернандо Алонсо, кој во тој момент го имаше третото најбрзо време, излета и заврши заглавен во чакалот покрај патеката. Тој не можеше да врати болидот на патеката, па сесијата за него беше завршена, а црвените знамиња повторно беа развеани за да се отстрани неговиот Астон Мартин.
Зелените знамиња беа развеани на околу 17 минути до истек на сесијата. Сите возачи ги монтираа црвените гуми за да ги почувствуваат своите болиди во квалификациски мод.
Но, сесијата беше повторно прекината на 14 минути до крајот. Се запали сувата трева покрај патеката од искрите од подот на болидите. Сите се вратија во своите гаражи, каде не поминаат премногу време, но доволно долго за да се попречи ритамот на возење. Сесијата стануваше се пократка и пократка.
Малку заклучоци може да се извлечат од оваа втора тренинг сесија. На седум минути преостанати, малкумина се одлучија за најмеката смеша кога зеленото светло го продолжетокот на акцијата.
Во тоа преостанато време се изврши замена на позициите помеѓу Ландо Норис и Оскар Пјастри, во однос на она што беше видено неколку часа претходно на првиот слободен тренинг.
Мекларен продолжува да доминира, имаше предност од огромни четири десетинки зад најблискиот ривал, кој изненадувачки беше Исак Хаџар на третото место.
Од времето на возачот на Рејсинг Булс до тоа на Макс Ферстапен, на осмото место на крајот од денот, имаше малку повеќе од десетинка.
Пожарот повторно се појави, па тренингот заврши под развеани црвени знамиња. Со помалку од една минута преостаната, возачите мораа да се вратат во своите гаражи, за маршалите да го изгаснат мини-пожарот што повторно избувна на тревата.
Проблем кој треба да се поправи пред трката, особено со најавите за дожд на неделната трка.
Ландо Норис го предводеше првиот тренинг за Големата Награда на Јапонија, додека сите погледи беа насочени кон Јуки Цунода, кој беше само една десетинка зад најдоброто време на Макс Ферстапен. Добро деби за локалниот херој во првиот тим на Ред Бул.
Во оваа сесија, на местото од Џек Дуан во болидот на Алпин се појави уште еден Јапонец, Рио Хиракава.
Многу разновидни гуми за почеток на викендот. Двата Ред Була, овој пат обоени во бело, беа единствените кои се појавија со црвените пневматици од самиот почеток, но жолтите беа користени од најголемиот број возачи. Астон Мартин и Рејсинг Булс стартуваа со бели.
Најмеката смеша им даде предност на Ред Бул и Макс Ферстапен, кои поведоа во почетните минути, но потоа Џорџ Расел го презеде врвот на табелата, во очекување на возачите на Мекларен.
Возачот на Мерцедес АМГ го победи времето со кое Ферстапен го предводеше првиот тренинг во Јапонија минатата година за речиси една секунда.
Кога тој премина на црвените гуми, на околу половина од сесијата, Британецот се подобри на 1:28.809. Останатите имаа повеќе трпение и го продолжија возењето со претходната смеша пред да ја пробаат најмеката.
Расел можеше да се подобри во својот втор обид, но откако Мекларен и Норис ги оставија своите проблеми зад себе во последната шикана, тие го презедоа водството.
Лидерот во шампионат забележа време од 1:28.549 со кое се најде на врвот на табелата, со Расел втор, и двата болиди на Ферари и Ред Бул веднаш зад нив.
Изненадување во Ред Бул, со Цунода на само десетинка зад Ферстапен, навистина блиску на патека која што многу добро ја знае и каде што освои поени минатата година со РБ и каде што се чувствува многу удобно.
Добро деби за Јапонецот, кој значително ја намали разликата со Макс во неговата прва сесија зад воланот на проблематичниот RB21, но важно ќе биде што ќе се случи утре за време на квалификациите.
Како најдобри од останатите, во средината на поредокот, ги видовме Фернандо Алонсо и Астон Мартин, седми и со одлично темпо во првиот сектор.
Исак Хаџар беше уште едно позитивно изненадување со осмото место. Французинот продолжува да напредува зад воланот на Рејсинг Булс и во оваа сесија беше најдобар од сите дебитанти, дури и пред Андреа Кими Антонели, кој беше деветти со Мерцедес АМГ.
Карлос Саинц Јр. го комплетираше Топ 10 поредокот, непосредно пред Алекс Албон.
Тренинг сесијата заврши по 15 минути возење на подолги стинтови, каде се бараше перформанси за тркачко темпо. Но, во таа смисла, најважен е вториот тренинг кој се одржува во истото време, кога ќе се оджат квалификациите и неделната трка.
МЕКЛАРЕН ДОМИНАНТЕН НА СУЗУКА
4/03/2025 10:53:00 PM
5 minute read
0
Share to other apps