Оскар Пјастри е Победник на Големата Награда на Бахреин, водејќи ја трката речиси од почеток до крај и држејќи ги зад себе Џорџ Расел и Чарлс Леклер. Ландо Норис, трет во финишот.
Австралиецот со ова се етаблираше како кандидат за шампионската титула, со само три поени заостанување зад својот тимски колега, 77 спрема 74. Доколку не беа двете грешки во два свиоци, едениот во Австралија кога започна да врне, минатата трка во квалификациите, сега ќе беше далеку напред!
Ландо Норис, од своја страна, имаше силен настап и го спаси викендот во споредба со саботата, кога не можеше да се избори за повеќе од шестата стартна позиција.
Разликата во однос на Пјастри може да се зголеми, ако се земе предвид дека Расел е под истрага за наводно отворање на ДРС кога не требало. Ова е нешто што стјуардите го разгледуваат по крајот на трката, а тоа може да го промени конечниот резултат.
Непредвидливоста на Бахреин и, пред сè, неизвесноста во однос на деградацијата го диктираа исходот при изборот на возачите и нивните стартни пневматици. Изборот се сведе на црвени и жолти, 15 возачи ја избраа најмеката смеша.
Возачите на Ферари се одлучија за жолти гуми, а истата стратегија ја следеа и Фернандо Алонсо, Лиам Лосон и Габриел Бортолето. Оваа обратна стратегија на Ферари првично им наштети на стартот. Леклер загуби две позиции, од Расел и Норис.
Британецот, кој беше жестоко критикуван по вчерашните квалификации, имаше извонреден старт, од П6 на П3. Тој набргу почна да го брка возачот на Мерцедес АМГ.
Добар старт и за Карлос Саинц Јр. кој напредуваше неколку позиции, пред Макс Ферстапен и Андреа Кими Антонели. Сите на жолти гуми имаа лош старт, Алонсо беше претекнат од Алекс Албон, кој се чинеше дека има повеќе темпо.
Следуваше објава на тркачкиот директор, во која се соопшти дека извонредниот старт на Норис дошол како резултат на неговата неправилна поставеност на стартната позиција. Одличниот старт беше анулиран со казната од пет секунди.
Во меѓувреме, тимот објасни што треба да направи: да го престигне Расел и да направи најголемата можна разлика. Но, едно е теорија, друго е пракса.
Во 10-от круг возачите со црвени гуми почнаа да имаат проблеми. Пјастри го даде првото радио предупредување дека малку се мачи со гумите, но имаше водство од три секунди.
Во меѓувреме, Саинц Јр. почна да ги губи добиените позиции, на крајот падна на десеттото место, а Антонели го престигна Гасли и се искачи на петтото место.
Прв од водечките во бокс се упати Норис, 11-ти круг, за да ги смени пневматиците и да ја одработи казната. Потегот на Британецот го следеа и Гасли и Ферстапен. Двајцата се одлучија за жолти гуми, Холанѓанецот за бели и многу лош пит-стоп. Ред Бул семафорот не светна зелено.
Тоа не го направи ниту со Цунода, па двајцата возачи на Ред Бул изгубија драгоцени секунди.
Во меѓувреме, Естебан Окон, еден од возачите кој влезе во бокс многу рано во трката, успеа да ги претекне Ферстапен, Антонели и Цунода. Болидот на Хас имаше темпо, па Макс остана заглавен зад него и не можеше да го претекне со белите гуми, кои беа катастрофален избор за оваа трка.
Двајцата возачи на Ферари ја предводеа трката, по 15-от круг, кога Оскар Пјастри и Џорџ Расел влегоа во бокс по нови гуми, жолти. Леклер и Хамилтон се упатија во бокс 6 круга подоцна од останатите ривали.
Како никогаш досега имавме возачи со различна старост на гумите во ист момент на патеката. Сите сакаа да ја погодат вистинската стратегијата и смеша. Но, на крај се беше едноставно, мора да бидете брзи за да имате резултат!
Возачите на Ферари во тој момент се разбудија, темпото на Леклер и Хамилтон беше одлично. Британецот прво го престигна Дуан, во 22-от круг, а следен за престигнување беше Ферстапен. Ферарито имаше многу поголема брзина од возачот на Ред Бул, кој дури и не пружи никаков отпор во обидот да се избори за осмото место.
Напред, Чарлс Леклер веќе сакаше да го претекне Норис и да има шанса на подиумот. Деградацијата играше клучна улога, а Ферари знаеше како да ја контролира во овие моменти од трката.
Тие беа главните протагонисти на тој втор стинт, главно поради тоа што имаа понови гуми, нешто многу важно во трка каде што деградацијата беше одлучувачки фактор.
Ферстапен повторно застана во 27-от круг за да се ослободи од очајните за него бели пневматици, а имаше зачувано дури два нови сета! Многу лоша изведба на стратегистите на Ред Бул за овој викенд. За да бидат работите уште полоши, предното десно тркало не сакаше да се откачи.
Вториот негов пит-стоп беше уште побавен од првиот со 6.2 секунди. Холанѓанецот падна на последното место, но сега беше на жолтите гуми. Антонели во меѓувреме монтираше сет на црвени пневматици.
Карлос Саинц Јр. имаше интензивна борба со Цунода во 31-от круг. Тоа беше битка за позиција, бидејќи и двајцата имаа само еден пит-стоп до тој момент. Спектакуларни потези на двајцата, кои не сакаа да ја испуштат можноста да продолжат на чиста патека.
Во таа битка дојде до контакт помеѓу болидите на Вилијамс и Ред Бул, по што на асфалтот се најдоа многу карбонски парченца од болидите. Тркачкиот директор се реши за воведување на безбедносното возило како би се исчистила патеката.
Речиси сите возачи се упатија во бокс по нови гуми. Пјастри, Расел, Леклер и Норис, набргу потоа и возачите на Ферари. 14 возачи ја искористија оваа можност за да стават нови гуми.
Трката беше рестартирана на крајот од 35-от круг, а Расел се обиде да го претекне Пјастри. Причина? Британецот се реши за црвените гуми со преостанати 24 круга до крај на трката.
Сепак, Мекларенот е моќен болид и Пјастри го задржа водството. Норис, исто така, се обиде да го помине Леклер, кој сега беше на бели гуми, но тоа го чинеше позиција од Хамилтон, кој беше веднаш зад него. На крајот, многу брзо возачот на Мекларен продолжи да ги дели двата болиди на Ферари, кои сега се најдоа на најлошите бели гуми за денешната трка.
Многу тешка трка за Саинц Јр.. Шпанецот претрпе голема штета по судир со Цунода, што ја уништи десната страна на неговиот болидот, предизвикувајќи тој постепено да губи позиции и време. Имаше голема дупка на неговата каросерија.
Тој дури заработи и казна од десет секунди поради туркањето на Антонели надвор од патеката. Така тој не можеше ниту да ја заврши трката.
Во последните кругови Норис имаше една цел: да го помине Леклер што побрзо за да се обиде да го помине и Расел. Британецот во Мерцедес АМГ беше со црвени гуми и мораше максимално да ги менаџира за да стигне до целта.
Времето кое му беше потребно на возачот на Мекларен да го материјализира претекнувањето на Моначанецот не беше брзо како што планираше, а тоа го направи дури во 52-от од 57 круга за трката.
Веднаш го стигна Џорџ Расел и имаше четири круга да нападне. Но, Норис беше под закана за казна поради надминување на границите на патеката, па мораше да се држи строго во границите на истата, плус болидот на Расел беше пред транспондер, па беше тешко да се користи навремено ДРС-системот.
Џорџ Расел случајно го отвори ДРС-от во зона каде не смее да се користи, нешто што стјуардите го разгледуваа на крајот од трката, но не беше доделена никаква казна!
На правецот помеѓу свиоците 10 и 11, возачот се обидел да контактира со тимот преку радио користејќи го копчето, но наместо тоа случајно го активирал ДРС-от.
Системот бил активиран 37 метри на правецот од 700 метри, по што тој се здобил со предност од 0.02 секунди, но загуби 0.28 секунди во следниот свиок за да ја надомести таа предност. Тоа било потврдено со телеметрија.
Технички имаше прекршок, но бидејќи
не беше стекната спортска предност, стјуардите решија да не изрекуваат казна.
Стјуардите на Големата Награда на Бахреин го дисквалификуваа возачот на Заубер Нико Хулкенберг поради неисполнување на техничките прописи.
Техничкиот преглед на Заубер C45 откри дека лентата за проверка на долниот дел на подот од болидот била истрошена над дозволеното и не е во согласност со техничките прописи.
Мерните точки покажаа дебелина е 8.4 мм и 8.5 мм. Според техничките прописи, минималната дозволена дебелина на контролната лента по целата должина е 9 мм.
Стјуардите за ваков прекршок ја применија стандардната казна - дисквалификација. Заубер ја призна грешката што ја направиле.
По дисквалификацијата на Нико Хулкенберг, Исак Хаџар, Џек Дуан, Фернандо Алонсо, Лиам Лосон, Ленс Строл и Габриел Бортолето се искачија едно место погоре, но овие промени не влијаеја на освоените бодови.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
ОСКАР ПЈАСТРИ ЛЕСНО ДО ПОБЕДА, БЛИСКА БИТКА ЗА ОСТАНАТИТЕ МЕСТА
4/13/2025 04:01:00 PM
0
Share to other apps









