Големата Награда на Саудиска Арабија ја заокружува напорната серија од три последователни трки, пет за шест недели.
Почетокот на сезоната ги покажа силните и слаби страни на тимовите, идентификувани се фаворитите и аутсајдери, а за многумина одреди план за понатамошни активности.
Некои сега конечно ќе се фокусираат на болидите за 2026 година, со оглед на сложеноста на задачата, додека други истовремено ќе се обидат да го истиснат максимумот од тековната сезона, бидејќи во игра се титулите за 2025 година.
Градската патека во Џеда ќе биде одличен крај на првата фаза од шампионатот. Штета што другите патеки на Блискиот Исток не се од овој тип.
На патека со голема брзина, каде што многу свиоци се слепи, иако секоја година се обидуваат да ги направат прегледни, вештината на возачите, нивната способност за напад, прецизно одмерување на степенот на ризик, ја прави трката во Саудиска Арабија неверојатно спектакуларна.
На четирите досега одржани трки, беа оштетени многу болиди, на моменти имавме чувство дека возачите едноставно имаат среќа да избегнат сериозни несреќи, а ова чувство на постојана опасност беше многу популарно кај гледачите.
За време на четирите веќе одржани трки на патеката во Џеда, возачите "искршија" многу болиди, но најдобрите возачи се препознаваат во вакви услови.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
СТРИМОТ ОД ТРКАТА, 19:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Џеда е привремена градска патека, иако со некои постојани делови, која се наоѓа на 30 километарското крајбрежје на овој антички град.
Дизајнирана од компанијата Тилке, во соработка со Формула 1, чиј тим го користеше Google Earth за нивните првични истражувања за потенцијалните конфигурации.
Просечната брзина е над 250 км/ч, што е побрзо од Силверстоун и втора во календарот, веднаш зад Монца. Таа е најбрзата градска патека што некогаш била видена во Формула 1, исто така и патека со најмногу свиоци, 27.
При дизајнирањето, Ф1 и Тилке се обидоа да ги избегнат свиоците од 90 степени типични за урбаните патеки, интегрирајќи три ДРС зони на местата каде претекнувањето е најлесно.
Џеда е опасна и брза патека со многу слепи свиоци. Освен овие слепи свиоци, кои се настојува да се избегнат, се останато е она што посакува секој Ф1 фан, брзина и адреналин. Штета што не се сите патеки на Блискиот Исток како оваа градска патека.
Ова беше желбата на организаторите, да се направи најдобрата патека на Блискиот Исток, а разликата од здодевните Сакир и Јас Марина беше очигледна. Патеката во Џеда е многу поинтересна од Сакир.
Побрза, многу побрза, поопасна, што во прв план ги истакнува вештината на возачите, нивната способност за напад, прецизно дозирање на степенот на ризик.
На хартија, стратегијата со едно застанување треба да биде најбрза за денешната трка, со фокус на жолтите и бели гуми, кои треба да донесат малку побрзо комплетирање на тркачкото растојание во однос на останатите комбинации на пневматици, иако разликите се мали.
За да се изврши оваа оптимална стратегија, прозорецот за застанување во боксот е помеѓу 16 и 22 круг.
Да се стартува на белите гуми, а потоа да се премине на жолтите меѓу круговите 28 и 34, исто така, може да биде конкурентна стратегија, веројатно со надеж за излегување на безбедносното возило, кое е многу веројатно на ваква патека.
За крај, како најбавна опција со едно застанување во бокс е на почетокот да се искористи дополнителниот грип на црвените гуми, по што би се преминало на бели пневматици во периодот од круг 10-16.
Единствената опција што треба да се земе во предвид при стратегија со две застанувања во бокс би вклучувала старт на жолти, т.е. црвени кој ги има, потоа преминување на бели, помеѓу круговите 10 и 16, за да се финишира трката на белите пневматици со второ застанување помеѓу круговите 28 и 34.
На патека како Џеда, секогаш постои висок ризик од "ресетирање" на разликите и прекини, што е доста незгодно.
На тоа добро се сеќава Серџо Перез со искуството што го имаше на трка во 2022 година. Откако ја забележа дебитантската пол позиција во кариерата, тој влезе во бокс еден круг пред излегување на безбедносното возило, што го чинеше шанса за да остане во игра за победата.
Марио Изола, Пирели: "Каква квалификациска сесија беше тоа, особено Q3! Во последните пет минути пол позицијата се менуваше пет пати, а како доказ колку е блиска битката во оваа сезона има четворица возачи од четири различни тимови на првите четири стартни места."
"Секако дека црвените гуми беа единствениот протагонист во квалификациите, а на своето деби овде во Џеда видовме дека C5 смешата е конкурентна не само во текот на првиот брз круг, туку е добра и за втор обид."
"Кога станува збор за стратегии, не чувствуваме дека ситуацијата е променета, и не е случајно што, иако сè уште не е потврдено, огромното мнозинство на возачи, поточно 15 од 20, сите зачуваа по два комплети од белите гуми."
"Се чини дека C3 смешата нуди најдобри перформанси и, е без преголема деградација, па стратегијата со едно застанување е најбрзиот начин на хартија, а редоследот жолти-бели ќе е омилен избор на возачите. Пит-стопот ќе треба да се изведе помеѓу круговите 14 и 20."
"Постојат неколку причини зошто многумина се одлучиле да заштедат два комплети од белите гуми. Прво, да бидат подготвени за какви било можни ситуации со безбедносно возило, кои често биле видени на оваа патека и второ, да имаат резервна опција во случај да има значителна деградацијата."
"Оние кои почнуваат од задниот дел на гридот би можеле да се обидат да напредуваат со замена на редоследот на употреба на смешите, со пит-стоп околу 30-от круг."
"Стратегијата со два пит-стопа не е премногу побавна во однос на вкупното потрошено време, со разлика од околу 5 секунди и повторно би вклучувала користење на C3 и C4."
"C5 смешата, т.е. црвените гуми, може да бидат опција за возачите кои сакаат максимално да ги искористат своите супериорни перформанси во првите неколку круга за да напредуваат неколку места, или ако има безбедносно возило во завршните фази на трката."
Во петокот и саботата беше топло и суво во Џеда, а времето ќе биде исто и на денот на трката.
Сонцето ќе зајде во 18:03 часот. Возачите треба да тргнат за формацискиот круг во 20:00 часот. До овој момент температурата ќе се спушти до 26 Целзиусови степени. Не се очекуваат врнежи.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА ЗА ГН НА САУДИСКА АРАБИЈА
4/20/2025 11:16:00 AM
0
Share to other apps









