Мадрид ја започнува изградбата на својата патека во Формула 1 со Карлос Саинц Јр. како амбасадор.
Прес-конференцијата се одржа во тунелот што ги поврзува IFEMA MADRID и Валдебебас каде што Ф1 болидите ќе достигнуваат брзини над 300 км/ч.
МАДРИНГ започна да станува реалност. По добивањето на градежната дозвола, на 25 Април 20525 година беше поставен камен-темелникот, означувајќи го почетокот на ново поглавје за шпанскиот главен град, кој ќе стане единствената европска престолнина што ќе биде домаќин на трка од Формула 1 Шампионатот.
Проект предводен од IFEMA MADRID претставува остварување на сон што го става не само Мадрид, туку и цела Шпанија на меѓународната спортска мапа.
Овој проект, треба да создаде работни места и да привлече илјадници посетители кои ќе уживаат не само во тркањето, туку и во културата, гастрономијата и начинот на живот на Мадрид.
Главните адути на Мадринг се извонредната локација, на само неколку минути од аеродромот и од центарот на градот.
Амбицијата на IFEMA MADRID е да го претвори главниот град во репер во меѓународниот календар, нудејќи нова парадигма способна да ги комбинира спортот и спектаклот во еден незаборавен настан, сè на оваа патека, МАДРИНГ, која ќе започне да се гради од понеделник.
МАДРИНГ е претставен како уникатно и различно искуство. Патеката од 5.4 километри, со 22 свиоци, со уникатни карактеристики ќе треба да понуди незаборавно искуство за возачите, тимовите и фановите ширум светот.
Карлос Саинц Јр. е назначен за официјален амбасадор на Големата Награда на Мадрид.
"Мадрид е најдобриот град во светот и местото што најмногу ми недостига кога сум отсутен. Беше лесна одлуката да станам амбасадор на МАДРИНГ бидејќи навистина верувам дека можеме да ја изградиме најдобрата патека во светот."
Саинц Јр. ја опиша патеката како патека со харизма и идентитет, истакнувајќи го Ла Монументал свиокот како потенцијален заштитен знак на патеката, кој се издвојува по својата 24% закосеност.
Патеката од 5.4 километри, 22 свиоци и 57 круга, ветува мешавина од возбуда, технички предизвици и силна посветеност на одржливоста, еден од основните столбови на проектот, предводен од UTE Circuito Madrid, заедничко вложување од ACCIONA (60%) и Eiffage Construcción (40%).
ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА "ЛУДАТА ПАТЕКА" ВО МАДРИД
4/26/2025 08:23:00 PM
0
Share to other apps



