Големата Награда на Мексико уште три години ќе остане во календарот на Формула 1.
Договорот со Либерти Медиа е продолжен до 2028 година, а патеката Браќа Родригез ќе продолжи да биде дел од врвниот мотоспорт.
Откако се врати во календарот во 2015 година, Мексико е еден од најневеројатните настани во целата сезона на Формула 1.
Иако патеката Браќа Родригез не понуди трки кои се истакнуваат, она по што е забележан овој настан е атмосферата на патеката, неверојатната и голема база на Ф1 фанови кои му даваат на тркачкиот викенд навистина посебен шмек.
Претходниот договор истекуваше оваа 2025 година, но организаторите на трката и Либерти Медиа постигнаа договор за продолжување од три години.
Тоа значи дека настанот ќе остане во календарот барем до 2028 година. Ова е одлична вест за Мексико, чиј интерес за големиот циркус не се намали по заминувањето на Серџо Перез.
Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, е воодушевен што го продолжи договорот со настанот кој е одлика на страста, возбудата и енергијата на мексиканските фанови барем до 2028 година.
"Многу сме возбудени што можеме да објавиме дека Мексико останува дел од нашиот календар до 2028 година. Формула 1 е за енергија, страст и возбуда, и секоја година, оваа единствена атмосфера, создадена од нашите фанови во Мексико Сити, е една од најневеројатните во сезоната."
"Со нетрпение очекуваме да го продолжиме ова извонредно партнерство и повторно да го видиме ентузијазмот на фановите во октомври.
Со ова соопштение, Мексико го обезбедува своето присуство во календарот за 2026 година, кој вклучува 24 трки по потврдата на Големата Награда на Мадрид. Затоа, иако сè уште нема официјално соопштение, Имола би била патеката што би се збогувала со Формула 1, отстапувајќи место за Мадринг.
МЕКСИКО ОБЕЗБЕДИ НОВ ТРИГОДИШЕН ДОГОВОР
4/30/2025 07:41:00 PM
0
Share to other apps



