Двата возачи на Рејсинг Булс го завршија петокот на Сузука во првите пет најбрзи возачи и пред возачите на Ред Бул.
Вториот тим пред првиот, слика која како одминуваат трките станува секојдневие, иако Макс Ферстапен речиси секогаш е исклучок од правилото, тоа не беше случај денес.
Историски гледано, стариот Торо Росо, Алфа Таури, РБ сега Рејсинг Булс има традиција да настапува со повеќе сила на петочните тренинг сесии, нешто што им овозможува да бидат повисоко на табелата отколку што нивната изведба на патеката всушност ја одразува нивната вистинска форма.
Она што е јасно е дека VCARB 02 е многу солиден болид во квалификациско темпо и на втората тренинг сесија, беше втор најбрз, само зад Мекларен. Хаџар имаше одлична трета позиција, зад двата папаја болиди, додека Лосон беше петти во само вториот контакт со овој болид.
Два болиди во Топ 5, но не може да занемариме дека тоа го направија на тренинг сесија со четири прекини, со кои беа уништени тест плановите на тимовите. Но, секогаш треба да се искористи моментот!
Се чини дека болидот има одлично квалификациско темпо, очигледно не за да се бори за топ 5 пласман, туку да биде сериозна конкуренција на Астон Мартин и Вилијамс во борбата за Q3.
Двата нивни возачи завршија пред Ред Бул. Ферстапен беше тој што во последните недели спречи ова да стане нешто вообичаено, но денес тоа не беше случај, иако е точно дека од другата страна на гаражата, Јуки Цунода имаше задоволителен прв тренинг.
Ферстапен не можеше повеќе од осмото место на Т2 и неговите радио коментари не беа баш најохрабрувачки. Цунода, од своја страна, остана на дното на табелата, но без шанса за брз круг. Јапонецот се покажа на првиот тренинг, откако заврши една десетинка зад Ферстапен.
Тој не можеше да го повтори тоа, но ќе го видиме неговиот реален потенцијал зад воланот на RB21 утре на саботниот тренинг, 04:30 MK, и потоа она вистинското квалификациите, закажани за 8 часот по наше време.
НЕВООБИЧАЕН ПЕТОК: РЕЈСИНГ БУЛ ПОДОБРИ ОД РЕД БУЛ
4/04/2025 12:06:00 PM
2 minute read
0
Share to other apps