Мекларен продолжува да делува застрашувачки на градската патека во Џеда. Ландо Норис и Оскар Пјастри беа далеку најбрзите возачи на саботната тренинг сесија.
Ландо Норис беше на врвот на табелата, Оскар Пјастри заостана само 0.024 делови од секундата. Тимот од Вокинг беше за повеќе од шест десетинки пред неговиот најблизок ривал, Џорџ Расел.
Третиот тренинг за Големата Награда на Саудиска Арабија не е најрепрезентативен, бидејќи клучните сесии се одржуваат ноќе.
Возачите седеа во своите гаражи под клима, само Бортолето, кој го пропушти вториот тренинг поради истекување на гориво, се упати кон патеката.
Во однос на петокот, состојбата на патеката беше подобрена, асфалтот беше покриен со искористена гума, а имаше помалку грешки и излетувања.
Возачите возеа неколку серии на црвените гуми, само Бортолето ги тестираше жолтите, со кои не работеше претходниот ден, па му останаа неколку сетови.
Сесијата помина без поголеми возбудувања. Јуки Цунода му пречеше на Пјастри во брз круг, па Австралиецот мораше да закочи за да избегне контакт.
Постепено зголемувајќи ја брзината, возачите се приближија до рекордот на патеката кој моментално го држи Макс Ферстапен со 1:27.472.
Во следната сесија на програмата, квалификациите, секако ќе биде подобрен, со оглед на досегашните забележани времиња и еден чекор помеките смеши номинирани од Пирели
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
СТРИМОТ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ 19:00 MK ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
МЕКЛАРЕН ЈА ПОТВРДИ СВОЈАТА СУПЕРИОРНОСТ
4/19/2025 03:01:00 PM
0
Share to other apps




