Чарлс Леклер беше најбрз и на втората тренинг сесија за Големата Награда на Монако. Моначанецот го победи Оскар Пјастри за само 38 илјадити делови од секундата, а Луис Хамилтон за една десетинка.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начин да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
СТРИМ ОД Т3 И КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По првата тренинг сесија на која најбрз беше Чарлс Леклер, следно на програмата беше вториот тренинг, каде се продолжи со процесот на фино подесување на болидите за квалификациите и трката.
Немаше време за губење. Лиам Лосон ја отвори сесијата, по што следеше долг список на возачи, од кои повеќето беа на жолтите гуми. Првото забележано време за Новозеланѓанецот беше 1:16.879, но тоа наскоро беше подобрено.
Возачите на Ферари стартуваа со времиња во долната граница на 1:14, а тие на Мекларен со времиња во горните граници на 1:13, додека Макс Ферстапен го презеде водството во својот прв круг со време од 1:12.922.
Помалку од шест минути од почетокот на сесијата, Исак Хаџар предизвика развејување на црвените знамиња допирајќи ја заштитната бариера на влез во шиканата по тунелот.
За среќа, Французинот успеа да се врати во својата гаража, а црвеното знаме беше краткотрајно.
Веднаш по рестартот, најбрзите тимови брзо притиснаа и Оскар Пјастри веднаш го подобри времето на Холанѓанецот на 1:12.548.
Изненадувачки, Чарлс Леклер, и покрај тоа што користеше бели гуми, се пласираше на првото место со време од 1:12.103, четири десетинки пред Оскар Пјастри и Кими Антонели.
Неколку секунди по кругот на Моначанецот, Оскар Пјастри се удри челно во бариерите пред првиот свиок. Австралијанецот не беше повреден и продолжи без предното крило, чии остатоци ги собраа маршалите. Црвените знамиња беа веднаш равеани.
По второто стопирање на сесијата, многу возачи излегоа на црвените гуми на Пирели, а времињата, како што се очекуваше, се намалија.
Фернандо Алонсо беше еден од првите што комплетираше брз круг на најмеката смеша, пласирајќи се на првото место на табелата со време од 1:12.087.
Возачите на Ферари, и без црвените гуми, беа многу брзи до тој момент, а Хамилтон дури и го победи Фернандо за 0.062, но во вториот круг со црвените гуми. Шпанецот се подобри на 1:11.890 и се врати на првото место.
Секако, кога возачите на најбрзите тимови ги зголемија перформансите, сè се промени. Чарлс Леклер, во својот прв круг со црвените гуми, забележа време од 1:11.414, а во вториот се подобри на 1:11.355.
На крајот, никој не можеше да го победи Леклер. Луис Хамилтон се приближи со 1:11.460 во својот седми круг со најмеките гуми, додека Оскар Пјасти се приближи уште повеќе со 1:11.393.
Ландо Норис заостануваше три десетинки, а возачите на Рејсинг Булс околу половина секунда. Фернандо Алонсо, со слично заостанување финишираше на седмото место, пред Албон, Антонели, Ферстапен и Цунода.
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР УБЕДЛИВ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН
5/23/2025 03:31:00 PM
0
Share to other apps