Секој круг во Монако вреди злато за возачот да изгради самодоверба и да го почувствува лимитот на својот болид. 180-те минути тестирање пред квалификациите се навистина важни, можеби поважни од кој било друг викенд.
Како што минуваат минутите, возачот се приближува сè поблиску до бариерите. Со почетокот на тренинг сесијата сите возачи веднаш излегоа во акција, а беа користени сите три смеши на Пирели.
Не се чекаше долго на првиот инцидент. Ленс Строл беше доцна предупреден дека Чарлс Леклер доаѓа брзо позади, па Ферарито заврши во задниот дел на болидот на Астон Мартин.
На прв поглед се чинеше дека единствена штета беше предното крило на SF-25, а парчиња карбон беа расфрлани на патеката. Поради тоа сесијата беше стопирана, за да се исчистат остатоците од патеката.
Во тој период, ја видовме долгоочекуваната слика од Адријан Њуи во гаражата на Алонсо како си води белешки со секогаш популарната тетратка што толку ги возбудува фановите и предизвикува толку голема почит од конкуренцијата.
Иако болидот на Строл првично изгледаше дека не е оштетен, тој не се врати назад на патеката, а неговите механичари мораа да извршат замена на подот, дифузерот, задната амортизација и менувачот.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начин да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
СТРИМ ОД ВТОРИОТ ТРЕНИНГ ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Ландо Норис стигна до половина од сесијата со најдобро време, 1:12.290, само една десетинка побавно од најдоброто време на Луис Хамилтон на слободниот тренинг минатата година.
Возачите на Ферари и Мекларен се менуваа на врвот на табелата, иако во случајот на Хамилтон, тој возеше на жолти гуми во споредба со црвените гуми на другите тројца.
На Леклер не му требаше долго време за да почне да се чувствува како дома, и со време од 1:11.964, тој го презеде водството, три десетинки пред Норис.
Хамилтон, на нови црвени гуми, помеѓу сообраќајот и неколку свои грешки, не можеше да се подобри, а тоа предизвика значително да падне на табелата.
Од оние на врвот, оној кој успеа најмногу да се подобри беше Ферстапен, завршувајќи една десетинка и пол зад Леклер со второто најбрзо време, пред Норис.
Алекс Албон изненади со четвртото место, а лидерот во шампионатот, Оскар Пјастри, беше петти, по малку подискретниот прв тренинг за него.
Џорџ Расел заврши шести за Мерцедес АМГ во сесија во која неговиот тимски колега, Андреа Кими Антонели, се покажа малку полошо.
Саинц Јр. заврши седми, а Пјер Гасли осми. Хамилтон, без да се подобри со црвените гуми, остана со времето забележано со жолтите гуми, што му беше доволно за да заврши деветти, веднаш пред Алонсо, кој беше десетти.
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА МОНАКО