Ландо Норис предводеше нов еден-два резултат за Мекларен, овој пат на третата тренинг сесија во Имола. Британецот го победи Оскар Пјастри за една десетинка, а Макс Ферстапен повторно е најблиску до папаја болиди.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
СТРИМОТ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ, ЗАКАЖАНИ ЗА 16:00 ЧАСОТ ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Вчера тимовите не можеа да завршат долга серија кругови на жолтите гуми поради црвени знамиња и продолжија со оваа работа во сабота наутро, а подоцна се префрлија на подготовки за квалификациите на црвените гуми, бидејќи добрата стартна позиција во Имола е од суштинско значење.
Сесијата помина мирно. Леклер и Алонсо речиси се судрија, Чарлс се подготвуваше да го започне кругот, а Фернандо веќе забрза и беше незадоволен од неочекуваната пречка.
Расел, Ферстапен, Пјастри, Норис и Хамилтон сите имаа контакт со чакалот покрај патеката. Болидите не претрпеа сериозни оштетувања, но механичарите ги прегледаа долните страни на многу од нив откако поминаа низ рабниците.
Како што беше случајот во претходните две сесии, возачите на Мекларен беа на врвот на табелата, но овој пат Ландо Норис беше за една десетинка побрз од својот тимски колега.
Оваа сезона Квалификациите се најинтересната сесија од тркачкиот викенд. Почетокот е закажан за 16:00 часот по Македонско време!
МЕКЛАРЕН ГЛАВЕН ФАВОРИТ ЗА ПОЛ ПОЗИЦИЈА
5/17/2025 10:18:00 AM
0
Share to other apps



