Оскар Пјастри ја освои Пол позицијата за Големата Награда на Емилија Ромања, трета во неговата Ф1 кариера и оваа сезона.
Макс Ферстапен ќе го дели првиот ред со него, Расел и Норис ќе стартуваат од вториот, а Алонсо и Саинц Јр. од третиот.
Само илјадити дел од секундата помеѓу двајцата Шпанци! Алонсо и Астон Мартин го направија тоа на жолтите гуми, кои беа подобрата опција за нивните болиди.
Ферари и Андреа Кими Антонели беа елиминирани во Q2 сесијата.
И ФИА имаше неколку чудни моменти во овие продолжени квалификации, кои покрај двете излетувања, беа пролонгирани затоа што стјуардите не можеа да одлучат дали Берман го поставил најбрзиот круг под црвеното знаме додека ја преминуваше целта.
Интересни квалификации, останува да се надеваме дека таква ќе биде и утрешната трка која е закажана за 15:00 часот по Македонско време.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
СТРИМОТ ОД ТРКАТА ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Имола е тешка за престигнување и стратегијата обично е ограничена на едно запирање во боксот, па затоа стартната позиција е многу важна.
Возачите на Мекларен доминираа на слободните тренинзи. Во петокот тоа беше лидерот во шампионат, Оскар Пјастри, а во саботата наутро Ландо Норис возеше за една десетинка побрзо од својот тимски колега.
Речиси сите тимови подготвија нови елементи за првата европска трка, а квалификациите ни овозможија да ги процениме промените во редоследот на табелата.
Пирели ја донесе донесе најмеката смеша во својата понуда, С6, која досега не беше користена и стана главна ѕвезда во квалификациите. На некои тимови им одговараше, некои ја сметаа за тешка за менаџирање во брзиот круг.Q1 сесијата беше прекината речиси веднаш поради големото излетување на Јуки Цунода со болидот на Ред Бул.
Јапонецот имаше проблеми со РБ21 од почетокот на викендот и во својот прв брз круг ја изгуби контролата врз болидот на почетокот од петтиот свиок, прелета низ чакалот покрај патеката, удри во заштитните бариери со задниот дел и се преврте околу својата оска, слетувајќи на тркалата.
Црвените знамиња беа веднаш развеани, а штоперицата запре на 12:13. Јуки сам излезе од болидот и беше однесен во медицински центар на преглед. Сесијата продолжи по 14 минутна пауза.
Подоцна, од Ред Бул потврдија дека Јуки е добро.
Откако сесијата беше рестартирана, патеката беше околу половина секунда побавна од она што беше видено на саботниот тренинг. Но, времињата почнаа значително да опаѓаат.
Фернандо Алонсо, со време од 1:15.695, се искачи на првото место. Џорџ Расел, кој го постави своето време по Шпанецот, заостана. Исто така и Ландо Норис, кој се пласираше на петтото место.
Макс Ферстапен имаше извонреден круг, половина секунда побрз од двократниот шампион, 1:15.175, и ги остави сите без зборови. Оскар Пјастри беше три десетинки зад времето на Холанѓанецот.
Остануваа уште пет минути. Двајцата возачи на Ферари беа под притисок. Тие не беа екстремно бавни, но нити пак можеа да ја најдат брзината потребна за да бидат во чекор со најбрзите тимови. Возачите на Астон Мартин на жолти пневматици стигнаа до трето и четврто место.
Следуваше уште еден тежок инцидент. Дебитантот во Алпин, Франко Колапинто, изгуби контрола во Тамбурело, се изврте и заврши во заштитните бариери. Аргентинецот не беше повреден, но црвените знамиња повторно беа развеани на самиот крајот од сесијата.
Берман ја помина целната линија токму кога се појави црвеното знаме со време за П10. Стјуардите долго време ја проучуваа снимката од неговата завршница и донесоа заклучок дека сесијата прво била запрена, а потоа возачот го комплетирал кругот, по што беше симнат на П19.
Ферстапен го имаше најбрзото време, додека квалификациите беа завршени за Лосон, Хулкенберг, Окон, Берман и Цунода.
Почетокот на Q2 сесијата мораше да биде одложен поради сериозниот инцидент во која беше вклучен возачот на Алпин. Така, барем, беше на почетокот. Потоа, се случи нешто речиси необично. Бортолето се пласираше во Q2 бидејќи последното време на Берман беше поништено.
На почетокот, времето на Британецот беше прифатено како валидно, но подоцна тој беше отстранет од поредокот. Но, возачот на Хас не излегуваше од болидот, а тимот протестираше против одлуката на стјуардите.
Втората сесија не продолжи сè додека ситуацијата не се реши, а траеше и подолго од очекуваното. Беше објавено дека квалификациите ќе продолжат во 16:58 часот, а Бортолето одлучи да излезе и да остане на пит-линијата, веднаш пред семафорот.
Не беа објавени никакви одлуки пред Бразилецот да излезе на пит-линијата. Дали тоа беше мерка на притисок или одлуката веќе беше донесена?
Кога се запалија зелените светла Боторолето излезе на патеката, а Берман мораше надвор од болидот и елиминиран.
Q2 започна во 16:58 часот,речиси еден час по почетокот на квалификациите. Ферстапен го постави првото време со 1:15.400, но Норис набрзо го победи неговото време. Пјастри, пак, ги победи двајцата за само 20 илјадити делови од секундата пред својот тимски колега.
Вторите брзи круга започнаа на нешто повеќе од четири минути до крајот: Строл, Гасли, Албон, Бортолето и, секако, Колапинто беа во зоната на елиминација.
Астон Мартин донесе одлука: да излезе со жолти гуми за финалната битка. Патеката беше многу подобрена во споредба со првиот обид.
Одлично време од Карлос Саинц Јр. 1:15.198. Тој ризикуваше и тоа му успеа. Неверојатен круг од страна на Шпанецот, три десетинки побрз од Албон. Фернандо Алонсо и Ленс Строл со жолтите гуми се протнаа на шестата и седмата позиција.
Елиминирани беа Леклер, Хамилтон, Антонели, Бортолето и Колапинто. Моначанецот беше бесен кога сфати дека не се пласираше во финалниот сегмент, а тифозите беа шокирани.
На почетокот од Q3 сесијата возачите на Астон Мартин стартуваа со црвените гуми. И очигледно тие не се снаоѓаа толку добро како со жолтите гуми, губејќи речиси четири десетинки во споредба времињата што ги постигнуваа во Q2.
Макс Ферстапен по првите брзи круга се пласираше пред двата болиди на Мекларен, Пјастри беше побрз од Норис. Помалку од две десетинки разлика помеѓу тројцата најбрзи возачи.
При вторите брзи кругови возачите на Астон Мартин излегоа со користени жолти гуми. Истото го направи и Расел. Тие сфатија дека C5 работи добро во Имола, нешто што веќе беше повеќе или помалку јасно на саботната тренинг сесија.
Пјастри беше првиот што го започна својот последен обид. Австралијанецот беше стабилен и брз и забележа време за една десетинка побрзо од тоа на Ферстапен, за пласман на првата позиција.
Ландо Норис беше веднаш зад него, но Британецот немаше добар круг. Макс беше многу побрз од Мекларените во првиот сектор. После тоа, не можеше да се подобри.
Пјастри беше тој што ја освои Пол позицијата, а по него следеа Ферстапен, Расел и Норис кој направи неколку грешки во последниот круг.
Супер квалификации за двајцата Шпанци. Алонсо го заврши својот последен круг на жолтите гуми, седум десетинки зад Пјастри, но сепак доволно за да се пласира на петтата стартна позиција.
Карлос Саинц Јр. беше само една илјадитинка од секундата побавен од неговиот сонародник и ќе стартува шести, непосредно пред својот тимски колега, Алекс Албон во вториот болид на Вилијамс.
Ленс Строл ќе стартува од осмата позиција, пред Хаџар и Гасли кои го комплетираа редоследот на најбрзите возачи десет возачи на денешните квалификации во Имола.
ОСКАР НА ПОЛ, ДЕБАКЛ НА ФЕРАРИ
5/17/2025 03:45:00 PM
0
Share to other apps











