Ландо Норис и многу други возачи не го комплетираа својот брз круг на црвените гуми, поради инцидентот на Оливер Берман, речиси идентичен на неговиот сонародник на минатата трка во Џеда.
Австралиецот беше за три десетинки побрз од второпласираниот Чарлс Леклер, кој исто така можеше да комплетира круг на најмеката смеша. Оливер Берман предизвика стопирање на сесијата четири минути пред нејзинитот крај.
Спринт форматот овој викенд во Мајами дава поголемо значење на оваа прва тренинг сесија. Немаше време за губење, ниту за тимовите ниту за возачите, кои требаше максимално да ги искористат 60-те, но во овој случај 56 минути.
Остатокот од викендот ќе биде поминат во вистинска акција без тренинг сесии, а следни на програмата се СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ, кои се закажани за 22:30 часот по Македонско време.
Возачите на Мекларен остануваат фаворити. Оскар Пјастри беше на врвот со три десетинки пред Чарлс Леклер и четири од Ферстапен.
Австралијанецот имаше многу добар круг што му ја донесе етикетата фаворит на спринт квалификациите.
Неговиот тимски колега, Норис, заврши на дванаесеттото место, но сесијата беше стопирана кога беше во третиот сектор од својот брз круг.
Во сектор 1 имаше 0.3 заостанување, по виолетов сектор 2 дојде со 0.12. Крајот ќе беше интересен, но...
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА МАЈАМИ











