Кими Антонели на изненадување на сите беше најбрзиот возач на Спринт Квалификациите во Мајами, победувајќи го не само Џорџ Расел, туку и возачите на Мекларен и Макс Ферстапен.
По една тренинг сесија во која доминираше Оскар Пјастри, возачите директно се насочија кон Спринт квалификациите, каде што возачите на Мекларен беа фаворити, но болидот на Мерцедес АМГ ги демонстрираше своите силни страни.
Мерцедес АМГ имаше 1-2 пласман во SQ1 сесијата, и иако Ландо Норис беше најбрз во SQ2, Кими Антонели извозе одличен круг во SQ3 и успеа да го победи Оскар Пјастри за 45 илјадитинки, а Ландо Норис за една десетинка.
Макс Ферстапен ќе стартува четврти утре, а Џорџ Расел, петти, пред болидите на Ферари. Фернандо Алонсо успеа да се пласира во SQ3 со својот Астон Мартин каде ја обезбеди десеттата стартна позиција.
Алекс Албон и Исак Хаџар го комплетираат списокот на најбрзите десет возачи на спринт квалификациите за Големата Награда на Мајами.
Тркачкиот викенд во Мајами втора последователна година се одржува во спринт формат, па така во петок имавме само еден час тренинг на кој Оскар Пјастри беше најдобар, а потоа следуваше скратена квалификациска сесија за спринтот.
Пирели донесе еден степен помеки смеши од минатата година, т.е. C3, C4 и C5 смешите беа во улога на бели, жолти и црвени гуми.
До почетокот на квалификациите, температурата на асфалтот се покачи за 10 степени во споредба со тренинг сесијата, а потоа малку се намали, што влијаеше на перформансите на гумите.
Како што се очекуваше, на почетокот на SQ1 сесијата се формираше редица во пит-линијата пред излезот од боксевите во очекување на зелените светла на семафорот.
Битката според правилата мораше да се одвива на нов сет од жолтите пневматици. Првото време од 1:29.689 го забележа Габриел Бортолето, иако очигледно немаше многу долго да опстои на врвот.
Макс Ферстапен стартуваше со 1:27.953, Карлос Саинц Јр. забележа време од 1:28.802, а Фернандо Алонсо време од 1:28.758.
Кога возачите на Мекларен се појавија на патеката, Ландо Норис се искачи на првото место со 1:27.890, а Оскар Пјастри на третото. Кими Антонели ги изненади сите неколку секунди подоцна комплетирајќи круг за 1:27.858.
Во овој случај, речиси сите возачи претпочитаа да се вратат на боксот отколку да останат на патеката, па затоа подобрувањето на патеката не беше толку големо.
Во вториот обид, Џорџ Расел леташе на патеката и комплетираше најбрз круг со време од 1:27.688, а по него следеа Кими Антонели и Алекс Албон.
Интересен беше коментарот на Тајланѓанецот кога преку тимското радио го праша својот тим: "Како е можно овој Мерцедес да се легален."
Eлиминирани беа Ленс Строл, Џек Дуан, Јуки Цунода, Габриел Бортолето и Оливер Берман.
Јапонецот во Ред Бул не можеше да ивози чист прв круг, додека за вториот истече времето и мораше да се збогува со понатамошниот настап.
По првиот сегмент со неколку изненадувања, но пред се тоа беше елиминацијата на Јуки Цунода и Ред Бул, останаа уште две сесии до крајот.
И во SQ2 сесеијата битката задолжително се одвиваше на нов сет од жолтите пневматици. Овој пат немаше брзање да се излезе на патеката.
Фернандо Алонсо беше првиот што го стори тоа, но се врати во својата гаража без комплетиран круг, што му овоможи на Макс Ферстапен да го забележи првото време од 1:27.729.
Tројца возачи беа побрзи од Холанѓанецот во неговиот прв обид. Оскар Пјастри забележа време од 1:27.354 и ги победи Ландо Норис за речиси две десетинки, а Кими Антонели за три десетинки.
Во последните минути имавме неколку подобрувања, а Ландо Норис го имаше најбрзото време од 1:27.109, победувајќи го Макс Ферстапен за една десетинка и Оскар Пјастри за две десетинки.
Карлос Саинц Јр. направи грешка во клучниот круг, блокирајќи ги тркалаат во 11-от свиок и беше единствениот возач без поставено време и пласман на П15. Останатите елиминирани беа Нико Хулкенберг, Естебан Окон, Пјер Гасли и Лиам Лосон.
За крај, следуваше битка на црвените пневматици во SQ3 сесијата, на која се дефинираше стартниот редослед на најбрзите десет возачи за утрешниот Спринт, кој е закажан за 18:00 часот по Македонско време.
Макс Ферстапен како по обичај прв излезе на патеката и ја отвори сесијата со време од 1:27.070, но Џорџ Расел излезе веднаш по него и забележа време од 1:26.791. Тие беа единствените возачи кои се решија да извозат брз круг на почетокот од овој сегмент.
Сепак, на крајот се покажа дека подобра опција беше да се почека до крајот, бидејќи Кими Антонели извозе извонреден круг со време од 1:26.482. Како што се покажа тоа беше доволно за старт од првата позиција на утрешниот Спринт, победувајќи го Пјастри за 0.045 делови од секундата, а Норис за една десетинка.
Поназад, Ферстапен, и покрај подобрувањето на своето време на 1:26.737, успеа да се пласира само на четвртата стартна позиција, пред Расел и возачите на Ферари.
Албон, Хаџар и Алонсо ги комплетираа првите 10.
БЛЕСОК НА КИМИ ЗА ПРВА СТАРТНА ПОЗИЦИЈА НА СПРИНТОТ
5/02/2025 09:23:00 PM
0
Tags
Share to other apps







