Ако за повеќето тимови домашна трка е во Силверстоун, тогаш за повеќето возачи домашна може да се смета трката во Монако.
За Чарлс Леклер тоа е вистинскиот дом, а за повеќето е место на живеење. Посетителите, се разбира, имаат тешкотии.
Во Монако речиси да нема хотели, нема аеродром, вработените во тимовите доаѓаат секое утро со воз, има страшен сообраќаен метеж по патиштата од соседната Ница и другите блиски градови и села каде што може да се сместите.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начин да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
СТРИМ ОД ТРКАТА, 15:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Пред почетокот на сесиите, градот е блокиран. Локалните жители понекогаш не можат да стигнат до најблиското место каде уживаат во утринското кафе, но во вечерните часови ограничувањата се укинати и таму каде што се одвива Ф1 акцијата, патниот сообраќај продолжува, диџеите настапуваат, фановите се дружат меѓусебно, се троши многу шампањ.
Тоалети нема премногу, па наутро патеката не е во најдобра хигиенска состојба. Но, се тоа е дел од атрактивната уникатност на настанот во Монако.
Тесната патека е целосно несоодветна за овие широки и тешки болиди. Невозможно е да се претекнува, но, затоа гледавме едни од најинтензивните квалификациите кога возачот треба да ги нападне лимитите, бидејќи стартната позиција одлучува за се.
Американците веќе не носат партнери и спонзори во Монако, оваа улога сега ја имаат Мајами и Лас Вегас, каде што има се за секој вкус. Сепак, и оваа година има многу скапи јахти во Монако, а тимовите и нивните спонзори ќе ги изнајмуваат за своите гости за да ги почестат со шампањ и да ги поканат на забава по сесиите.
Порано на Формула 1 и требаше Монако, сега на Монако му треба Формула 1 за да го потсетува остатокот од светот еднаш годишно за постоењето на мало Кнежевство на Азурниот брег.
Најмалата грешка води до катастрофални последици, моќноста на погонската единица и аеродинамичната ефикасност речиси и да немаат ефект врз резултатот, бидејќи речиси да нема место каде може да се претекнува.
Формула 1 се трка во Монте Карло од самите почетоци на шампионатот во 1950 година, кога инаугуралната трка ја освои Хуан Мануел Фанџо. Ова е најбавната патека во календарот, нема можности за претекнување, па исходот на трката во голема мера зависи од квалификациите и првиот свиок. Често се вели дека оваа трка се добива во сабота.
Големата Награда на Монако која се состои од 78 круга имаше тенденција да биде релативно едноставна од стратегиска гледна точка, како трка со едно застанување во бокс.
Двете главни варијабли што ја регулираат стратегијата се излегувањето на безбедносното возило, што е честа појава во Монако и времето.
Постои голема веројатност за излегување на безбедносниот автомобил, бидејќи бариерите се толку блиску, така што тимовите имаат за цел да ги искористат тие моменти за "брз" пит-стоп. Проблемот е што овие моменти по природа се непредвидливи.
Што се однесува до стратегијата, денешната трка ќе биде уникатна. Промените во спортските прописи воведени специјално за Монте Карло бараат употреба на најмалку три сета гуми, што значи дека сè е можно во однос на оптималните временски рамки за пит-стоп, со оглед на тоа што има многу теоретски можности, а да не зборуваме за веројатноста од појавувањето на безбедносното возило на оваа патека.
Сите три смеши ќе влезат во игра. Всушност, возачите од три тима, Ред Бул, Рејсинг Булс и Заубер, имаат само еден сет бели гуми и еден сет жолти, па затоа сигурно ќе мора да ги користат и црвените гуми за време на трката.
Знаеме колку се добри тимовите кога станува збор за искористување на секоја можност што ја нудат прописите, па можеме да очекуваме некои изненадувања, вклучително и во однос на должината на стинтовите.
Марио Изола, Пирели: "Каква квалификациска сесија! Саботата во Монако секогаш носи многу возбуда и тоа повторно беше случај. За нас беше многу интересно да видиме како ќе се покаже C6 смешата и верувам дека можеме да кажеме дека, на оваа патека, најмеката смеша во понудата за 2025 година понуди нешто екстра во однос на перформансите во споредба со C5. Дефинитивно не зборуваме за голема разлика, околу десетинка од секундата, десетинка и пол, но дефинитивно беше таму."
"Да, видовме некои возачи како користат жолти гуми во квалификациите, што потврдува дека разликата во перформансите не е толку голема, а исто така, како што видовме минатата недела во Имола, дека во некои ситуации, C5 може да понуди поголема самодоверба, нешто што добива големо значење на оваа патека."
"Вообичаено, неделата може да биде помалку возбудлива од саботата во Монако, но мислам дека овој пат можеме да очекуваме поинаква попладневна акција од вообичаената."
Во петок и сабота возачите работеа на сува патека, а не се очекуваат врнежи ниту во недела. Температурата на воздухот ќе се загрее до 19-от степен со мала облачност и со умерен јужен ветер. Веројатноста за врнежи е минимална.
Луис Хамилтон е казнет со три места на гридот за Големата Награда на Монако, што значи дека нема да стартува од 4-та, туку од 7-ма позиција. Стјуардите го казнија возачот на Ферари за блокирање на брзиот круг на Макс Ферстапен за време на квалификациите, а тоа се случи во Q1 сесијата и тоа поради вина на тимот.
Британецот се согласи со аргументите на стјуардите. Во минатото имало случаи каде еден возач попречувал друг возач откако добил неточни или нецелосни информации од тимот, а фактот дека самиот Хамилтон не бил виновен во инцидентот не се смета за олеснителна околност. Затоа, тој ја доби стандардната казна, минус три стартни позиции.
Стјуардите на Големата Награда на Монако го казнија Оливер Берман со десет старни позиции за престигнување на Карлос Саинц Јр. под црвени знамиња на вториот тренинг.
Откако ги разгледаа околностите на инцидентот, стјуардите утврдија дека возачот на Хас ги видел црвените знамиња, но верувал дека ако одеднаш забави, ќе предизвика поопасна ситуација на патеката.
Стјуардите не се согласија со мислењето на Берман и го потсетија дека правилата бараат брзината да се намали веднаш откако ќе бидат развеани црвените знамиња и дека престигнувањето во таква ситуација е забрането.
Покрај тоа што го загуби стартни позиции, на Берман му беа доделени два казнени поени. Оливер сега има четири во период од 12 месеци. Доколку се освојат дванаесет поени, следува дисквалификација на една трка.
Ленс Строл беше казнет со една стартна позиција, откако стјуардите го разгледаа неговиот судир со Чарлс Леклер на првата тренинг сесија. Дополнително, тој доби и казнен поен. Канаѓанецот сега има три во последните дванаесет месеци.
Возачот на Астон Мартин на квалификациите беше казнет со три стартни места поради блокирање на брзиот круг на Пјер Гасли при излегување од тунелот.
Сепак, Строл, кој го имаше 19-тото најбрзо време во квалификациите, нема да се откаже од својата позиција бидејќи Оливер Берман, кој доби казна од 10 места за престигнување под црвено знаме, ќе стартува зад него.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА МОНАКО ГРАН ПРИ
5/25/2025 11:14:00 AM
0
Share to other apps