Ландо Норис победи на хаотичниот спринт за Големата Награда на Мајами. Во влажни услови и со слаба видливост, стратегијата одигра своја улога бидејќи патеката почна да се суши, а Британецот беше најголемиот добитник од излегувањето на безбедносното возило.
Гледавме спринт со повеќе акција од очекуваното благодарение на дождот. Првата половина не беше особено бурна, но кога патеката почна да се суши и некои возачи одлучија да користат гуми за суво, сè се промени.
Во таа ситуација, Ландо Норис беше најголемиот добитник од излегувањето на безбедносното возило, бидејќи тој сè уште не беше влезен во бокс по гуми за суво време, а тоа му ја донесе победата во Спринтот, пред Оскар Пјастри и Луис Хамилтон, кој беше еден од најхрабрите кога стануваше збор за ставање гуми за сува патека.
Макс Ферстапен беше најголемиот губитник, откако тимот го пушти директно во Кими Антонели по излегување од боксот. Казната од 10 секунди го стави од П4 на последното место од поредокот.
Во зоната на бодови, барем засега се најдоа Алекс Албон на четврто место, Џорџ Расел, петти, пред Ленс Строл. Фернандо Алонсо беше на пат да ги освои првите поени во 2025 сезоната, но имаше инцидент со Лиам Лосон кој го остави надвор од спринтот. Оливер Берман го искористи хаосот за последното осмо место што носи еден поен.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
СТРИМОТ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН И ЌЕ БИДЕ ДОСТАПЕН ВО ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИТЕ.
На Големата награда на Мајами, која втора година се вози во Спринт формат, вчера Кими Антонели ја освои првата позиција, пред возачите на Мекларен.
Сепак, условите беа многу различни за Спринтот, бидејќи врнеше силен дожд, а патеката беше невозможна за возење.
Чарлс Леклер не можеше ни да стигне до својата стартна позиција, изгуби контрола врз својот болид и заврши во заштитните бариери покрај патеката. Ферарито имаше значителна штета и за него Спринтот беше завршен пред да започне.
Тркачкиот директор се одлучи да го започне формацискиот круг зад безбедносното возило, а со слаба видливост, по еден и пол круг се одлучи спринтот да биде стопиран и стартот се одложи за 18:28 часот.
Стартот, и покрај условите, беше прилично чист. Оскар Пјастри имаше силен спринт до првиот свиок и го престигна Кими Антонели од внатрешната страна, кој пак излета надвор од патеката и падна на четвртото место, зад возачите на Мекларен и Макс Ферстапен.
Џорџ Расел беше петти, пред Луис Хамилтон и Алекс Албон, додека Фернандо Алонсо се искачи на осмото место. За само неколку круга, Оскар Пјастри создаде значителна разлика, речиси две секунди, пред својот тимски колега и Макс Ферстапен.
Големата количина на вода ги натера многу возачи да посакаат да имаат неколку метри маргина, а борбите беа минимални во зоната на поени.
Лиам Лосон и Ленс Строл, имаа најголем напредок, секој од нив освојувајќи по пет позиции. Еден од ретките кои се осмелија да се борат на ваквата патеката беше Карлос Саинц Јр., кој имаше неколку размени на позиции со Естебан Окон во борбата за дванаесеттото место.
Спринтот стигна до својата половина, а промените во позиции беа малку поради недостаток на видливост. Како што одминуваше времето патеката забрзано се сушеше, а видливоста стануваше подобра, па неколку возачи се приближија до болидите пред нив.
Џорџ Расел, сакаше да се бори со својот тимски колега за четвртото место, Алекс Албон, кој се чинеше дека има поголема брзина се залепи зад Луис Хамилтон, кој имаше проблеми со зелените пневматици. Набрзо, тркачкиот директор се одлучи да дозволи користење на ДРС-системот.
Јуки Цунода беше првиот возач кој замина по гуми за суво време, во 11-тиот круг. Изненадувачки, тројца возачи, Луис Хамилтон, Ленс Строл и Карлос Саинц Јр. го направија истото во следниот круг, а во 13-тиот веќе беше гужва во боксевите.
При тоа механичарите на Макс Ферстапен директно го ослободија во болидот на Кими Антонели, кој не успеа да влезе во својот бокс по нови гуми.
По излегување на патеката со суви гуми, Карлос Саинц Јр. имаше контакт со ѕидот покрај 14-от свиок и беше принуден да се откаже од спринтот поради оштетување на неговиот Вилијамс.
Во следниот круг спринтот беше завршен и за Фернандо Алонсо. Во битката за поени Лиам Лосон го допре болидот на Шпанецот, по што тој заврши во заштитните бариери. На патеката излезе безбедносното возило.
Ландо Норис ја имаше најголема корист од ова, бидејќи беше единствениот што не беше влезен во бокс, па откако доби гуми за суво време под безбедносното возило на патеката се врати на првото место.
Спринтот не беше рестартиран, па Ландо Норис победи благодарение на тоа што остана на патеката подолго од кој било друг. Оскар Пјастри заврши втор, а Луис Хамилтон, со ризична стратегија, трет.
Макс Ферстапен пропушти поени по казната од десет секунди за небезбедно ослободување, па Алекс Албон финишираше на заслужено четврто место, пред Расел, Строл, Лосон и Берман.
Четири инциденти се под истрага по спринт трката, од кои некои би можеле да влијаат на освојувачите на поени: Албон (четврти) - инцидент со безбедносно возило, Лосон (седми) - судир со Алонсо, Берман (осми) - небезбедно излегување од бокс, Леклер (без старт) - возење небезбеден болид.
НОРИС ПОБЕДНИК НА ВЛАЖНИОТ И ХАОТИЧЕН СПРИНТ ВО МАЈАМИ
5/03/2025 05:28:00 PM
0
Share to other apps






