Мајами ја продолжи низата на блиски битки во квалификациите за Пол позицијата на неделната трка, и ги потврди врвните возачки способности на Макс Ферстапен, кој ја освои својата трета пол позиција во сезоната.
Холанѓанецот беше маестрален, победувајќи го семоќниот Мекларен, чии возачи не може да го испорачаат маскимумот кога е најпотребно. Вилијамс беше позитивно изненадување на квалификациите со Карлос Саинц Јр. на шестата, а Алекс Албон на седмата стартна позиција, пред двата болиди на Ферари.
Холанѓанецот повторно го извлече максимумот од својот RB21, можеби дури и малку повеќе, за да се позиционира како најбрзиот возач досега. Тој ги победи своите главни ривали, двата возачи на Мекларен, како и извонредниот Кими.
На Норис му недостигаа само 65 илјадити делови, а на Антонели му недостигаа 67! Оскар Ојастри не беше на своето препознатливо ниво, па мора да се задоволи со старт од 4-тата позиција, за малку пред Џорџ Расел кој заостана само 10 илјадитинки.
Досега тркачкиот викенд во Мајами беше доста интересен. Изненадувањата започнаа уште во петокот, кога спринт квалификациите ги освои младиот италијанец во тимот на Мерцедес АМГ, Кими Антонели.
Спринт се одржа на патека што се сушеше и со многу инциденти и казни, а заврши со еден-два победа за Мекларен и трето место за Хамилтон. Публиката го чекаше продолжението.
Почетокот на спринтот беше одложен поради временските услови, што имаше за последица 15 минутно одложување на вистинските квалификации.
Тимовите ги поправија оштетените болиди и во 22:15 часот по Македонско време семафорот на излезот од пит-линијата светна зелено.
Асфалтот до овој момент беше целосно исушен, но Хард Рок стадионот повторно беше опкружен со облаци, но дождот паѓаше некаде во далечината.
На почетокот од Q1 сесијата сите болиди почнаа да се редат на пит-линијата, за што поскоро да бидат на патеката. Албон влезе во пит-линијата веднаш пред болидот на Хаџар, принудувајќи го Исак да застане и да го пропушти својот ривал да помине.
Стјуардите го разгледаа инцидентот по квалификациите. Битката се водеше на црвените гуми.
Норис ги поткачи заштитните бариери на излегување од 16-от свиок, но без да предизвика никаква штета на својот болид. Гасли беше попречен од сообраќајот во последниот брз круг.
Макс Ферстапен беше на врвот на табелата, а сите возачи освен Берман беа во разлика од секунда зад лидерот. Хулкенберг, Алонсо, Гасли, Строл и Берман испаднаа од понатамошниот тек на квалификациите.
Карлос Саинц Јр. ја започна Q2 сесијата со второ најбрзо време, две десетинки зад Ферстапен. Вилијамс се покажа во добро светло, а брз беше и Алекс Албон.
Но, недостасуваа возачите на Мекларен. Во овој прв обид, Пјастри беше прв, две десетинки пред Норис.
Антонели се забавуваше добро во овој прв предизвик. Расел не можеше да го стори истото, бидејќи не можеше да има конкурентно време со користениот сет на црвените гуми.
Со три минути до крајот, на ред беа вторите обиди на возачите. Пјастри беше на првата позиција и беше човекот што требаше да се победи, иако вистинската борба беше зад него, па тој реши да не излегува на патеката.
Возачите на Мекларен имаа загарантиран билет за Q3, но Вилијамс стана главен конкурент на Ферари во овој случај, а Хамилтон не успеа да се пласира во финалниот сегмент.
Тој ќе стартува од 12-ти, веднаш откако заврши трет во Спринтот одржан пред само неколку часа. Саинц Јр. го освои шестото место, две десетинки зад Ферстапен и пред Албон.
Цунода и Окон исто така имаа добри кругови и го потврдија своето место во Топ 10 пресметката.
Хаџар, за 20 илјадитинки, Хамилтон, Бортолето, Дуан и Лосон не можат да го направат истото и не го добија својот билет за Q3.
Изедначеноста беше максимална. Можеби на овие квалификации во Мајами ја имавме најблиската битка во сезоната. Затоа, немаше време за губење во последните 12 минути од квалификациите.
Првиот сектор беше силната страна на Ред Бул, нешто што беше очигледно во текот на целиот викенд. Но, Макс не попушти ни во останатите сектори, што му ја донесе привремената Пол позиција со 1:26.492.
Ландо Норис беше три илјадити зад него, а Пјастри 17! Зборувавме за изедначеност, а овој резултат беше врвен доказ за тоа.
Антонели беше четврти, а по него следеа Албон, Расел, Саинц Јр., Окон, Цунода и Леклер, кој единствен немаше време по првите обиди.
Последниот обид на Ферстапен беше прекрасен за гледање. Еден од оние што ги прикажувате по квалификациите како лекции како тоа треба да се изведе. Тоа беше доволно за нова Пол позиција.
Неговата трета оваа сезона, веднаш пред Норис, неговиот главен ривал, или барем еден од нив, во борбата за титулата.
Кими Антонели, на кого се чини дека оваа патека му "легна" се најде меѓу двајцата возачи на Мекларен на третата стартна позиција. Пјастри беше четврти, пред Џорџ Расел со вториот Мерцедес АМГ.
Посебни пофалби за возачите на Вилијамс. Саинц Јр. ја освои брилијантната шеста стартна позицја, пред својот тимски колега Алекс Албон. Леклер, Окон и Цунода ги комплетираат најбрзите 10 возачи на денешните квалификации со Мајами.
МАЈСТОРСКА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ЗА МАКС ФЕРСТАПЕН
5/03/2025 09:55:00 PM
0
Share to other apps






