Мекларен уште еднаш покажаа дека се чекор пред останатите, забележувајќи двојна Победа на Големата Награда на Мајами.
Оскар Пјастри и Ландо Норис успеаја да го престигнат Макс Ферстапен на патеката со навредлива супериорност, па 1-2 финишот беше неизбежен. Џорџ Расел го комплетираше подиумот, искористувајќи го виртуелното безбедносно возило.
На оваа трка се гледаше дека Ферстапен не може да држи чекор со Мекларените, а дождот можеше да биде негов голем сојузник, но тој не дојде и четирикратниот шампион не беше во можност да ги запре MCL39-ките, кои денес се движеа како авиони.
Пјастри беше похрабар во дуелот со Макс, а на Норис му требаше подолго време да се ослободи од Холанѓанецот, па Австралијанецот се здоби со значителна предност пред својот тимски колега, 8 секунди, што му ја овозможи неговата трета последователна Победа, шеста во Формула 1.
Неговата предност во генералниот пласман се зголеми на 16 поени.
Понатаму, виртуелното безбедносно возило беше благодет за Џорџ Расел, а катастрофа за Макс Ферстапен, кој чувајќи се од Кими Антонели, беше престигнат од Џорџ Расел низ боксевите за пласман на подиумот.
Алекс Албон за 5-тото место ги победи возачите на Ферари и Кими Антонели кој како и Ферстапен немаше среќа со воведувањето на виртуелното безбедносно возило.
Карлос Саинц Јр. го обезбеди деветтото место, а Јуки Цунода и покрај казната од 5 секунди за пребрзо возење во боксевите го освои последниот достапен поен на оваа трка.
Шеста трка од 2025 сезоната беше Големата Награда на Мајами. Обично не е најзабавната трка во годината, но вчера, со доаѓањето на дождот, спринтот се претвори во хаос.
Денес, заканата од дожд беше присутна, но тој дојде порано, а за време на трката имавме сув асфалт. Во тој случај од Пирели предвидоа стратегија со еден пит-стоп.
Макс Ферстапен имаше добар старт, но ги блокираше тркалата во првиот свиок и му даде шанса за напад на Ландо Норис во вториот. Холанѓанецот жестоко ја бранеше внатрешната страна, па Британецот мораше надвор од патеката, по што падна на шестото место.
Кими Антонели се искачи на второто место, пред Оскар Пјастри, Џорџ Расел и Алекс Албон. Карлос Саинц Јр. падна на седмото место.
Џек Дуан заработи дупната гума по судирот со Лиам Лосон и мораше да го паркира својот Алпин. Тркачкиот директор одлучи да воведе режим на виртуелно безбедносно возило.
Трката беше рестартирана за брзо време, а Макс Ферстапен имаше повеќе од една секунда предност во однос на Кими Антонели, кој брзо беше престигнат од Оскар Пјастри во11-от свиок. Ландо Норис исто така брзо го помина Алекс Албон.
Карлос Саинц Јр. исто така го помина својот тимски колега во петтиот круг. Кратко потоа, во седмиот круг, Ландо Норис го престигна Џорџ Расел и се насочи кон Кими Антонели, кого го престигна во деветтиот круг.
Двата Мекларена веќе го следеа Макс Ферстапен, а возачите на Мерцедес АМГ беа под закана од болидите на Вилијамс. На тимските радија се дискутираше за можното доаѓање на дождот.
Оскар Пјастри веќе подолго време беше во можност да го користи ДРС-системот во биткта со Макс Ферстапен, а зад него, Ландо Норис забрзано ја намалуваше разликата до нив.
Карлос Саинц Јр. имаше интензивна битка со Џорџ Расел, кој се обидуваше со сите сили да ја задржи својата позиција.
Борбата помеѓу Ферстапен и Пјастри беше многу убава за гледање. Имаше неколку обиди за претекнување од деветтиот круг па натаму, а Холанѓанецот се бореше со сите сили, но Австралијанецот беше маестрален во 14-тиот круг, натерувајќи го Макс да погреши на сопирање во првиот свиок, и го презеде водството.
Исто така и Ландо Норис веќе беше залепен зад болидот на Ред Бул, но му требаше релативно долго време да го престигне Макс, дополнителни 4 круга, што му озвоможи на Оскар да избега нешто повеќе од осум секунди.
Оттогаш, болидите на Мекларен почнаа да го наметнуваат своето неверојатно темпо. Малку по малку, предноста на Пјастри и Норис во однос на Ферстапен растеше сè повеќе.
Антонели и Расел се обидоа да останат блиску до Холанѓанецот, додека Чарлс Леклер се приближи до Карлос Саинц Јр. кој го изгуби шестото место од својот тимски колега.
Понатаму, Луис Хамилтон и Естебан Окон ни дадоа одлична битка за десеттото место.
Влегувањето во боксевите го започнаа Кими Антонели и Карлос Саинц Јр. на крајот од 25-от круг, по што следуваа Макс Ферстапен и Алекс Албон и Јуки Цунода еден круг подоцна во 27-от круг.
Следува откажување на Ферари ПЕ во болидот на Оливер Берман, кој мораше да го паркира болидот покрај патеката, по што следуваше нов период на виртуелното безбедносно возило.
Тоа добро им дојде на возачите на Мекларен, Џорџ Расел, Чарлс Леклер, Луис Хамилтон, кои ја искористија можноста да имаат скратен пит-стоп и да добијат на време. Џорџ Расел го доби трето место на Ферстапен.
По застанувањата во боксот, Мекларените беа во друга лига, сега со Џорџ Расел зад нив, пред Макс Ферстапен и Алекс Албон, кој го престигна Кими Антонели. Карлос Саинц Јр. го престигна Чарлс Леклер во првиот свиок за седмото место.
Неколку круга подоцна, во 33-от круг, уште едно виртуелно безбедносно возило, поради откажување на уште една Ферари ПЕ, овој пат во болидот на Габриел Бортолето.
При рестартирањето на трката, Карлос Саинц Јр. се најде во небрано и беше претекнат од двата болиди на Ферари во првиот свиок.
Тука започна драмата во тимот на Ферари. Луис Хамилтон на побрзите жолти гуми, беше веднаш зад Чарлс Леклер кој сега беше на белите.
Беше очигледно дека, Луис има поголема брзина, а стратезите на Ферари се двоумеа дали да наредат смена на позиции.
"Ова не е добра тимска работа", се пожали Британецот на тимското радио.
Беа потребни неколку кругови, Ферари да донесе одлука и побара промена на позициите од своите возачи.
Но, Луис Хамилтон, кога имаше чиста патека пред себе, исто така немаше многу поголема брзина од својот тимски колега и се чинеше дека не е во позиција да го стигне Кими Антонели.
Во меѓувреме, напред имаше две потенцијални битки на хоризонтот.
Ландо Норис возеше навистина брзо во последниот дел од трката и се доближи на четири секунди од својот тимски колега на десет круга до крајот, а Макс Ферстапен се доближи под две секунди зад Џорџ Расел.
На крајот, тие битки никогаш не се случија, па предната група остана досадна до финишот.
Победа за Пјастри со 1-2 пласман за Мекларен и Расел на подиумот, додека Ферстапен заврши четврти, а Албон ги победи Антонели и возачите на Ферари за да го освои петтото место.
Следуваа возачите на Ферари кои, патем, во 52-от круг повторно ги сменија позициите.
Карлос Саинц Јр. имаше жесток дуел со Хамилтон во претпоследниот свиок, но не можеше да му го земе 8-то место. Јуки Цунода го комплетираше списокот на освојувачи на поени.
МЕКЛАРЕН БЕШЕ НЕПОБЕДЛИВ ВО МАЈАМИ
5/04/2025 09:32:00 PM
0
Share to other apps










