Трката во Мајами секогаш се издвојува во календарот на Формула 1. Тоа е местото кое треба да го замени гламурот на Монте Карло и место за потпишување на многу спонорски договори. Но, трката во Лас Вегас доби статус на милениче кај Либерти медиа.
Ова е првата соло трка од минатогодишната трка за Големата Награда на Канада, а не дел од серија од две или три трки по ред.
Тимовите ја користат паузата за да ги ажурираат своите болиди за европскиот дел од сезоната, кој оваа година започнува за две недели во Имола.
Откако ја купи Формула 1, Либерти Медиа речиси веднаш почна да зборува за зголемување на бројот на трки кои ќе се одвиваат на американско тло.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
СТРИМОТ ОД ТРКАТА ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН И ЌЕ БИДЕ ДОСТАПЕН ВО ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИТЕ.
Во 2016 година, извршниот директор Грег Мафеј ги наведе приоритетите, монетизација на дигитални преноси, проширување на календарот и долгорочни договори за домаќин на трки во Мајами и Лас Вегас. Ветено, исполнето.
Мајами е најголемата метрополитенска област во југоисточниот дел на САД и еден од најважните финансиски центри.
Најпрво беше планирано да се одржи трка низ улиците на Мајами, но градските власти не сакаа да помогнат во организација и финансиска подршка. Одлуката за реализација на проектот беше неколку пати одложувана.
Во есента 2019 година, во областа каде што се наоѓа стадионот Хард Рок, се појави нов проект за изградба на патека, независен од градските власти. Сопственикот на стадионот Стивен Рос беше подготвен да ја финансира изградбата и трошоците за одржување на трката.
Но, организаторите веднаш беа тужени, од најразлични организации и граѓани. Во Америка адвокатите заработуваат најмногу во целиот свет! Конфигурацијата на патеката мораше да се промени, ограничена само на територијата на стадионот. Таа повеќе не излегуваше во градот, а времето за одржување на трките беше забрането да се поклопува со локалните настани.
На 18 април 2021 година, Големата Награда на Мајами беше официјално вклучена во календарот за 2022 година.
Договорот беше потпишан за период од десет години, а непосредно пред почетокот на годинешниот тркачки викенд доби продолжување до 2041 година. Формула 1 останува во Мајами уште многу години.
Мајами интернационалниот автодром е слична патека со таа на Алберт Парк во Мелбурн. Патеката е од привремен карактер, а нејзината изградбата започна во летото 2021 година.
Должината на патеката е 5.41 километар, кругот вклучува 19 свиоци (12 леви и 7 десни), три правци и три ДРС зони. Максималната брзина е над 340 км/ч. Проектот вклучува три места каде што е можно претекнување, и тоа на влез во 1-от, 11-от и 17-от свиок. Нешто што во пракса се покажа помалку остварливо.
Помеѓу свиоците 13 и 17 има елевациски промени, каде патеката се спушта и се издигнува додека минува неколку слепи вртења, замислени од дизајнерите на патеката како "генератори на грешки".
Важно е да се обезбеди ефикасно забрзување во делниците каде бавните свиоци се претвораат во долги правци. Патеката е замислена да ја фаворизира максималната брзина, бара мало ниво на потисна сила и голема моќност на погонската единица. Сепак, гумите на Пирели може да играа улога во овие поставки.
Оптоварувањето на сопирачките е просечно, три зони на сериозно сопирање кои се поврзани со сегменти со средна брзина, каде што сопирачките имаат време да се изладат.
Со Големата Награда на Мајами завршува серија од шест "гостински" трки, за две недели Формула 1 ќе се врати во Европа, каде што распоредот ќе стане уште погуст и напорен.
Ситуацијата во шампионатот по пет трки е исклучително интересна. Мекларен имаат јасна предност во Шампионатот на конструктори, но во пласманот на возачи првите двајца се одвоени само со девет бода по спринтот, а денес на трката се освојуваат поголемиот дел од поените планираниз за Мајами.
Минатата година Макс Ферстапен водеше во сите сесии во Мајами, но трка ја доби Ландо Норис, кој ја забележа својата прва победа во кариерата.
Британецот веќе има победа на првата трка во Австралија, но неговиот колега Пјастри има три победи и водство во генералниот пласман кај возачите.
Внатрешното ривалство во Мекларен добива на интензитет, при што ривалите очекуваат Норис и Пјастри да си одземаат поени еден од друг, додека останатите се обидуваат да ги направат своите болиди побрзи.
Ова е втора трка од сезоната со спринт формат. Трката е закажана за 22:00 часот по Македонско време.
Како што беше случај минатата година, најбрзата стратегија на трката е со едно застанување во бокс, почнувајќи со жолти и премин на белите гуми помеѓу круговите 19 и 25. Спротивната опција со старт на бели, предвидува нивна замена со жолти помеѓу 32 и 38 круг.
Третата верзија е со две застанувања во бокс, и тоа старт на жолти пневматици и префрлување на белите помеѓу 12 и 18 и 34-40 круг. Алтернатива е старт на црвени и нивна промена по 8-14 круга, по што следуваат два завршни стинта на бели гуми, нивна промена по втор пат во периот од 31-37 круг.
Тимовите ќе треба да ја разгледаат големата веројатност за излегување на безбедносно возило, доколку дојде со некој инцидент на патеката и правилно реагирање на истиот.
Марио Изола, Пирели: "Многу интензивна квалификациска сесија, со многу мали разлики во борба за првите стартни редови. Првите тројца возачи, од три различни тима, беа одвоени во само 67 илјадити делови од секундата."
"Спринтот исто така беше полн со акција, главно поради времето. Силниот дожд што врнеше пред почетокот значеше дека зелените гуми беа единствениот избор. Откако почна да се појавува сува линија, овие гуми почнаа многу да се трошат, особено предните десни, а времињата на круговите станаа значително побавни."
"Преминувањето на гуми за сува патека се покажа како вистински избор, до тој степен што на крајот сите возачи се одлучија за промена на гумите, вклучувајќи ги и тие на врвот, кои изградија добра разлика во однос на своите гонители."
"Ова може да биде фактор што треба да се земе предвид доколку повторно врне за време на трката. Во таа ситуација, возачите ќе мора да бидат многу внимателни во менаџирањето со интермедиа гумите."
"Ако трката се вози на сува патека, малата количина на собрани податоци, служи само за консолидирање на стратешките прогнози од пред викендот. И покрај преминот кон еден чекор помеки смеши за разлика од 2024 година, едно застанување во бокс на хартија е најбрзата опција, со жолти и бели гуми како очигледни избори."
"Девет од десетте тима, со исклучок на Рејсинг Булс, задржаа два сета бели гуми по возач, но не со намера да ги користат двата во трката, туку за да имаат резервна опција во случај на излегување на безбедносното возило или развејување на црвени знамиња, нешто што е многу веројатно на оваа патека."
По завршување на квалифициите за Големата Награда на Мајами, во тимот на Алпин се решија да ги променат поставките на амортизацијата на болидот на Пјер Гасли.
За да го направат тоа, механичарите на тимот мораа да ги прекршат правилата на затворениот паркинг, па како казна, Гасли ќе стартува од пит-линијата.
Во квалификациите, Пјер ја обезбеди осумнаесеттата позиција, па казната практично нема да има поголем ефект.
Трката ќе започне во 16:00 часот по локално време, 22:00 по македонско. Временската прогноза најавува околу 27 степени и налети на ветер на кој новите болиди се многу сензитивни. Веројатноста за обилни врнежи и грмотевици е 40-50%.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА МАЈАМИ ГРАН ПРИ
5/04/2025 05:10:00 PM
0
Share to other apps









