Џорџ Расел го забележа најбрзото време на првиот тренинг за Големата Награда на Австрија, каде што Алекс Дан импресионираше со четврто место во болидот на Мекларен.
Младиот Ирец беше блиску зад Оскар Пјастри, кој заврши трет, веднаш зад Макс Ферстапен на второто место.
За прв пат по четири години, имаме тркачки викенд без спринт формат на патеката во Шпилберг.
Оваа промена во форматот придонесе Мекларен и Ферари да им дадат шанса на нивните млади возачи, па Алекс Дан и Дино Бегановиќ ги возеа болидите на Ландо Норис и Чарлс Леклер, соодветно.
На оваа тренинг сесија Ферари го тестираше новиот под, на болидот на Хамилтон, но не можеа да ја поминат целата зацртана програма.
Луис Хамилтон по првите кругови на патеката, кога го возеше својот прв брз круг, се појавија проблеми со менувачот, што го принуди британецот да се врати во својата гаража.
Иако победија минатата година, Австрија, теоретски не беше идеална патека за Мерцедес АМГ.
Но, сребрените стрели силно го започнаа првиот тренинг и беа најбрзи на белите гуми. Тие беа едни од ретките што ги испробаа овие гуми, како и двајцата возачи на Заубер, Јуки Цунода и Франко Колапинто.
Вилијамс и Саинц Јр. исто така имаа добар почеток, и околу половината од сесијата го презедоа врвот на табелата, но тоа траеше неколку минути.
Двајцата возачи на Мерцедес АМГ набрзо излегоа на црвените гуми, па Џорџ Расел го подобри најбрзото време за две десетинки, додека Кими Антонели беше една десетинка побавен од Шпанецот.
По возачите на Мерцедес АМГ, многумина го следеа нивниот пример и ги мотираа најбрзите црвени гуми на Пирели. Пјер Гасли и Габриел Бортолето забележаа многу добри времиња и се пласираа меѓу првите пет.
Времето на Расел остана како репер, а Макс Ферстапен и Оскар Пјастри се приближија на 65, т.е. 155 илјадитинки.
На оваа сесија мора да се издвои настапот на Алекс Дан, кој заврши четврти, помалку од една десетинка зад својот тимски колега, Оскар Пјастри. Тој беше едно од неочекуваните имиња на врвните места, како Гасли и, особено, Бортолето.
Тимот на Вилијамс беше веднаш зад нив, со Алекс Албон на седмото и Карлос Саинц Јр. на осмото место, но времето на шпанецот беше на жолтите гуми. Хамилтон успеа да надомести за тешката сесија за Ферари, поставувајќи го деветтото најбрзо време, а Исак Хаџар беше десетти.
Краткиот круг на Ред Бул Ринг беше поминат за само 65 секунди, оставајќи го целиот поредок, со исклучок на Оливер Берман, во разлика под една секунда.
Во последните минути, тимовите се вратија на подолги стинтови, а на патеката имаше и неколу капки дожд, кои не ја попречија акцијата на патеката.
Во Австрија во ова време од годината, може да биде жешко или да врне пороен дожд, а ова е дел од променливите временски услови што се јавуваат секоја година во Шпилберг.
ЏОРЏ НАЈБРЗ НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ, НО ЅВЕЗДАТА НА ДЕНОТ Е АЛЕКС ДАН
6/27/2025 01:21:00 PM
0
Share to other apps