Ландо Норис беше најбрз, победувајќи ги Оскар Пјастри за 15 и Макс Ферстапен за 31 стотинка.
Изненадување на сесијата беше Ленс Строл со четвртото најбрзо време, четири десетинки зад најбрзото време на Ландо Норис.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
АКЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА УТРЕ. СТРИМ ОД САБОТНИОТ ТРЕНИНГ - 12:30 MK, И КВАЛИФИКАЦИИТЕ - 16:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По првата тренинг сесија во која доминираше Џорџ Расел, втората сесија започна со "полеплив" асфалт и температура од 38 степени. Немаше време за губење на Ред Бул Ринг, па многу возачи, предводени од Франко Колапинто, се упатија кон излезот од боксевите, веднаш штом се вклучија зелените светла на семафорот.
Аргентинецот постигна време од 1:08.158. Во првата третина од сесијата, одредени возачи стартуваа со жолтите гуми на Пирели, додека за другите изборот падна на белите гуми.
Оскар Пјастри стартуваше со просечно време од 1:06.673, додека Кими Антонели беше најбрз во својот прв круг, со време од 1:06.202. Во вториот круг, Оскар Пјастри го освои првото место со 1:06.129 на белите гуми.
Прв што падна на 1:05 беше Ландо Норис, победувајќи го својот тимски колега за две десетинки, но на жолтите гуми. Возачите на Ферари започнаа многу мирно, а Макс Ферстапен трпеливо чекаше во гаражата.
Патеката се подобруваше како што напредуваше сесијата и Ландо Норис успеа да се спушти на 1:05.437, a Пјастри заостануваше една десетинка со белите гуми.
Макс Ферстапен, по речиси 13 минути во својата гаража, излезе директно на црвени гуми и, во својот прв круг, постигна време од 1:05.654 со што се искачи на второто место.
Возачите на Ферари се мачеа на патеката, Хамилтон како по обичај не се чувствуваше удобно во болидот, а Леклер имаше мало излетување од патеката во шестиот свиок.
Во втората третина од сесијата, црвените гуми беа во центарот на вниманието.
Џорџ Расел беше првиот што ги монтираше, по Ферстапен, и, изненадувачки, не го победи времето на Норис, 1:05.471 за возачот на Мерцедес АМГ.
Некои возачи, како на пример, тие на Вилијамс, не се подобруваа со црвените гуми.
Џорџ Расел во вториот обид се подобри, и, со време од 1:05.229, се искачи на првото место.
Сепак, кога возачите на Мекларен се појавија кратко потоа со црвени гуми, беа убедливи и ги запоседнаа првите две места со 1:04.580 за Ландо Норис и 1:04.737 за Оскар Пјастри.
Најизненадувачко е што Ленс Строл, во својот прв круг на меките гуми, заврши трет, само четири десетинки зад Норис, додека Фернандо Алонсо беше седми со една секунда зад лидерот.
Макс Ферстапен многу подоцна од останатите повторно се обиде на црвените гуми и забележа време со кое се искачи на третото место. Но, никој не можеше да ги запре возачите на Мекларен, и тие ја завршија квалификациската симулација на првите две места.
Чарлс Леклер беше 5-ти, пред Џорџ Расел и Јуки Цунода на седмото место. Следуваа Габриел Бортолето и Фернандо Алонсо, кој беше полош од својот тимски колега, но беше подобар од Хамилтон на десеттото и Антонели на единаесеттото место.
Откако беа завршени квалификациските симулации, тимовите повторно се фокусираа на долги стинтови и пронаоѓање на вистинските поставки на болидите за неделната трка.
ПРИЈАВЕНИ НАДГРАДБИ ВО ШПИЛБЕРГ