Вилијамс направи одличен потег за својата иднина. Договорот на нивниот тимски шеф, Џејмс Воулс, е обновен на повеќе години.
Неговото доаѓање во тимот од Гроув беше потврдено пред две години, и оттогаш тој е активен дел од реконструкцијата на тимот. Денешното соопштение јасно става до знаење дека неговото лидерство ќе продолжи.
Продолжувањето на договорот, чиј точен рок не е откриен, гарантира стабилност и стратешко водство за тимот кој влезе во нова ера со обновени амбиции.
Тој пристигна во 2023 година од Мерцедес АМГ, каде што освои девет титули кај конструкторите и тимот забележа над 120 победи. Неговата вредност се докажа со текот на времето.
Неговата мисија во Вилијамс е јасна, а тоа е да го врати тимот на победничките патеки. Задачата не е лесна. Откако пристигна во Гроув, Воулс предводеше длабока внатрешна трансформација.
Британецот, кој утре ќе го прослави својот 45-ти роденден, со продолжување на договорот и во наредните сезони, ја обезбеди потребната стабилност на личен и тимски план.
"Во текот на изминатите две години, се фокусиравме на средување на основите на тимот, па сега имаме платформа врз која ќе градиме во годините што доаѓаат. Воодушевен сум што потпишав нов договор со Вилијамс Рејсинг, тим во кој се чувствував како дома од моментот кога влегов низ вратата."
"Овој историски тим веќе ми даде неверојатни спомени и сите сме обединети во нашата амбиција да ја продолжиме нашата историја и повторно да освојуваме шампионати."
Доаѓањето на Карлос Саинц Јр. во тимот од Гроув им даде извонредна возачка постава, па тој и Алекс Албон се способни за врвни резултати, што го покажаасо освојување на вкупно 55 поени по девет трки оваа сезона. Ова е веќе повеќе отколку што заработија во претходните три сезони.
Од своја страна, Метју Севиџ, претседател на Дорилтон Капитал и Вилијамс Рејсинг, го поздрави продолжувањето на договорот на Воулс.
"Воодушевени сме што Џејмс потпиша нов договор со Вилијамс Рејсинг и ја посвети својата иднина на завршување на мисијата што ја преземаме заедно. Тој донесе искуство, енергија и стратешко водство во задачата да го врати Вилијамс на највисокото место на подиумот."
"Сè уште не сме таму, но можеме да го почувствуваме моментумот што го градиме во Гроув и сме возбудени за она што."
ОФИЦИЈАЛНО: ЏЕЈМС ВОУЛС ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО ВИЛИЈАМС
6/19/2025 08:25:00 PM
0
Share to other apps