Во интервју за холандското списание Формула 1, Макс Ферстапен наведе шест патеки кои засекогаш би требало да останат во календарот, и уште една која не е на листата.
"Формула 1 посетува сè повеќе земји кои плаќаат многу пари за да бидат домаќини на трки, каде што нема култура на мотоспортот. Ги разбирам причините. На крајот на краиштата, се надевате дека и културата на мотоспортот во овие земји ќе се развие, но ако требаше да направам календар, тој би изгледал многу поинаку и би вклучувал помалку трки."
"Според мене, има неколку патеки кои го заслужуваат свој статус и секогаш треба да бидат во календарот, од чисто спортски причини: СПА-Франкоршамп, Зандворт, Силверстоун, Имола, Сузука и Интелагос."
"Исто така ми се допаѓа Нирбургринг Нордшлајфе, но модерните Ф1 болиди веројатно не можат да се тркаат таму. Со брзината на GT3 автомобилите, тоа е нормално и сосема изводливо."
"Од време на време наидувам на стари снимки од Формула 1 болиди на Нордшлајфе, од кои можам со сигурност да кажам дека тоа никогаш повеќе нема да се случи. Премногу е опасно."
ОМИЛЕНИТЕ ПАТЕКИ НА МАКС ФЕРСТАПЕН
6/19/2025 01:08:00 PM
0
Share to other apps